Во Њујорк за прв пат помал број починати од претходниот ден

Во сојузната држава Њујорк  594 лица починале од коронавирус во последните 24 часа, а за прв пат бројот на смртни случаи бил помал од претходниот ден кога имало 630.

Во моментов има 122.031 заразени со коронавируси во оваа држава, што е десет проценти од вкупно заразените во светот. Загинале вкупно 4159 лица.

Коронавирусот се рашири бргу во Њујорк, па гувернерот Ендрју Куомо се плашеше дека ќе излезе од контрола и беше најгласниот критичар на сојузната влада, која чекаше долго време да преземе акција на национално ниво. Но, ситуацијата во Њујорк се чини дека се подобрува, како што објави денес Кумо.

"Бројот на лица кои се примени на интензивна нега исто така се намали, како и бројот на оние кои се поврзани на респиратори. Бројот на оние кои се отпуштени од болница е зголемен, што е одлична вест. Но, сè уште е рано да се извлечат заклучоци, затоа мора да бидете трпеливи “, рече Куомо.

Тој додаде дека болниците во неговата држава се тестираат за разни третмани со коронавируси, вклучително и потенцијални вакцини. Низ САД, заразени се 321.165, а 9132 починале.

На 100 илјади граѓани сѐ уште чекаат пасош иако се фотографирале пред неколку месеци

Околу 100 илјади граѓани се уште не ги добиле пасошите иако се фотографирале и пред неколку месеци.

Дополнителниот заменик министер за внатрешни Бојмацалиев дел од вината за ваквата ситуација ја префрла на министерот Тошковски и вели дека очекува темпото на издавање на личните документи да се нормализира по изборите.

-Според последните сознанија кои ги имам, над 100 илјади граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок. Не е само да ги сликаме граѓаните, да им ги земеме парите а да не им ги дадеме пасошите, граѓаните чекаат негде и два и пол месеци за одредени документи за кои уредно си платиле и се сликале. – Митко Бојмацалиев – Дополнитеен заменик министер за внатрешни работи

Гужвите пред пунктовите на МВР периодов значително се намалени за разлика од претходно иако собранието во март ги изгласа измените на изборниот законик со кои може да се гласа со важечки документ со старото уставно име. Сепак проблем се јавува кај граѓани кои со месеци чекаат да подигнат нова лична карта или пасош а во меѓувреме останале без важечки документ. Од канцеларијата на Народниот правобранител за Канал 5 велат дека добиле неколку такви претставки и следната недела најверојатно ќе излезат со предл решение за ваквата ситуација.

-Има претставки на луѓе кои се жалат дека им е истечена личната карта, дека им е блокирана сметката во банка и дека не можат да си ги подигнат средствата, меѓутоа бројот не е голем. Затоа за да се превенира ситуацијата и да не дојде голем број луѓе да заглават, бараме решение заедно со другите надлежни институции.- Народен правобранител

Инаку околу спроведувањето на изборниот процес подготовки се прават и во МВР. Во зависност од безбедносните проценки не е исклучена можноста и од засилено полициско присуство на места од висок ризик.

-На одредени места каде што ќе се процени дека треба да има зајакнато полициско обезбедување, дека треба од одделот за специјална полиција да има полиција и тоа ќе го направиме. Затоа овој период ги собиравме сите потребни информации, да знаеме на денот на гласањето како да се поставиме на избирачките места и во градовите. – Митко Бојмацалиев – Дополнитеен заменик министер за внатрешни работи

Оперативниот штаб за полициското постапување за време на изборниот процес веќе фукционира и е сместен во рамки на Бирото за јавна безбедност.

Мостот Беласица го мина и последниот тест пред да се пушти во функција

Последни мерења пред целосно да се пушти во функција мостот Беласица. 

На оваа многу значајна сообраќајна артерија денеска се вршеа мереа под максимално оптоварвање за да се утврди дали може да се даде целосно зелено светло за повторното пуштање на сообраќајот на сите 4 ленти. Мерните екипи ги следеа сите параметри додека на мосто беа паркирани 6 натоварени камиони кои вкупно тежеа 208 тони нешти што во пракса и не се очекува дека може да се случи.

Досегашните мерења се оптимистички и во финалниот извештај кој ќе се испрати до градот Скопје кој треба да ја има конечната одлука најверојатно ќе стои дека мостот е целосно безбеден и нема никакви пречки да биде пуштен во функција

Инаку мостот беласица пред речиси цела година во мај лани првиќно беше целосно затворен за сообраќај по пожарот кој изби на тополоводните цевки кои спроведуваат топлинска енергија од Тето кон делови на населбата Аеродром. По првичните анализи и санации мосто после неколку месеци беше делумно пуштен во употреба со по една коловозна лента а со најновите мерења се очекува да биде наскоро и целосно во функција

Гласаат членовите на ИО кои заминуваат во странство за претседателските избори во дијаспората

Гласањето за претседателските избори почнува со членовите на 31 избирачки одбор кои треба да го спроведат гласањето во странство.

Тие денеска пред заминување во странство гласаат во просториите на државната изборна комисија станува збор за 191 лице.

Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии во вторник, на 23 април, на ден пред седмите претседателски избори во земјата, од 7 до 19 часот по локално време, врз основа на прифатените 2.571 пријави на наши државјани, гласање треба да се спроведе во триесеттина градови во странство.

Гласање за парламентарните избори на 8 мај нема да се спроведе бидејќи немаше доволен број пријавени наши државјани.

ДИК продолжува со организацијата на двојните избори. Се дистрибуира недоверливиот материјал, додека утре ќе започне дистрибуцијата на доверливиот материјал

Инаку, вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април.

притисни ентер