Во Прилеп мапирани сите контакти на двајцата заболени и ставени во самоизолација

По двајцата заболени од корона вирус во Прилеп молк од официјални информации од надлежните  институции.

Од Центарот за јавно здравје  во градот писмено информираат дека сеуште нема резултат  од тестот од синот на двајцата родители заболени од овој смртоносен вирус , кој на 9 овој месец се вратил од Копаоник – Србија.

Нема официјални информации  и за од колку луѓе кои биле во контакт со заболените и нивниот син е земен материјали за тестирање.

Неофицијално станува збор за над 20 прилепчани, а бројот на анкетираните кои имале контакт со заболените е многу поголем.

Меѓу кои има и вработени во судот во прилепската болница  во здравствени установи и банки..поради ова и мерките на владата во судот има дежурства од судија и неколку службеници. Во споредба со вчера кога беа 176се знае дека од денеска во самоизолација во градот има 183 граѓани, а неофицијално во прилепската болница  покрај засилените мерки за дезинфекција и влезот во оваа установа побарано е до понеделник да се направи ново прераспределување на работно време на здравствените  работници.

притисни ентер