Во Шведска во еден ден над 100 починати од коронавирус

Повеќе од сто лица заразени со коронавирус починале во последните 24 часа во Шведска, според бројките објавени денеска во 14 часот од шведската здравствена агенција.

Земјата, со население од 10,3 милиони што спроведува поблаги мерки за борба против вирусот, сега има 7693 заразени и 591 смртни случаи, многу поголема смртност од нејзините нордиски соседи.

Но, агенцијата посочува дека од 114 нови смртни случаи забележани денеска, некои се однесуваат на ревидираната бројка за последните денови.

Минатата недела Андерс Тегнел, инфектолог во Агенцијата за јавно здравје, рече дека кривата на бројот на заразени лица, која досега е релативно рамна, почнува да расте бидејќи здравствените служби предупредуваат за недостаток на опрема и персонал.

Тегнел денеска изјави дека забележал мал пад на бројот на нови случаи во последните неколку дена, но додаде дека е рано да се каже дали епидемијата достигнала врв.

Во скандинавската монархија не постојат ограничувања за движење во борбата против епидемијата, како што е во другите европски земји. Владата ги повикува сите граѓани да бидат „одговорни“ и да ги слушаат препораките на здравствените органи.

Досега построгите забрани вклучуваат забрана за собирање на повеќе од 50 лица и забрана за посети во домови за пензионери.

Начинот на кој оваа земја се справува со здравствената криза предизвикува критики на национално и меѓународно ниво, но владата ги отфрла сите обвинувања за неактивност.

„Не, не постапуваме во Шведска како ништо да не се случува“, им рече министерот за здравство Лена Халенгрен на странските новинари во Стокхолм во четвртокот.

притисни ентер