Во САД уапсен вработен во болница – крадел маски и заштитна опрема

Вработен во болница во Прескот, во државата Аризона, е уапсен во петокот, откако е обвинет за кражба на заштитна опрема и средства за дезинфекција во вредност од 1700 долари.

Кит Браун (49) е уапсен и однесен во затворот во округот Јавапаи, пренесува Си-Ен-Ен.

Браун работел во одделот за одржување на болницата во регионалниот медицински центар Јавапаи. Откако раководството на болницата се посомневало, контактирале со полицијата која го повикала Браун на разговор.

За време на истрагата, Браун признал дека во изминатите три недели украл нараквици, рачни санитатори, хартиени крпи, заштитни маски, тоалетна хартија и друга опрема во вкупна вредност од 1.700 долари.

Според полицискиот оддел Прескот, Браун бил отпуштен од болницата по неговото апсење.

притисни ентер