Во понеделник продолжува собраниската седница за ребалансот на Буџетот

Собранието ја заврши денешната расправа по Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на државниот Буџет за 2020 година, односно вториот ребаланс за годинава.

Според власта е потребен за справување со вториот бран од пандемијата со Ковид-19 и за ефектуриање на четвртиот пакет антикризни мерки во висина од 470 милиони евра. Расправата, како што кажа претседателот на Собранието Талат Џафери, ќе продолжи в понеделник во 11 часот во рамки на 20-тата седница.

Арбана Пашоли од ДУИ во своето обраќање посочи дека со ребаланост се зголемува буџетскиот дефицит за да се обезбеди финансиска поддршка за сите на кои им е најнеопходна за справување со последиците од кронавирусот.

-Претходните мерки што ги презедовме дадоа резултати и со нив се задржани 130 илјади работни места. Со овие мерки што сега се предвидуваат ќе се помогне на најзагорзените и затоа ги повикувам сите пратенции да гласаат за ребалансот, рече Пашоли.

Лидија Петкоска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека досегашните погрешни политики со ребалансот сега се покриваат со нови задолжувања.

-Јавниот долг во апсолутен износ во изминатие три години е зголемен и секој граѓанин има долг од 3.000 евра и очигледно е дека тој ќе расте. Очигледно е дека пандемијата не затекна неспремни и затоа се задолжуваме без план. За кризата сега никој нема да биде одговорен освен вирусот. Мерките од четвртиот пакет се популистички и шминкерски, а ребалансот мора да креира раст на економијата и добра основа за наредната година. Одите спротивно на препораките на ММФ кои посочуваат дека само капитални инвестиции може да не извлечат од кризата, рече Петкоска.

Миле Талевски од СДСМ нагласи дека во овие тешки времиња е многу важно да се помогнат бизнисите и граѓаните и токму затоа, како што кажа, се донесени пакет мерки во вредност од 550 милиони евра.

-Економскиот патриотизам кој го покажавме на дело е што овие пари се распределени на граѓаните од сите категории, а претходно ВМРО-ДПМНЕ распредели една милијарда евра на неколку луѓе. Имаме обврска кон граѓаните да продолжиме да помагаме за да се надмине кризата. Со четвртиот пакет даваме поддршка за зачувување на 83.000 работни места. Покрај тоа што директно даваме пари за граѓаните продолживме и со реализацијата на капиталните инвестиции, рече Талевски.

Златко Пенков од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека целта на ребаланост е да се обезбедат финансиски средства за четвртиот пакет мерки во вредност од 470 милиони евра и доколку на тоа се надодадат парите од првите три мерки од 550 милиони евра се добива една милијрда и 20 милиони евра.

-Сето тоа резултра со нови 40.000 невработени што е трагично за Македонија. Имаме одлив на директните странски инвестиции во првите девет месеци од 9,4 отсто. Пролонгирањето на здравствената криза ќе имплицира влошени очекувања за наредната година, а дефицитот достигна 920 милиони евра. Исклучително лошата економска состојба продолжува и понатаму. Губењето на работното место не може да се замени со платежни картички, рече Пенков.

Мартин Костовски од СДСМ рече дека опозицијата уште од март се обидува да блокира се, а тоа, како што кажа, го прави и со ребалансот кој е на дневен ред во Собранието.

-На граѓаните им е потребна помош, а вие како сакате можете да не сфатите. Со гласањето за ребалансот не му помагате на Зоран Заев и на власта, туку на граѓаните, посочи Костовски.

Во реплика заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски посочи дека падот што го доживува македонската економија е во рамките на падот што го доживува глобалната економија, економиите во регионот и економиите во Европа.

-Буџетот е ликвиден и не само што ќе ги исплати сите обврски кои ги има,туку годинава ние ќе се раздолжиме, односно ќе исплатиме обрски кои доспеваат во висина од преку 42 милиони денари кон странски и домашни кредитори, рече Ковачевски.

Сафије Садики-Шаини од Алтернатива рече дека мнозинството сака да донесе ребаланс на Буџетот и бара поддршка од опозицијата без да и ги прифати амандманите, а не може да обезбеди ни кворум за работа.

-Ова владино мнозинство ги одби амандманите кои се за водовод, канализација и асфалт што се елементарни потреби на граѓаните, а ова мнозинство ги смета за луксуз. Покрај тоа, власта врши и дискриминација на универзитетите врз основа на јазикот, рече Садики-Шаини.

Даниела Колева од СДСМ посочи дека многу компании опстанаа и се уште работат благодарение на претходните три сета мерки за справување со последиците од кризата со коронавирусот.

-Сите сме погодени од пандемијата, а со новите мерки секое семејство ќе почувствува придобивки и ќе се зачуваат што е можно повеќе работни места. Ребалансот е во интерес на сите. Се напаѓа дека ќе придонесе за ново задолжување, а се заборава дека сега се враќаат кредитите од пред пет и 10 години трошени за лавови и бикови, рече Колева./МИА

Израелската армија го потврди убиството на висок функционер на Хезболах

Израелската војска потврди дека го убила Али Абед Асан Наим, заменик командант на ракетната дивизија на Хезболах. Тој бил убиен во напад со беспилотно летало во либанскиот регион Базуриех, објавија британските медиуми.

Израелската војска соопшти дека Наим насочил ракетен истрел со тешка боева глава кон израелска територија од Либан. Според израелските воени претставници, убиениот висок функционер на Хезболах бил одговорен за планирање и извршување на напади врз израелски цивили.

„Хуавеј“ минатата година со двојно поголем профит

Кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеј“ денеска соопшти за значително поголем профит во 2023 година, благодарение на силните резултати од неговите оддели за обработка заснована на Интернет и софтвери за автомобили.

Приходите на компанијата се зголемија за 9,63 отсто минатата година, на 704,2 милијарди јуани (99,4 милијарди долари).

Нето добивката се зголеми повеќе од двојно и изнесуваше 86,9 милијарди јуани.

Главниот столб на компанијата минатата година беше неговиот оддел за опрема за ИКТ инфраструктура, со приход од 362 милијарди јуани, што е за 2,3 отсто повеќе од 2022 година. Голем број западни земји забранија инсталирање на опрема на „Хуавеј“ во мобилните мрежи, повикувајќи се на националната безбедност.

Бајден: Постојано работиме да издејствуваме ослободување на Гершкович

Белата куќа објави изјава од претседателот Џо Бајден по повод навршувањето на една година руски затвор на новинарот на Волстрит џурнал, Иван Гершкович.

-Новинарството не е злосторство и Иван замина за Русија да ја врши својата работа на известувач со ризик за неговата безбедност за да се открие вистината за жестоката агресија на Русија против Укаина. Веднаш по неговото неправедно и незаконско задржување тој од затворот испрати писмо до своето семејство, изјави претседателот на САД.

Во писмото новинарот напишал дека „не губи надеж“.

-Како што им кажав на родителите на Иван, јас исто така не губам надеж. Ќе работиме секојдневно да издејствуваме негово ослободуање, рече Бајден.

Тој вети дека САД и понатаму ќе ги осудуваат и ќе воведуваат мерки „за обидите на Русија да ги користи Американците како монети за размена“.

Гершкович беше задржан лани во март. Оттогаш е се уште во притвор и чека судење по обвинение за шпионажа, што е категорично отфрлено од него, неговиот работодавач и владата на САД.

Во случај да биде прогласен за виновен, тој може да биде осуден на 20 години затвор./МИА

притисни ентер