Во општините Градско и Чашка изборите во фер и демократска атмосфера

Во општина Чашка од  регистрирани 6.174 гласачи на 31 избирачко место до 15:00 часот гласале 40 проценти од гласачите, истакна за МИА Марјан Јовановски, секретар на ОИК Чашка.

Во општина Градско од регистрираните 3.113 избирачи на 11 избирачки места до 15:30 часот на гласање излегле 1.295 гласачи или 41,60 проценти од регистрираните на Единствениот избирачки список, посочи за МИА Мери Седмакова, претседател на ОИК Градско.

Таа појасни дека изборите се одвиваат во фер и демократска атмосфера, а проблемот со апаратите за читање отпечаток од прст од утринските часови, набрзо бил надминат.

Во општина Чашка од регистрирани 6.174 гласачи на 31 избирачко место до 15:00 часот гласале 40 проценти од гласачите, истакна за МИА Марјан Јовановски, секретар на ОИК Чашка.

Изборите се одвиваат во фер и демократска атмосфера без инциденти, информира Јовановски.а

Владата ја донесе ревидираната Фискална стратегија за 2022-2024

Владата денеска на 124-тата седница ја донесе ревидираната Фискална стратегија на Република Македонија за 2022-2024 (со изгледи до 2026), како клучен инструмент за среднорочно буџетско планирање и при креирањето на среднорочната фискална рамка.

Владината прес-служба соопшти дека ревидирањето на Фискалната стратегија на Република Македонија за 2022-2026 година е во согласност со праксата на развиените земји и е неопходнo заради промените настанати во тековната 2021 година во однос на макроекономските и фискалните параметри.

– Подобрувањето на управувањето со јавни финансии, а со тоа и на Фискалната стратегија како еден од најважните стратешки документи на една влада е поставено меѓу клучните приоритети на Владата, а се базира на определбата за постигнување на фискална консолидација и одржливост на јавните финансии; на забрзан економски раст, на зголемен обем на реализација на јавните инвестиции, на подобреното буџетско планирање согласно меѓународни пракси, на зголемувањето на фискалниот капацитет и дисциплина на општините, како и на подобрената фискална транспарентност, соопшти Прес-службата на Владата.

Среднорочната фискална стратегија, се посочува во соопштението, e во согласност со среднорочните фискални цели и стратешките приоритети на Владата, како и на утврдените стратешки приоритети за 2022 година, како што се обезбедување забрзан и одржлив економски раст, повисок животен стандард и квалитет на живот на граѓаните; справување со последиците предизвикани од светската пандемија предизвикана од пандемијата со КОВИД-19; успешно водење на пристапните преговори со Европската Унија; развивање на одбранбена политика во функција на развојот, независноста, територијалниот интегритет, безбедноста на граѓаните и колективната безбедност; владеење на правото, независност на правосудството, доследна и неселективна борба против криминалот и корупцијата со широка и обврзувачка транспарентност; квалитетно образование достапно за сите, согласно побарувачката на пазарот на трудот, развој и унапредување на културата и спортот; модерна и ефикасна јавна администрација, базирана на дигитализација која обезбедува квалитетни и брзи услуги за граѓаните и деловните субјекти; целосно спроведување на Охридскиот рамковен договор, градење на граѓанска држава со етничка и социјална кохезија, врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување; и заштита на животната средина, зелен развој, намалување на аерозагадувањето и влијанието на климатските промени.

На денешната седница Владата ја донесе и Ревидираната стратегија за управување со јавниот долг на Република Македонија за 2022-2024, со проекција до 2026 година, со која се утврдува висината на јавниот долг на среден рок, максималниот износ на нето задолжување во првата година во која се однесува стратегијата, максималниот износ на ново издадени државни гаранции во првата година за која се однесува стратегијата и структурата на државниот долг.

– Ревидирана стратегија за управување со јавен долг ѝ дава рамка на Владата на Република Македонија за дејствување во насока на прудентно управување со јавниот долг на државата на среден рок и финансирање на потребите на државата со најнизок можен трошок, на среден и долг рок, и со одржливо ниво на ризик, информира прес-службата на Владата. /МИА

Мицкоски: Само преку спортот имаме здрав дух

 „Да спортуваме и да растеме со спортот бидејќи само во спортот имаме здрав дух.“

Почитувани,

На покана на градоначалникот еве и јас сум денеска тука, да го отвориме овој Спортски центар. За жал некои работи во животот се случуваат и не можеме да се вратиме назад и да ги спречиме тие работи да се случат.

Но, она што најмалку можеме да направиме е токму ова што денеска го правиме.

Градоначалникот кажа во суштина се поврзано со овој Спортски комплекс, јас немам што повеќе да додадам освен тоа да остане вечното памтење и да го користат младите овдека во општина Аеродром овој Спортски комплекс колку што е можно повеќе, да спортуваме и да растеме со спортот бидејќи само во спортот имаме здрав дух.

А, духот ќе ни биде многу потребен во периодот кој што следи бидејќи состојбата во државата таква каква што е навистина е сложена и здрав дух ќе ни биде потребен и многу дух во суштина ќе ни биде потребен за да ги пребродиме сите овие предизвици кои што се пред нас.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Муцунски:Спортскиот центар во Ново Лисиче ќе го носи името на младиот ракометар Марко Божиновси

Од денес и официјално Спортскиот центар во Ново Лисиче имаме чест и задоволство да носи име Спортски центар – Марко Божиновски.

Марко Божиновски е едно младо момче пример за млад човек, спортист, добар другар и пријател, кој што пред шест месеци трагично почина.

Заедничка одлука на моја иницијатива, но заедничка одлука на сите советници во Советот на Општина Аеродром, и од ВМРО-ДПМНЕ, и од СДСМ, и од Левица, е овој Спортски центар да го носи токму неговото име.

Одлучивме да инвестираме во реновирање на спортската инфраструктура која што ја гледате позади вас. Дел од таа инвестиција е на општина Аеродром, но и самото семејство на Марко Божиновски, пријатели нивни, се активно вклучени во подобрување на условите кои што ќе ги има овој Спортски центар.

Во чест на Марко Божиновски, кој што треба да биде пример на сите исти млади генерации, успешен млад ракометар, добар другар и искрен, верен пријател, сакаме да функционираме и таков однос да воспоставиме спрема сите други млади луѓе во општина Аеродром, да бидат како Марко Божиновски.

И во таа смисла ќе продолжиме и следната година, ние како општина да инвестираме во спортската инфраструктура, да инвестираме во младите спортски таленти.

Тимчо Муцунски, градоначалник на општина Аеродром

притисни ентер