Блинкен за Ал Арабија истакна дека Иран го отфрлил сегашниот предлог за враќање на нуклеарниот договор, додавајќи дека Вашингтон сè уште верува дека дипломатијата е најефективниот начин за решавање на иранското нуклеарно прашање.
Шефот на американската дипломатија, пред да замине од Каиро за Ерусалим, рече дека САД го поддржуваат иранскиот народ, како и дека одлуката за „промена на режимот“ е исклучиво на граѓаните на таа земја.
– Иранскиот режим го убедува народот дека САД сакаат промена на режимот … Вашингтон со санкции ги казни сите одговорни за репресијата во Иран, рече Блинкен.
Тој нагласи и дека Иран ја поддржува Русија во војната против Украина и оти Техеран испраќа дронови и друго оружје во Москва.