На досегашните традиционални коалициони партнери се приклучија Достоинство на Стојанче Ангелов, Демократски сојуз на Павле Трајанов, Обединети за Македонија на Љубе Бошковски, Македонски Концепт на Петар Богојески и новоформираната бошњачка партија на Сафет Бишевац. Дали сепак некој од нив ќе добие пратеничко место на изборните листи, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски не откри со најава дека ќе се знае утре на промоцијата на кандидатите, иако од партијата во неколку наврати посочија дека новите коалициони партнери нема да се најдат на листата со кандидати за пратеници. Мицкоски рече дека коалицијата се обврзува за реализација на партиската програма, каде приоритет ќе бидат економијата, борбата со корупцијата и враќање на довербата на граѓаните во институциите.
-Коалицијата „Твоја Македонија” се обврзува дека при реализацијата на програмата за претседателските и парламентарните избори во 2024-тата година, целосно и недвосмислено ќе се водиме од принципите на одговорност и транспарентност во политичкото дејствување. Свесни за девастирачкиот карактер на политиките на неодговорната владејачка клика, обзнануваме дека развојот на економијата, економскиот раст, домашните и странски инвестиции, како услов за отворање на нови работни места и подобар живот на граѓаните, се врвни приоритети на партиите- Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Мицкоски смета дека во СДСМ се свесни дека на претстојните избори ќе претрпат пораз, а според информациите кои тој ги има веќе во штабот на Бикаќка се лицитирало со бројки за тоа колку со колку пратенички места ќе загубат на изборите.
„ Номрлано е дека Ковачевкси ќе се обиде да најде начин да го мобилизира своето членство. Јас не очекувам дека тој сега ќе излезе ќе развее бело знаме предадени сме завршена е работата иако во тие меѓупартиски состаноци јасно им е и на нив и си кажуваат лицитираат со бројки колкав ќе биде поразот дали ќе биде со 30 пратнеика разлика, помалку од 30 итн. “-Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека неговата коалиција ќе води позитивна кампања која за претседателските избори официјално почнува во четврток.
Пратеничките листи, партијата ги потврди синоќа на највисоките органи на партијата.. ќе ги предводат Мицкоски, Мисајовски, Ковачки, Николоски, Сајкоски и Дафина Стојановска, а на нив се речиси сите пратеници од актулената пратеничка група.