Во Шпанија денеска починале 674 лица, најмалку во последните девет дена

Во Шпанија, денеска починаа 674 лица, што е најмал број на жртви во еден ден од почетокот на епидемијата на коронавирус, во која загинаа вкупно  12.418 лица.

Во текот на изминатите осум дена, повеќе од 800 пациенти умираа дневно.

Ширењето на коронавирус е запрено откако е воведена вонредната состојба на 13 март, оставајќи 47 милиони луѓе затворени во нивните домови и им беше дозволено да одат само во продавници за храна, аптеки, киосци, болници, банки, бензински пумпи и да шетаат кучиња.

Денеска биле заразени дополнителни 6023 лица, а бројот на заболени достигна 130.759, соопшти Министерството за здравство. Ова претставува зголемување од 5 проценти од претходниот ден, најмало дневно зголемување на бројот на заразени во Шпанија од појавата на коронавирус.

Од 15 март, секој ден, 20 проценти од населението се разболувало се до 25 март. Оттогаш, стапката на раст опадна под 10 проценти и сега е преполовена. Раководителот на здравствената служба вели дека ова се должи на мерките воведени за ограничување на движењето на жителите.

Од 30 март, мерката е засилена со забраната за одење на работа за сите луѓе, освен оние што се вработени во неопходни занимања, како што се здравствената заштита или производство и дистрибуција на храна, електрична енергија и гас.

Премиерот Педро Санчез има намера да ја продолжи вонредната состојба на земјата до 26 април, откако првично беше предвидено да заврши на 11 април. Одлуката треба да биде потврдена следната недела од парламентот, каде опозицијата досега ја поддржуваше владата во воведувањето мерки.

притисни ентер