Во САД е потврден првиот случај на омикрон

Првиот случај на омикрон, новата варијанта на коронавирусот, е пријавен во САД.

Според Асошиејтед прес, повикувајќи се на неименуван функционер, со омикрон е заразено лице во државата Калифорнија.

Кон крајот на ноември, администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден воведе ограничувања за патниците кои доаѓаат од Јужна Африка, каде што првпат беше идентификуван омикрон. Во таа земја брзо се шири, а голем број случаи се забележани и во околните земји.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) презема чекори за дополнително заострување на правилата за тестирање на патниците кои доаѓаат од странство. Ова вклучува тестирање на сите патници најмногу 24 часа пред да се качат на лет за Соединетите Американски Држави, без оглед на тоа дали биле вакцинирани или не. ЦДЦ, исто така, размислува за задолжително тестирање по пристигнувањето во Соединетите држави, според АП.

Официјалните лица признале дека со таквите мерки сакаат само да купат време додека научниците не утврдат дали омикрон е позаразен од варијантата делта, која моментално е најдоминантна во светот. Научниците се заинтересирани и за тоа какви симптоми предизвикува омикрон. Сите овие информации треба да се знаат во рок од две недели.

Американските телекомуникациски компании ги одложуваат услугите во 5G мрежата

Извршните директори на големите американски авиокомпании предупредија на непосредна „катастрофална“ воздухопловна криза откако „AT&T“ и „Verizon“ ќе воведат услуги на 5G мобилните мрежи.

Американските телекомуникациски компании „AT&T“ и „Verizon Communications“ се согласија да го одложат воведувањето услуги во 5G мрежата, одложувајќи го вклучувањето на базните станици во близина на клучните аеродроми за да се спречат прекини во сообраќајот.

Извршните директори на големите американски авиокомпании предупредија на непосредна „катастрофална“ воздухопловна криза откако „AT&T“ и „Verizon“ ќе воведат услуги на 5G мобилните мрежи.

„Ќе има хаос меѓу авиокомпаниите“

Новата услуга би можела да направи значителен број авиони со широки трупови неупотребливи, оставајќи „десетици илјади Американци заробени во странство“ и „хаос“ на летовите во Соединетите Држави, соопшти здружението „ Airlines for America“.

Федералната управа за авијација (FAA) предупреди дека потенцијалните пречки може да влијаат на чувствителните инструменти во авионот, како што се висиномерите, и значително да го попречат летањето со слаба видливост.

Поради тоа, „Verizon“ одлучи да го одложи вклучувањето на петстотини базни станици во близина на аеродромите, помалку од 10 отсто од планираниот број, додека не се најде трајно решение, изјавија извори во вторникот. Деталите за договорот за одложување не се објавени и не се знае кога ќе бидат вклучени базните станици.

Изложба на дела од Владимир Темков во Кавадарци

„Виножито" е насловена ликовната изложба што вечерва е отворена во Музеј галеријата во Кавадарци. Претставени се дела од ликовниот уметник Владимир Темков.

Директорката на Музејот, Весна Ѓорѓиева посочи дека се презентирани педесетина дела со спектар од боите на виното и житото.

За 40-годишното ликовно творештво на Темков, говореше Трајче Цветков, виш кустос историчар на уметност при Музејот.

-Тој припаѓа во редот на хиперактивните сликари, кои секојдневно работат и по 12 часа во своите ателјеа. За тоа сведочат и над 100 самостојни и групни изложби во нашата земја и насекаде низ светот. Иако во неговиот богат творечки опус има повеќе фази, сепак има една нагласена универзална симболика за убавините на својот роден крај, истакна Цветков.

На љубителите на уметноста им се обрати и самиот автор, кој денеска слави роденден.

Темков е роден во Кавадарци во 1959 година. Педагошка академија, Факултет за ликовни уметности и магистерски студии завршил во Скопје.

– Има работено на повеќе работни позиции, меѓу кои и референт за култура, директор на Младински дом „Младост", директор на Дом на култура „Иван Мазов – Климе", потоа ја има извршувано функцијата претседател на Комисија за култура на бивша СФРЈ и тн. Во својата досегашна плодна уметничка кариера има реализирано повеќе проекти и интервенции од областа на уметноста и учествувано на повеќе меѓународни конференции. Има реализирано над 50 самостојни изложби, учествувано на многубројни групни изложби како и ликовни колонии, стои во неговата биографија.

Фото: „BMW“ се простува од „V12“ моторот во голем стил

Последните 12 примероци ќе бидат произведени ова лето.

„BMW“ уште претходно најави крај за моќниот „V12“ мотор, по 35 успешни години. Крајот на едната еда ќе биде обележан со специјална ограничена серија од моделот „BMW M760i xDrive“ со ознака „Final V12“.

Во рамките на оваа серија ќе бидат направени само 12 примероци од најмоќниот модел во серија 7 а сите автомобили се резервирани за американскиот пазар.

Засновата на стандардниот „BMW-u M760i xDrive“, верзијата „Final V12“, ќе има единствени ознаки на надворешноста и во ентериерот, потоа ексклузивни тркала и широк спектар за опции за персонализација на возилото по желба на купувачот.

Под хаубата се разбира се наоѓа 6.6 литарскиот „V12“ мотор со 609 КС. СИлата на сите четири тркала се пренесува преку 8-степен автоматски менувач.

Сите возина ќе бидат нумерирани со броеви од 1 до 12 а производството започнува во јуни 2022 година додека автомоблите кај своите сопственици ќе пристигна во јули.

Цената стартува од 200.000 долари.

притисни ентер