Свеченоста почна со оддавање на едноминутно молчење во знак на почит на загинатите борци и револуционери, а делегации од општествениот и политичкиот живот, положија цвеќе пред споменикот во с. Митрашинци.
-Во краткиот говор прочитан пред присутните, беше назначено за формирањето на дивизијата и нејзиното дејствување, со потсетување на борбениот дух и непокорливоста на разловечките востаници, на кресненските бунтовници, на илинденските идеолози, која вроди со создавање на независна и самостојна држава, информираа од Општината.
За придонес, во реализацијата на активностите за одбележување на денот, на Раководителот на ПУ ,,Дедо Иљо Малешевски", во с. Митрашинци, беше доделена благодарница на наставничката Лидија Пачемска.
Неизоставен дел од свеченоста, беше и програмата подготвена од учениците од с. Митрашинци, а на настанот учествуваше и градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.