Во Пакистан на верски настан се собрале 100 000 муслимани , сега се низ целата држава

Околу 20.000 верници кои присуствувале на огромниот муслимански собир во Лахоре и покрај ширењето на Ковид-19 се ставени во карантин, соопштија денеска пакистанските власти, кои сè уште се во потрага по десетици илјади верници.

Поради ширењето на новиот коронавирус, владата забрани масовно собирање на сунитската група Таблиги Џамаат, но нивните организатори ја игнорираа забраната и повеќе од 100.000 луѓе од 70 земји се собраа во близина на  градот Пенџаб на 10-12 март.

Овие верници, кои властите имаат намера да ги тестираат за коронавирус, се разотишле  низ Пакистан и пошироко.

Само во Лахоре, досега се ставени во карантин 7.000 муслимански мисионери, додека други 8,000 се ставени во карантин во Синд и 5300 во Кајбер Пахтунва, а некои од нив се позитивни, изјави денеска портпаролот на администрацијата на регионот, пренесува АФП.

Најмалку 154 членови на групата досега биле тестирани во Пенџаб и Синд и се позитивни на Ковид-19, од кои најмалку двајца починале откако присуствувале на масовниот собир, соопштија властите.

притисни ентер