Во Мадрид 25.000 млади се собраа на забава, најголема од почетокот на пандемијата (ВИДЕО)

Полицијата се обиде да го зачува мирот и да се погрижи да нема инциденти, особено на блиските патишта и јавниот превоз, чувајќи ги до зори илјадниците млади.

Околу 25.000 млади луѓе се приклучија на масовната забава со пиење на отворено, по повод почетокот на студентската година на универзитетот во Мадрид, без да ги почитуваат безбедносните мерки, соопшти полицијата, признавајќи дека биле фатени неподготвени.

Шпанските медиуми објавиле дека тоа е најголемиот таков собир од почетокот на пандемијата на коронавирус, кога беа прекинати големите јавни собири за да се запре ширењето на вирусот.

„Имаше илјадници луѓе на Универзитетот Комплутенсе, околу 25.000“, се вели во соопштението на општинската полиција, во кое се наведува дека се чини дека собирот е организиран преку Whatsapp.

Сликите на социјалните мрежи покажаа огромен број млади млади луѓе собрани во кампусот,кои пијат, танцуваат и се дружат ,а ретко кој носел маска.

„Без претходно предупредување од универзитетот или време да се подготви соодветна операција, прекинувањето на собир на околу 25.000 луѓе е речиси невозможна работа“, рече полицијата, посочувајќи дека на местото стигнале дури по полноќ.

Не можејќи да ги растера посетителите на забавата, полицијата, поддржана од дронови, се обидела да го зачува мирот и да обезбеди дека нема инциденти, особено на блиските патишта и јавниот превоз, а останале на местото до зори.

За време на викендите, полицијата во Мадрид редовно распоредува дополнителни 200 полицајци за да ги прекине забавите со пиење на отворено, познати на шпански како „ботелони“.

Сличен собир се одржа во текот на ноќта во Барселона, каде што околу 8.000 млади се приклучија на целовечерна забава во кампусот на автономниот универзитет во градот, објави ректорот за каталонското радио РАЦ1.

Иако Шпанија ги укина многуте ограничувања за безбедност во пандемијата, од луѓето се уште се бара да носат маски на отворено, доколку не можат да одржуваат безбедна дистанца од 1,5 метри.

И големите собири остануваат забранети, иако бројките варираат од регион до регион.

Но, некои луѓе се откажаа од строгосдта со оглед на брзото темпо на програмата за вакцинација, при што повеќе од 75 проценти од 47 -те милиони жители на Шпанија сега се целосно вакцинирани.

И покрај бранот на нови инфекции во текот на летото поради варијантата делта, случаите повторно се намалија во Шпанија, која има национална стапка на инциденца од 91 случај на 100.000 луѓе, најниска во текот на една година.

Според последните податоци објавени во петокот, Шпанија регистрираше 3.222 нови случаи и 44 смртни случаи во претходните 24 часа, со што вкупниот број на инфекции се зголеми на 4.929.546, а вкупниот број на смртни случаи на 85.783.

Драмски театар Скопје ја именува големата сцена „Ристо Стефановски“

Драмски театар Скопје ја именува големата сцена „Ристо Стефановски“, промовира и негова монографија.

Драмски театар - Скопје ја именува својата голема сцена во „Ристо Стефановски“, кој беше театролог, театарски работник, театарски историчар и долгогодишен директор на оваа културна установа (1957-1983). Беше промовирана и монгорафијата „Ристо Стефановски“.

Ристо Стеафновски е роден на 5 декември 1928 година во Скопје, кој на 22 април 1957 година бил назначен за директор на Куклениот театар, подоцна преименуван во Младинско-детски театар и на крај преименуван во добро познатиот Драмски театар во Скопје, каде бил директор повеќе од 25 години.

Промоторката на монографијата „Ристо Стефановски“ Искра Гешовска потенцира дека Стефановски не е само втемелувач на Драмскиот театар, туку и на современиот македонски театар. Додаде дека тој е најпрогресивниот директор, со визија и со непрегорност, не само за театарот туку и генерално, за институционалната култура и за она што треба да значи и како треба да се развива стратешки една институција од сферата на културата.

Директорката на Драмски театар Викторија Рангелова Петровска информира дека Стефановски ја отвора вратата, го зацртува патот, ја создава основата, и низ годините ги води најголемите премрежиња, борби и победи на Драмски театар.

-Најистакнатите македонски театарски режисери, драмски автори, актери и останатите креативни чинители, ќе имаа понеизвесен пат во градењето на професионалната кариера доколку не добиваа отворени можности од страна на Стефановски. Оттука тој не работеше само за растењето на Драмски театар, туку делуваше во целокупниот културен растеж на државата. Неговата визија, умешност и сеопфатна посветеност, им овозможи на соработниците и вработените во Драмски, по секој постигнат успех да зрачат со неподнослива гордост и оправдана ароганција. Стефановски успеа вредносните критериуми да ги постави високо на скалата и никогаш не отстапи од нив. Тој имаше свој правилник за успех по кој мора да се делува, потенцира Рангелова Петровска.

Додаде дека и денес некои од нивните колеги од другите театари на шега го нарекуваат Драмски „домаќински театар“.

-И домаќинлукот му го должиме на Ристо, тој/тоа е седмото правило од прирачникот за успех, потенцира Рангелова Петровска.

Промоторката на монографијата „Ристо Стефановски“ Искра Гешовска информира дека Драмскиот театар - Скопје му оддава чест на Ристо Стефановски, кој е втемелувач, основач, поставувач на визионерските и стратешките насоки на понатамошниот негов развој.

-Со ова монографско издание за Ристо Стефановски, како и со именувањето на големата сцена на театарот се покажува дека не само што има јадра кои пркосат на оваа доминантна култура на заборавот, туку и дека постои јасно проникнување во втемелувањето на она што значи императивна вредносна вертикала, потенцира Гешовска.

Посочи дека монографското издание внимателно уредено од Александра Бошковска, е важен придонес кон аргументацијата за историското значење на Ристо Стефановски, не само за Драмскиот театар, туку за историјата на современиот театар. Во него се поместени делови од неговите дневнички записи, делови од рефлексиите на колешките и колегите, соработничките и соработниците на Стефановски, хронолошки и биографски единици и факти поврзани со целокупната дејност на Стефановски. Станува збор за концентриран, систематично сублимен преглед, или, како што рече, ако сакате резиме, на еден столб во македонската современа култура.

-Ракописот на оваа монографија, ни потврдува дека Ристо Стефановски, не само што е од оние ретките во нашата култура кои со љубов и врвно знаење работела во сферата на менаџирањето, развивањето и архивирањето на театарот, како една од најкомплексните институционални структури, туку, уште поважно, според фактите на историјата на македонскиот театар, како уникатно посветен директор и театролог тој дава непроценливо важен и единствен придонес за осовременувањето, еманципирањето на театарот и во организациска смисла и во репертоарна смисла, потенцира Гешовска.

Речиси три четвртини од Полјаците се против испраќање полски и НАТО војници во Украина

Речиси три четвртини од Полјаците (74,8 проценти) не сакаат полски или НАТО војници да бидат испратени во Украина.

Речиси три четвртини од Полјаците (74,8 проценти) не сакаат полски или НАТО војници да бидат испратени во Украина, додека само 10,2 проценти од нив го поддржуваат ова решение, покажа анкетата на Институтот за пазарни и социјални истражувања (ИБРИС), спроведено по барање на полскиот весник „Речпосполита“.

Според истражувањето, 15 отсто од испитаниците немаат мислење во врска со тоа.

„Иако Полјаците не сакаат да испратат војници во Украина, тие се согласуваат да започнат преговори со НАТО и Украина за проширување на воздушната одбрана на територијата во близина на границата и овозможување соборување на руски ракети или беспилотни летала кои летаат кон Полска“, се наведува во истражувањето спроведено на крајот на февруари.

Се додава дека дури 69,3 отсто од испитаниците го поддржале ваквото решение, 17,6 отсто биле против, а 13,1 отсто немале мислење.

Мицкоски: Не очекувам власта да престане со црната кампања, ние ќе водиме позитивна кампања

Не очекувам власта да престане со црната кампања, додека ние ќе водиме позитивна кампања со проекти и решенија на проблемите.

Црната кампања е карактерна особина на оваа влада. Не очекуваме дека ќе престане таа нивна црна кампања која изобилува со монтажи, со навреди, со многу измислици и клевети, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на Општина Гевгелија, запрашан од новинарите дали во пресрет на почеток на изборната кампања очекува фер кампања од власта.

Тој истакна дека, што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, нема да води црна кампања затоа што македонските граѓани знаат дека Македонија од осамостојувањето немала полоша влада, од оваа на СДСМ и ДУИ и затоа ќе води позитивна кампања со презентација на проекти и решенија за проблемите на граѓаните.

„Нашата цел е во оваа кампања да водиме позитивна кампања, односно да зборуваме за проекти и да зборуваме за решенија на проблемите на граѓаните, а не да се оптеретуваме со тоа, кој колку бил лош бидејќи сите граѓани знаат дека владата на СДСМ и ДУИ беше лоша. Односно, да бидам попрецизен, полоша влада од осамостојувањето на Македонија немало“, рече Мицкоски.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ:

притисни ентер