Во Кина се вакцинирани над 600 милиони луѓе

Повеќе од 600 милиони луѓе во Кина се вакцинирани против ковид-19, изјави здравствен службеник кога вакцината Синофарм е одобрена за деца и млади на возраст од три до 17 години.

Таа земја со 1,4 милијарди жители напредува кон целта за вакцинација на 40 проценти од популацијата до крајот на јуни.

До вчера, администрирани се 845 милиони дози, односно вкупно 622 милиони луѓе, рече Куи Ганг, официјален претставник на Националната здравствена комисија (НХЦ) на брифинг со медиумите.

Куи не прецизира колку луѓе биле целосно вакцинирани.

Од кинеските вакцини против ковид-19, односно од седумте вакцини, за пет се потребни две дози, за една е потребна една доза, а за една се потребни три дози.

Вакцината од единицата Синофарм, Институтот за биолошки производи во Пекинг, е одобрена за употреба во Кина кај деца и млади на возраст од 3 до 17 години, рече Шао Јиминг, истражувач во Кинескиот центар за контрола и превенција на болести.

Друг кандидат за вакцината против ковид-19, развиена од биолошката фармацевтска компанија „Пекинг Унтаи“ и истражувачи од Универзитетот во Хонг Конг и Универзитетот Ксиамен, е во доцна фаза на клинички испитувања, рече Шао.

Кина се очекува да вакцинира најмалку 70 проценти од своите „целни групи“ до крајот на оваа година, изјави претходно овој месец Зенг Јиксин, заменик директор на НХЦ за официјалната новинска агенција Ксинхуа, без да наведе детали.

Франција бара полициска и воена помош за да се осигури безбедноста на Олимпијадата

Франција соопшти дека упатила барање до многу земји да испратат повеќе од 2.000 полицајци за да помогнат во обезбедувањето на Олимпијадата во Париз ова лето.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека барањето за странска безбедносна помош е поднесено во јануари, за распоредување на 2.185 полицајци.

Се бара од полициските службеници да помогнат во осигурување на безбедноста на Игрите и зајакнување на меѓународната соработка, соопшти Министерството.

Ова е класичен пристап на земјите домаќини за организација на големи меѓународни настани, додаваат од Министерството.

Така Французите испратија 200 жандарми на Светското првенство во Катар во 2022 година. Франција, исто така, минатата година беше домаќин на припадниците на европските безбедносни сили на Светското првенство во рагби.

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

 Квинтетот на Симон Трпчески и камерниот оркестар „Ајга“ ќе го изведат проектот „Македонисимо“ со оркестарската верзија, на два концерта, во салата на Македонската филхармонија. Ова беше кажано на денешната прес-конференција.

- Мислам дека направивме еден феноменален историски чекор за македонската музика, уметност и за Македонија како земја, рече Трпчески.

Диригентката Ана Спасовска, зборувајќи во име на оркестарот, изрази задоволство од соработката.

- Ова ќе биде балканска и македонска премиера. Сметам дека многу одговорно пристапуваме кон нашата задача, да го исполниме „Македонисимо“ најдобро што можеме, бидејќи ние како Македонци, сметам дека нашите ора, би можеле да ги изведеме најубаво, бидејќи најубаво и ги чувствуваме. А всушност тоа е музиката, чувствата да ги пренесеме кон публиката, подвлече Спасовска.

Композиторот Панде Шахов нагласи дека проектот е симболичен, бидејќи дава шанса на исклучително талентирани музичари да свират заедно, нагласувајќи дека соработката ќе продолжи и во иднина.

На средбата беше кажано дека концертите се на стартот од првото издание на Скопје Интернационалниот музички фестивал.

Притоа, беше нагласено дека по распродадениот прв концерт, закажан за 1 април, закажан е втор концерт на 31 март.

Костадиновска-Стојчевска на средба со Јоли: Соработката со Албанија дава резултати

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска оствари средба со префектот на округот Корча, Нерти Јоли, со кој разговараа за соработката помеѓу Македонија и Албанија во областа на културата, за досегашната реализација на проекти.

„Имаме одлична соработка и секоја укажана прилика ја користиме за продлабочување на пријателските врски меѓу двете држави. Традиционално добрите односи со Албанија дополнително ги зајакнуваме со прекуграничната соработка, како најдобар европски модел за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните“, изјави Костадиновска-Стојчевска.

Префектот на округот Корча, Нерти Јоли на средбата рече преку сериозна и темелна соработка на двете држави, важни проекти и иницијативи се реализирани во културата, инфраструктурата и туризмот, изразувајќи интерес за партнерство во идните проекти.

Костадиновска-Стојчевска и Јоли се согласија дека Пустец е посебен за двете држави и дека со унапредување на соработката не само во областа на културата ќе може да се направи многу повеќе за граѓаните од двете страни на границата.

Министерката потенцирање дека успешно реализираната иницијатива „Денови на македонската култура во Корча“ во која учество зеде и Културно-информативниот центар на Македонија во Тирана и Министерството за култура има големи придобивки во контекст на унапредувањето на културната соработка меѓу двете држави и изрази уверување дека оваа манифестација, со поддршка на округот Корча ќе стане традиционална, бидејќи е убава можност за промоција на македонската култура и истата ги негува релациите со Македонците во Корча.

На средбата беше истакната и петнаесетгодишната соработката помеѓу битолскиот универзитет со албанскиот универзитет Фан С. Ноли, како и за поддршката за промоција и афирмација на македонскиот јазик во Албанија, за што министерката Костадиновска –Стојчевска изрази верување дека иницијативата за изучување на македонскиот јазик на Универзитетот Фан С. Ноли во Корча ќе има уште поголем од младите и идни студенти, соопшти Министерството за култура.

притисни ентер