Во САД се зголемува бројот на починати и заразени од Ковид -19

Премиерот на Британија, Борис Џонсон ноќта ја помина на интензивна нега по влошувањето на симптомите од коронавирусот.

Како што наведуваат британските медиуми, Џонсон вчера добил кислородна поддршка откако покажал потешкотии со дишењето, а тимот кој се грижи за него превентивно го сместил премиерот на интензивна нега за да биде во близина на вентилатор, доколку има потреба од истиот.

Џонсон поради новонастаната ситуација за свој заменик го назначи министерот за надворешни работи Доминик Раб, кој ќе ги води и дневните средби на кризниот штаб формиран поради вирусот.

Црниот биланс продолжува и во САД, откако бројката на починати е околу 11 илјади, а во земјата има речиси 370 илјади заразени.

На европско тло жариштата остануваат исти.Во Шпанија продолжи црниот бран откако регистрираа нови 740 жртви и пет илјади ново заразени, најмногу во последните 4 дена. Подобро состојба нема ниту кај нивните соседи, Франција ја достигна бројката од 9000 починати, а животот за едно деноноќие го загубија 830 лица. Земјата е во четвртата недела од почетокот на рестрикциите, а можно е последната бројка да е показател на почетокот на пикот.

Оптимистичка вест пристигнува од изворот на коронавирусот. Кина последниве 24 часа не регистрираше ниту еден смртен случај за прв пат од почетокот на епидемијата, а животот се враќа во автохтоната локација на вирусот, Вухан, кој ја укина забраната за движење, која беше на сила од 23 јануари, кога градот беше ставен во целосен карантин.

Сепак една одлука од соседствтото привлече внимание во регионот. Српската влада одлучи сите позитивни на коронавирусот да бидат хоспитализирани, дури и оние кои не покажуваат симптоми и се лечеа во домашни услови, односно тие ќе бидат сместени во привремените болници ширум земјата, додека пак тие што се со потешка клиничка слика ќе бидат сместени во Ковид-19 центрите.

Драматична снимка на спасување од автомобил во пламен- попусто ја отвораат вратата (ВИДЕО)

Група добри Самарјани успеале да скршат запален автомобил и да спасат маж заробен внатре, додека драматичниот момент на спасувањето бил снимен во Минесота.

На видеото се гледа група луѓе околу автомобил зафатен од пламен. Тие очајнички се обидуваат да ја отворат вратата пред некој да го скрши прозорецот на возачот и потоа да го повлече на безбедно.

Инцидентот се случил минатиот четврток околу 18 часот и 30 минути.

Властите соопштија дека Хонда скршнала надесно и удрила во столб од светло, а потоа и во заштитна ограда пред да се запали, создавајќи чад и голем пожар.

Возачот потоа бил пренесен во болница, но за среќа не се здобил со сериозни повреди.

Нарачувале бифтеци, купишта десерти, испиле 15 шишиња вино, а потоа извеле познат трик (ВИДЕО)

Италијанскиот ресторан Bella Ciao во Порт Талбот, западно од Свонси, Британија, обвини група гости, најверојатно членови на исто семејство, дека си заминале без да си ја платат сметката.

Менаџерот тврди дека нарачале скапи бифтеци, двојни десерти и 15 шишиња вино, а кога дошло време да се платат работите „станале чудни“.

На видеата и фотографиите, кои ресторанот ги објави на Фејсбук, се гледа дека жена, најверојатно мајка, се обидува со картичка да плати сметка од 380 евра.

Плаќањето било одбиено двапати, а вработените тврдат дека жената рекла дека нејзиниот син ќе ја чека во барот додека таа „одеше да земе друга картичка“, пишува Дејли мејл.

Претставниците на ресторанот наведуваат дека таа не се вратила, а и момчето побегнало од местото на настанот.

„Мојот син сакаше да тргне по него, но јас му реков да престане“, изјавил менаџерот Тајрон Рис.

Тој додава дека не успеал да стапи во контакт со групата гости бидејќи бројот со кој ја направиле резервацијата бил „лажен“. Случајот подоцна го пријавил во полиција.

Снимката што беше објавена стана вирална во текот на викендот, а Тајрон Рис тврди дека добил многу повици од други ресторани кои имале слични инциденти со семејството (кое не платило).

Тој додава дека е „разочаран од реакцијата на властите“.

„Плаќам даноци, но се чини дека сум немоќен. Ме нервира кога знам дека ова се случува и дека се извлекуваат со тоа“.

Итно е евакуиран хотел во Рим поради токсично испарување од базенот, настрадале пет лица

Најмалку пет лица се затруени во хотел во центарот на Рим, кога од базенот се испуштале штетни испарувања.

Наредена е итна евакуација на сите присутни гости и вработени.

Според италијанските медиуми, повредените се во болница, а едно лице е во многу тешка состојба.

Вработените во хотелот се затруени, а најмалку 35 лица се евакуирани.

Во моментот кога алармот се вклучил, во хотелот имало само неколку туристи кои престојувале на појадок.

Отровните испарувања „доаѓале“ од бањата и велнес центарот на долниот кат од хотелот, а се сомневаат дека се од базенот.

Полицијата го обезбедувала и просторот во непосредна близина на хотелот, а поради отровните испарувања биле затворени околните улици.

притисни ентер