Во Охрид утре почнува 21. Годишна берзанска конференција

Во Охрид утре ќе се одржи 21. Годишна берзанска конференција на која се очекува да присуствуваат домашни и меѓународни експерти, претставници од бизнис секторот, банки, брокерски куќи и акционерски друштва.

Македонска берза веќе две децении години организира годишни конференции коишто претставуваат настан со препознатлив имиџ, како во однос на актуелноста на темите кои се предмет на дискусија, така и во однос на компетентноста на учесниците во бројните панели и одржани презентации и говори.

Поради пандемијата со Ковид -19 претходните две години оваа традиција беше привремено прекината.

На 21. Годишна конференција ќе има два централни панела и повеќе презентации. Покрај воведните обраќања на министерот за финансии Фатмир Бесими, претседателката на Комисијата за хартии од вредност, Нора Алити и главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев, фокусот ќе биде ставен на геополитиката, енергетиката, банките и новите проекти на Берзата.

Претставници на четирите најголеми македонски банки ќе дискутираат за најновите случувања во секторот на првиот панел, насловен „Банките во новата реалност, а вториот панел ќе биде посветен на енергетиката „Ќе има ли долга и студена зима?“.

На настанот обезбедено е учество на водечки консултанти од В. Британија и од Холандија како креатори на двата стратешки документи на Берзата, Кодекс за корпоративно управување и Водичот за ESG известување на котираните компании.

Лајчак денеска во Косово на разговори во врска со забраната на српскиот динар

Лајчак преку неговата страница на Фејсбук објави дека во Приштина ќе се сретне со косовскиот вицепремиер, Бесник Бислими, со кого ќе разговара за одлуката на Централната банка на Косово (ЦБК) за употреба на еврото .

Специјалниот пратеник на Европската Унија во дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак се очекува утрово да допатува во Приштина, во обид за наоѓање решение во врска со проблемот настанат со одлуката на косовските власти за забрана на употребата на српскиот динар како платежно средство во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Лајчак преку неговата страница на Фејсбук објави дека во Приштина ќе се сретне со косовскиот вицепремиер, Бесник Бислими, со кого ќе разговара за одлуката на Централната банка на Косово (ЦБК) за употреба на еврото како единствено готовинско платежно средство во земјата, односно за забраната на српскиот динар, што предизвика незадоволство кај српската заедница во Косово и остри реакции на властите во Србија, но и на меѓународната заедница.

Информацијата за посетата на европскиот емисар ја потврди и прес-службата на Владата на Косово, но во нејзиното соопштение не се споменува дека одлуката на ЦБК ќе биде тема на разговорот меѓу Лајчак и Бислими, кој е и главен преговарач на косовската Влада во дијалогот со Србија.

Според соопштението од службата за информирање на Владата во Приштина, Бислими и Лајчак ќе разговараат „за продолжување на имплементацијата на Основниот договор“ од Брисел од февруари минатата година, постигнат меѓу косовскиот премиер, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

- Првиот потпретседател на Владата за европски интеграции, развој и дијалог на Република Косово, Бесник Бислими ќе се сретне со специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, со кого ќе разговара за продолжување на имплементацијата на Основниот договор, се наведува во соопштението.

Средбата на Лајчак со Бислими е најавена за во 9.30 часот во Владата на Косово.

Бислими на 22 февруари изјави дека Косово во разговорите со посредство на ЕУ во врска со динарот нема да биде претставувано на политичко ниво, односно од него или од членови на преговарачкиот тим. Меѓутоа, пет дена подоцна, на 27 февруари, делегација на ЦБК во Брисел се сретна со претставници на Белград, на разговори за одлуката за забрана на динарот во Косово.

САД: Мал авион се урна во Нешвил, нема преживеани(видео)

Неколку лица загинаа во градот Нешвил, во американската сојузна држава Тенеси, кога мал авион се урна во близина на автопат, соопшти полицијата.

Како што се наведува, едномоторниот авион синоќа се урнал на тревна површина во западниот дел на градот, а потоа избил пожар во авионот.

Според полицискиот извештај, во авионот имало неколку лица и се верува дека сите загинале, а точниот број на жртви засега не е утврден, изјави портпаролот на полицијата.

На автопатот нема повредени возачи, а на терен нема оштетени возила или објекти.

Управата на аеродромот во Нешвил соопшти дека Националниот одбор за безбедност на транспортот и Федералната администрација за авијација на САД ќе спроведат истрага за инцидентот.

Димитријевиќ во симболичната петорка на колото во ВТБ лигата

ВТБ-лигата ја претстави својата идеална петорка за оваа недела. Во неа се најде и македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ.

Членот на УНИКС саботниот натпревар со Локомотив Кубан го заврши со 23 поени за 29 минути игра. УНИКС победи со 80:76.

Во петорката покрај Македонецот се и: Исаја Рис (Парма), Октавиус Елис (Уралмаш), Бојан Дубљевиќ (Зенит) и Џејмс Томпсон (Самара).

УНИКС Казан и ЦСКА Москва се на делба на првата позиција со 22 победи и шест порази.

притисни ентер