Во поплавите во Индонезија најмалку 16 загинати, стотици евакуирани (ВИДЕО)

Најмалку 16 лица загинаа, а стотици се раселени од нивните домови во лизгање на земјиштето и поплавите што го зафатија индонезискиот остров Сулавеси, соопштија официјални лица од агенцијата против катастрофи.

Спасувачите сè уште трагаат по 23 исчезнати лица, откако поплавите ја погодија Северна Лува, округот во провинцијата Јужен Сулавеси, изјави Радита Јати, портпарол на агенцијата.

На снимките од терен се гледаат оштетените куќи преплавени со густа кал, додека пистата на локалниот аеродром е покриена со кал и остатоци.

„Се надевам дека ќе бидеме обединети со нашите напори за закрепнување“, рече Нурдин Абдула, гувернерот на Јужен Сулавеси за ТВ Компас.

Во текот на неколку дена, силните дождови предизвикаа излевање на три околни реки, предизвикувајќи евакуација на повеќе од 650 лица, соопштија локалните власти.

Во Индонезија често се случуваат поплави и лизгање на земјиштето, особено за време на сезоната на дождови, а веќе тешката состојба се влошува со уништувањето на шумите.

Во поплавите што ја погодија индонезиската престолнина Џакарта во јануари, по забележаните големи дождови, загинаа 66 луѓе.

Електрично Фиќо ,,го отвори” новиот мост во Џенова (ВИДЕО)

Новиот електричен Fiat 500 прв премина преку новиот мост „Сан Џорџо“ во Џенова на денот кога беше отворен за сообраќај, по катастрофалното уривање пред две години.

Како што велат во Фиат, идејата била новата „50ка“ на електричен погон да стане симбол на спокојство и закрепнување во Италија „која храбро ја гледа иднината“.

Овој автомобил беше првиот што ги премина 1.067 метри на новоизградениот мост во Џенова, пред да се отвори за редовен сообраќај.

Станува збор за новиот мост „Сан Џорџо“, дело на ѕвездата на италијанската архитектура Ренцо Пијано, изграден по две години од трагедијата што се случи на 14 август 2018 година, кога се сруши стариот мост во Џенова, при што загинаа 43 лица.

Мостот над реката Полцевера - изграден во рекордно време - е вонреден инженерски потфат на главниот град на северниот италијански регион Лигурија, за да стане нов симбол на иднината на Џенова.

Гори кулата на Светскиот трговски центар во Брисел (ВИДЕО)

Попладнево избувна пожар во техничките простории на 27-миот кат од кулата на Светскиот трговски центар (WTC) во Брисел.

Противпожарната бригада на Антверпен е на самото место. Густиот црн чад што се издига е видлив од далеку. Командантот на противпожарната бригада на Антверпен, Берт Бругманс изјави дека станува збор за „многу сериозен“ пожар.

Пожарот избувнал на 27-миот кат на кулата. Никој, за среќа, не е повреден.

Кулата во моментов не е во употреба, бидејќи се реновира, а во моментот на пожарот во ена биле присутни само неколку работници, кои успеале навреме да се евакуираат.

Обвинителството за гонење организиран криминал се засилува со петмина обвинители

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција неместо побараните осум, ќе добие пет нови обвинители. 

Обвинителството на Вилма Русковска се засилува со плус 5 обвинители. Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција побарала осум обвинители, но Советот на јавни обвинители одлучи да добие пет, поради хроничниот проблем со недостиг на кадар ширум државата, вели претседателот на Советот, Ацо Колевски. Систематизација е направена согласно новиот Закон за јавно обвинителство кој стапи на сила пред еден месец.

Според извршената систематизација Обвинителството за организиран криминал би требало да брои 18 обвинители заедно со Русковска. Но, оттаму тврдат дека и ова е мала бројка за потребите на Обвинителството.

„Во моментов обвинителството функционира со 10 јавни обвинители вклучувајќи ја и Основната јавна обвинителка Вилма Русковска која раководи со ова обвинителство. Според обемот на работа предвидениот број на јавни обвинители е далеку од потребите на обвинителството, за што обвинителството достави барање до Советот на јавните обвинители да се прошири Одлуката за определување на бројот на јавните обвинители за уште осум јавни обвинители, со што бројот на јавните обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал ​ќе изнесува 21 јавен обвинител“, велат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Претседателот на Советот на јавни обвинители тврди дека состојбата со кадар не е идеална, поради одење во пензија, а во моментов недостасуваат 60 јавни обвинители. Според Колевски некои обвинителства ќе мора да се затворат, како тоа во Тетово, Прилеп Битола и Гевгелија и Свети Николе каде ќе немаат ниту еден јавен обвинител. Нови обвинители се чекаат дури за две години кои согласно законот ќе ги завршат обуките за Академијата. Како едно од решенијата Колевски најави распишување на оглас на почетокот на септември каде што ќе може да се пријавуваат јавни обвинители.

притисни ентер