Во Шведска е најавен построг закон за имиграција

Шведска претстави закон за заострување на правилата за постојаната имиграција, со што трајните се прогласуваат за привремени мерки, воведени за време на миграциската криза во 2015 година, за да се ограничи приливот на бегалци.

Законскиот план на социјалдемократската влада во коалиција со Зелените, треба да го замени привремениот закон што важи од 2016 година и да се продолжи во 2019 година, поради недостаток на консензус за постојан закон.

Според планот, бегалците би добиле дозвола за престој во траење од три години, што може да стане дозвола за постојан престој доколку исполнуваат одредени услови како што се познавање на шведскиот јазик и доволен приход.

Во однос на своето население, Шведска е земја на Европската унија која прифати најмногу бегалци во 2015 година со повеќе од 160.000 пристигнувања, меѓу кои има и бројни Сиријци.

За десет години, земјата со 10,3 милиони жители обезбедила азил и овозможила обединување на семејствата за 400.000 луѓе, според центрите за имиграција.

Како што расте антиимиграциската партија, шведските демократи, главните партии во Шведска, вклучително и социјалдемократите на власт, направија пресврт кон построги политики во последните пет години, што резултира со намалување на бројот на дозволи за престој.

„Со овој план, Шведска повеќе не е мамка за барателите на азил како што беше во 2014 и 2015 година“, рече социјалдемократскиот министер за миграциски работи Морган Јохансон.

Тој денеска го бранел планот што „гарантира одржлива регулаторна рамка на долг рок и гарантира дека принципот на ограничени дозволи за престој не предизвикува несразмерни ефекти“.

„Овие основни правила се во согласност со оние во повеќето други земји на Европската унија“, рече тој на прес-конференција.

Новиот закон исто така ќе има обврска да ги обезбедува потребите на членовите на семејството за време на поднесувањето на апликациите за повторно обединување на семејството, што е воведено со привремениот закон.

Една и пол година пред парламентарните избори во септември 2022 година, лидерот на антиимиграциската партија Шведски демократи (СД) Џими Акесон ја критикувал одредбата во корист на малолетниците без придружба, на кои ќе им биде дозволено да го продолжат своето образование и ќе бидат опфатени со „хуманитарна заштита“.

Тековниот привремен закон, продолжен во 2019 година, истекува ова лето. Новиот закон треба да стапи на сила во јули по гласањето во парламентот.

Амазон вложува уште 2,75 милијарди долари во развој на АИ стартапот Anthropic

Амазон објави дека ќе инвестира дополнителни 2,75 милијарди долари во Антропик, со што вкупната инвестиција на компанијата во стартапот за вештачка интелигенција ќе достигне 4 милијарди долари.

Технолошкиот гигант ќе го задржи малцинскиот удел во Антропик со седиште во Сан Франциско, ривал на OpenAI, кој го произведе ChatGPT.

- Веруваме дека нашата стратешка соработка со Антропик дополнително ќе ги подобри искуствата на нашите корисници и со нетрпение ги очекуваме следните чекори - рече Свами Сивасубраманијан, потпретседател за податоци и вештачка интелигенција во веб сервисите на Amazon (AWS).

Технолошкиот гигант со седиште во Сиетл инвестираше 1,25 милијарди долари во Антропик во септември 2023 година и тогаш посочи дека има планови да инвестира до 4 милијарди долари, пренесува британски Гардијан.

Двете компании соработуваат на развојот на таканаречените основни модели, кои се во основата на генеративните системи за вештачка интелигенција кои го привлекоа глобалното внимание.

Според договорот, Anthropic ќе користи AWS како свој примарен провајдер на „облак“ и ќе ги користи сопствените чипови на Amazon за изградба, обука и распоредување на модели со вештачка интелигенција.

Исто така, ќе им овозможи на клиентите на AWS, кои се претежно бизниси, пристап до моделите на услугата на Amazon наречена Bedrock. Во своето соопштение, Амазон вели дека компаниите како што се Delta Air Lines и Siemens веќе го користат Bedrock за пристап до моделите со вештачка интелигенција на Anthropic.

Се отвори огромна дупка среде Рим и „проголта“ два автомобила (ВИДЕО)

Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобила среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.

Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила Дачија и Рено завршиле во дупката.

Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.

Поставен е кордон, а се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.

Не се знае дали има повредени во инцидентот.

Најмалку 45 загинати во автобуска несреќа во Јужна Африка

Најмалку 45 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка во која учествувал автобус, соопшти јужноафриканското Министерство за транспорт.

Едно лице е тешко повредено.

Несреќата се случила во близина на Маматлакала, во провинцијата Лимпопо, јавува Ројтерс.

притисни ентер