Во Штип прво прскање против комарците - Канал 5

Во Штип прво прскање против комарците

Во Штип утре, од 9 до 14 часот, ќе се прска против комарци. 

Во Штип прво прскање против комарците

Со оваа прва фаза од предвидената дезинсекција ќе бидат опфатени застојните води во урбаните населби и локалитети, а целта, како што велат од Општината, уништување на ларвите.

Доколку временски услови бидат неповолни, со врнежи од дожд и ветер, дезинсекцијата ќе се одложи за следниот поволен ден.

Градоначалникот на Општина Штип, кој е и претседател на Советот на градоначалници на Источно планскиот регион, Иван Јорданов најави дека наредната година ќе се направат напори 11 општини од регионот да имаат заедничка регионална акција против комарците. Поединечната битка со овие инсекти, поради полињата со ориз, нагласи, не даде резултати.

Европските сили го повикуваат Иран да ги продолжи разговорите за нуклеарната програма со САД

Европските сили го повикаа Иран да продолжи со дипломатијата за да најде решение за неговата нуклеарна програма, додека Израел продолжува со бомбардирањето на Исламската Република.

Европските сили го повикуваат Иран да ги продолжи разговорите за нуклеарната програма со САД

„Добриот резултат денес е што ја напуштаме просторијата со впечаток дека Иран е подготвен дополнително да разговара за овие прашања“, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул во изјава заедно со неговите британски, француски и колеги од ЕУ по разговорите со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи.

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами рече - „ние сме заинтересирани да ги продолжиме тековните дискусии и преговори со Иран и го повикуваме Иран да ги продолжи разговорите со САД“, додека францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро рече дека „не може да има дефинитивно решение преку воени средства за нуклеарниот проблем на Иран“.

САД распоредуваат трет носач на авиони поблиску до конфликтот на Блискиот Исток

„Ју-Ес-Ес Џералд Р. Форд“ ќе замине за Европа следната недела, изјави официјален претставник на морнарицата, тоа ќе биде трет американски носач на авиони во близина на Блискиот Исток.

САД распоредуваат трет носач на авиони поблиску до конфликтот на Блискиот Исток

„Ударната група на носачот на авиони Џералд Форд ќе замине од Норфолк (Вирџинија) утрото на 24 јуни за редовно распоредување во зоната на одговорност на Европската команда на САД“, изјави официјален претставник на морнарицата.

Американскиот носач Карл Винсон е на Блискиот Исток од почетокот на оваа година, учествува во воздушна кампања против јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран.

И официјален претставник на американската одбрана потврди дека шефот на Пентагон, Пит Хегсет, наредил ударната група на носачот Нимиц да се испрати на Блискиот Исток, нагласувајќи дека тоа е „за да се одржи нашата одбранбена позиција и да се заштити американскиот персонал“.

Трамп изјави вчера изјави дека ќе одлучи дали да се придружи на нападите на Израел врз Иран во следните две недели, наведувајќи ја можноста за преговори за прекин на конфликтот.

Велика Британија го повлекува персоналот од Амбасадата во Иран

Велика Британија го повлекува персоналот од Амбасадата во Техеран поради моменталната безбедносна ситуација, соопшти Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој.

Велика Британија го повлекува персоналот од Амбасадата во Иран

Претходно, Велика Британија најави привремено повлекување на членовите на семејствата на вработените во Амбасадата и во Конзулатот во Израел поради безбедносни причини.

Додека претходно привремено беа затворени Амбасадата на Словачка и Амбасадата на Австралија во Техеран.

притисни ентер