Во Крива Паланка одбележан Денот на превенција

 Полицијата е блиску до граѓаните, редовно организираме активности во соработка со училиштата и локалните институции, а денесака учениците ги посетија нашите канцеларии, беа гости во мојата канцеларија

Полициските службеници се тука за вас, да ве заштитат, да помогнат за безбедно живеење на луѓето, особено за младите, им рече при денешната посета на Полициската станица од општа надлежност Крива Паланка на основците од градот командирот на станицата, Дејан Маринковски.

Околу триесет ученици од основните училишта „Јоаким Крчовски" и „Илинден", заедно со нивните ментори и наставници, беа во посета на кривопаланечката Полициска станица по повод Денот на превенција – 9 декември.

– Полицијата е блиску до граѓаните, редовно организираме активности во соработка со училиштата и локалните институции, а денесака учениците ги посетија нашите канцеларии, беа гости во мојата канцеларија, во одделенијата со униформирани служби и во цивилка, поминаа низ службите за разузнавање, за преземање истражни мерки, сообраќај и превенција, служба за криминалистичка техника. Се запознаа со типови прекршоци, кривични и останати, издавање патни исправи и други, со цел да се запознаат со работата на полицијата и да се доближат до нив како служба, за да сите млади во општеството бидат примерни граѓани во иднина, потенцира Маринковски.

Во однос на превенција во претстојниот период низ училиштата, тој најави дека ќе се реализираат и предавања за заштита од употреба на пиротехнички средства, а редовно, во текот на годината, преку повеќе проекти, како „Безбедно училиште", се врши едукација на младите и низ работилници се посветува внимание на превенцијата од злоупотреба на наркотични средства, алкохол и никотинизам, безбедност во сообраќајот и останато.

Неделата за превенција ќе биде заокружена на 15 декември, кога во спортската сала „Бранители 2001" ќе се одржи турнир во мал фудбал, а ќе учествуваат екипи од ученици, од совет на родители и наставници, а ќе бидат вклучени и претставници од локалниот Совет за превенција.

Израел го критикуваше конечниот извештај за обвинувањата против УНРВА

 Израел го критикуваше извештајот за Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), главниот обезбедувач на хуманитарни услуги во Газа, пренесе ДПА.

Експертите задолжени за истрага на неутралноста на ОН во однос на наводите дека вработени во ОН биле вмешани во нападите врз Израел на 7 октомври препорачаа заострување на заштитните мерки во „осум критични области“.

Во исто време, во нивниот извештај се вели и дека Израел досега не доставил докази дека одредени вработени биле членови на терористички организации.

Извештајот „ја игнорира сериозноста на проблемот“, напиша портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи Орен Марморштајн на X.

- Проблемот со УНРВА-Газа не е во неколку лоши јаболка; тоа е гнило и отровно дрво чии корени се Хамас, напиша тој.

- Хамас толку длабоко се инфилтрира во УНРВА што веќе не е можно да се одреди каде завршува УНРВА, а каде почнува Хамас, напиша Марморштајн.

- Вака не изгледа вистински и темелен преглед. Вака изгледа обид да се избегне проблемот и да не се решава директно, нагласи тој и додаде дека „УНРВА беше дел од проблемот, а не дел од решението“.

- Постојат и други решенија. УНРВА не може да биде дел од решението во Газа ниту сега, ниту во иднина, изјави портпаролот на израелското МНР. /МИА

Пет тела пронајдени во куќа во Оклахома, полицијата се сомнева дека станува збор за убиство

Телата на пет лица, меѓу кои две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција. 

Поручникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите се членови на едно семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува Ен-Би-Си Њуз.

Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.

-Полицијата беше испратена во дом на околу 20 милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека содржи тела, рече Најт.

Според него, на сите тела имало повреди кои изгледаат како да се работи за убиство. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Пржена пастрмка

Во понеделник (22.04.2024) во емисијата гостин ни беше Петар Нечовски.

Состојки за денешниот рецепт:

2 пастрмки

4 лажици пченкарно брашно

5 лажици бело брашно

малку магдонос за украсување

1 црвен домат

мајонез, лимон

сув зачин, сол, бибер

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер