Во Панама запленети рекордни 10 милиони долари од шверц на дрога

Властите на Панама објавија дека заплениле рекордни 10 милиони долари во готовина, кои криминалната група поврзана со колумбискиот картел Клан дел Голфо ги стекнала преку трговија со дрога.

„Таа голема сума пари и припаѓа на расформирана криминална организација која соработува со криминалната група позната како Клан дел Голфо", соопшти Обвинителството на Панама.

Главниот обвинител Хавиер Карабало изјави дека „ова е најголемата заплена на пари добиени од трговија со дрога во историјата на земјата".

Парите се пронајдени во торби во три скривалишта во куќа во градот Нуева Провиденсија, во северната провинција Колон, за време на полициска акција која довела до апсење на 57 лица.

Во акцијата, во која учествувала и Американската агенција за борба против дрога (ДЕА), биле запленети и десет парчиња оружје и 38 луксузни возила.

На властите им биле потребни повеќе од 12 часа да ги соберат парите и да ги пребројат со помош на машини за броење, од кои некои се расипале поради обемот на задачата.

„Меѓу уапсените има и девет службеници, од кои петмина полицајци осомничени дека примиле, следеле и сокриле големи количества дрога со потекло од Колумбија", соопшти Обвинителството.

Дрогата потоа била испратена во САД, по наредба на нарко групата Клан дел Голфо, кој контролира речиси една третина од производството на кокаин во Колумбија.

„Intel“ планира да произведува чипови за рударење на Биткоин

„Intel“ најави дека следната генерација на системи за рударење на Биткоини би можела да се испорачува со „Intel Inside“ налепници.

Компанијата ги најави плановите за тоа дека на нивната претстојна конференција ќе се дискутира за „Bonanza Mine“ чип за рударење на Биткоин.

„Bonanza Mine“ е опишан како ефикасен, „ASIC“ за рударење на Биткоин со ниска потрошувачка, според податоците и документацијата кои се потпишани од страна на тројца претставници на „Intel“.

Засега, програмата не укажува на тоа дали „Intel“ навистина планира да го испорача „Bonanza Mine“ како завршен производ или само како истажувачки проект.

„Intel“ претходно објави планови за блокчеин, како и дека тие нема да вклучваат стандардни процесори или графички карти. Тоа не претставува изненадување, со оглед на тоа дека Биткоин рударењето одмана е преминато на „ASIC“.

„Intel“ нема објавено информации за моќноста за рударање на новиот уред ниту дали ќе биде оптимизиран само за Биткоин.

Американските телекомуникациски компании ги одложуваат услугите во 5G мрежата

Извршните директори на големите американски авиокомпании предупредија на непосредна „катастрофална“ воздухопловна криза откако „AT&T“ и „Verizon“ ќе воведат услуги на 5G мобилните мрежи.

Американските телекомуникациски компании „AT&T“ и „Verizon Communications“ се согласија да го одложат воведувањето услуги во 5G мрежата, одложувајќи го вклучувањето на базните станици во близина на клучните аеродроми за да се спречат прекини во сообраќајот.

Извршните директори на големите американски авиокомпании предупредија на непосредна „катастрофална“ воздухопловна криза откако „AT&T“ и „Verizon“ ќе воведат услуги на 5G мобилните мрежи.

„Ќе има хаос меѓу авиокомпаниите“

Новата услуга би можела да направи значителен број авиони со широки трупови неупотребливи, оставајќи „десетици илјади Американци заробени во странство“ и „хаос“ на летовите во Соединетите Држави, соопшти здружението „ Airlines for America“.

Федералната управа за авијација (FAA) предупреди дека потенцијалните пречки може да влијаат на чувствителните инструменти во авионот, како што се висиномерите, и значително да го попречат летањето со слаба видливост.

Поради тоа, „Verizon“ одлучи да го одложи вклучувањето на петстотини базни станици во близина на аеродромите, помалку од 10 отсто од планираниот број, додека не се најде трајно решение, изјавија извори во вторникот. Деталите за договорот за одложување не се објавени и не се знае кога ќе бидат вклучени базните станици.

Изложба на дела од Владимир Темков во Кавадарци

„Виножито" е насловена ликовната изложба што вечерва е отворена во Музеј галеријата во Кавадарци. Претставени се дела од ликовниот уметник Владимир Темков.

Директорката на Музејот, Весна Ѓорѓиева посочи дека се презентирани педесетина дела со спектар од боите на виното и житото.

За 40-годишното ликовно творештво на Темков, говореше Трајче Цветков, виш кустос историчар на уметност при Музејот.

-Тој припаѓа во редот на хиперактивните сликари, кои секојдневно работат и по 12 часа во своите ателјеа. За тоа сведочат и над 100 самостојни и групни изложби во нашата земја и насекаде низ светот. Иако во неговиот богат творечки опус има повеќе фази, сепак има една нагласена универзална симболика за убавините на својот роден крај, истакна Цветков.

На љубителите на уметноста им се обрати и самиот автор, кој денеска слави роденден.

Темков е роден во Кавадарци во 1959 година. Педагошка академија, Факултет за ликовни уметности и магистерски студии завршил во Скопје.

– Има работено на повеќе работни позиции, меѓу кои и референт за култура, директор на Младински дом „Младост", директор на Дом на култура „Иван Мазов – Климе", потоа ја има извршувано функцијата претседател на Комисија за култура на бивша СФРЈ и тн. Во својата досегашна плодна уметничка кариера има реализирано повеќе проекти и интервенции од областа на уметноста и учествувано на повеќе меѓународни конференции. Има реализирано над 50 самостојни изложби, учествувано на многубројни групни изложби како и ликовни колонии, стои во неговата биографија.

притисни ентер