Во Куманово почна учебната година од прво до трето одделение, годинава 1.143 првоодделенци

Навреме почна учебната година за првоодделенчињата во Куманово, соопштија денеска надлежните од секторот за образование од општина Куманово. 

На подрачје на Куманово во вкупно 16 основни училишта во прво одделение во оваа учебна година поаѓаат 1.143 првоодделенци.

Дел од училиштата, утрово организираа и свечен прием за првачињата. Меѓу нив и основното централно училишта „Крсте Мисирков". Директорот на училиштето, Александар Јовановиќ им посака добредојде на 134-те ученици во ова централно училиште

– Почнува интересна и специфична година, навикнати да гледаме голем број дечиња. Ковид 19 исцртува нов образован систем со онлајн настава и настава со физичко образование од прво до трето одделение. Да се надеваме дека брзо ќе замине Ковид 19 и ќе имате убави мигови и спомени во училиштето-рече во обраќањето, Јовановиќ.

И кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски рече дека е оваа е мошне невообичаена година за учениците и им посака успех, здравје, но и меѓусебна дружба.

На подрачје на Куманово речиси сите училишта во урбаната средина ќе ја спроведуваат настава онлајн освен учениците од прво до трето одделение. Во руралните средини, Комисијата дозволи настава со физичко присуство на учениците.

Лек за слабеење кој ја зголемува плодноста кај жената

Лекот за дијабетес „Оземпик“ (Ozempik), којшто многу жени го користат и за губење килограми, има уште еден „неочекуван ефект“ - бременост, објави „Пипл“ (People).

Дека сè ова не е случајност, се чини, укажува тоа што на интернет сè почесто се појавуваат приказни за жени кои забремениле поради „Оземпик“... Се покажа дека тој лек некако „ги неутрализира“ контрацептивните средства коишто корисничката ги зема во истовреме... А пак, други си се сметале за неплодни, па бременоста ги изненадила. Така, една жена раскажува дека не можела да забремени неколку години, па со партнерот им успеало откако таа два месеци редовно земала „Оземпик“ заради слабеење. И, родила здраво дете.

Се испостави дека самото губењето тежина, всушност, влијае врз плодноста и општото хормонално ниво.

- Дури и ако се работи за само неколку килограми, тоа веќе може да доведе до продолжување на овулацијата кај жената и таа ќе може да забремени. Нашите масни клетки произведуваат естроген, којшто може да има негативен ефект врз нашите јајници и овулацијата. Тоа може негативно да влијае и на слузницата на ендометриумот, вели акушер-гинекологот Иман Салех.

Покрај тоа, „Оземпик“ со својата формула го намалува и ефектот на контрацептивни лекови, што бара дополнително внимавање додека се зема овој лек.

Сепак, лекарите забрануваат земање на лекот само заради бременост - тоа е премногу опасно и за мајката, а потоа и за детето.

„Испитувањата на стаорци, зајаци и мајмуни покажуваат дека лековите за слабеење може да предизвикаат и спонтан абортус и вродени деформитети ако се земаат за време на бременоста. Сè уште нема студии за луѓе. Жената, исто така, треба да престане да зема лек за слабеење најмалку две недели пред бременоста“, препорачува компанијата-производител на лекови, „Ново Нордиск“.

Опасностите се, сепак, преголеми за да се експериментира на себе, според лекарите. /МИА

Објавен Конкурсот за запишување во јавните средни училишта за учебната 2024/2025

Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година.

Во Конкурсот се наведени слободни места во училиштата во Град Скопје и општините низ државава за гимназиско, стручно и уметничко образование, за Математичко-информатичката гимназија, Спортската академија и за училиштата за настава на ученици со посебни образовни потреби.

Пријавувањето на учениците ќе биде електронско преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку нивните кориснички сметки на Schools.mk.

Во јунскиот уписен рок има две електронски пријавувања – првото ќе биде од 20 јуни до 25 јуни, кога ќе се доставува и потребната документација до училиштата. Конечната ранг-листа од првото пријавување ќе биде на 26 јуни.

Второто електронско пријавување ќе биде на 1 и 2 јули 2024 кога воедно ќе се доставуваат и документите до училиштата, а конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места секое училиште ќе ја објави на 3 јули 2024.

Во августовскиот уписен рок пријавувањето ќе се врши на 21 август 2024.

Во Конкурсот се содржани условите и критериумите за запишување, насоки за спроведување на конкурсот, роковите за запишување со детали за полагање на квалификациските тестирања и за објавување на резултатите.

Новинар на „Тајмс“: Алонсо не е на потесниот список на замени на Клоп

Продолжуваат шпекулациите околу иднината на тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо. Шпанскиот стручњак најмногу се поврзува со Баерн Минхен и Ливерпул, а конечната одлука на тренерот кој брка тројна круна со „аспирините“ се уште не е позната.

Сагата помеѓу Ливерпул и Чаби Алонсо доби вистински пресврт бидејќи познатиот новинар Пол Џојс, кој е близок до „црвените“ и работи за „Тајмс“, објави дека шпанскиот тренер нема да се најде на потесниот список на замени на Јирген Клоп.

Тоа е многу остар пресврт од првичните гласини кои го поврзуваа Алонсо конкретно со тимот, но според сите сметки тој изгледа малку веројатно да застане на чело на Ливерпул, а сега се очекува Шпанецот да остане во Баер Леверкузен./МИА

притисни ентер