Во Кавадарци почна манифестацијата ,,Тиквешки гроздобер"

Традиционалната стопанско туристичка и културна манифестација ,,Тиквешки гроздобер" започна претпладнево со меморијалниот кошаркарски турнир ,,Сестри Китеви" во спортскиот центар ,,Јасмин". 

Во името на Советот на Општина Кавадарци и градоначалникот Митко Јанчев, 35. меморијален турнир го отвори советничката Александра Кароловска.

- Општина Кавадарци ја продолжува традицијата за време на ,,Тиквешкиот гроздобер", првиот гроздоберски ден да се игра женска кошарка во чест на трагично загинатите кошаркарки на ЖКК „Тиквеш", сестрите Елизабета и Антоанета Китеви. Турнир, кој Општина Кавадарци се стреми да го одржи, како во изминатите години, така и во иднина. Ова е само дел од сеопштата заложба на градоначалникот Митко Јанчев и Советот на Општина Кавадарци, за поддршка на локалниот спорт. Сведоци сме за огромната финансиска поддршка на годишно ниво за спортот во градот, се издвојуваат 36 ипол милиони денари, рече таа, посакувајќи среќа на екипите учеснички и да победи најдобриот.

Кароловска посака и успешна манифестација ,,Тиквешки гроздобер".

Со едноминутно молчење, беше оддадена почит на сестрите Китеви./МИА

Бројот на загинати од тајфунот „Јаги“ во Мјанмар е 226

Државната телевизија на Мјанмар објави дека жртви на тајфунот „Јаги“ во земјата се 226 лица, а 77 лица се водат за исчезнати, пренесоа француските медиуми.

Патиштата се отсечени, а мостовите се урнати, што го отежнува пристапот до погодените области.

Според Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања, околу 631.000 луѓе се погодени од поплавите во земјата.

Според истиот извор, поплавите уништиле и речиси 260.000 хектари оризови полиња и други земјоделски култури во земјата./МИА

Владата исплаќа 1 милијарда денари за заостанати субвенции од претходната влада

Една од заложбите на Владата е посветено да се работи и да им се помага на земјоделците.

Затоа издвоени се 1 милијарда денари за исплата за заостанати субвенции за земјоделците.

Над 9.000 земјоделци ќе ги добијат своите заслужени средства како поддршка за своето производство. Кај дел од нив се доцни дури 4 години со исплатата.

Првата одлука на оваа Влада беше со ребалансот да се обезбедат средства и до крајот на годината нема да има субвенции со кои се доцни кај земјоделците.

Домаќинското и посветено работење на Владата ќе придонесе значајна поддршка за земјоделското производство.

На овој начин се исправаат и неправдите кон земјоделците кои со својот труд печалат за себе и своите семејства.

Со почит,

Сектор за односи со јавноста

Генерален секретаријат

ВМРО-ДПМНЕ: На ТОАРИЛУЦ се правеле набавки без план за да профитира раководството од СДС и ДУИ

Ја оставиле Клиниката на цедило без основни медицински средства.

За СДС и ДУИ здравството било само област од која треба да профитираат поединци.

Клиниката ТОАРИЛУЦ или Траума, ортопедија, реанимација и интензивно лекување ја оставиле во хаос.

Прво, контролите од надлежните покажуваат дека се aнгажирале лица со договор на дело незаконски. Или повеќе од 60 лица на почетокот на оваа година биле ангажирани со договор на дело на Клиниката без согласност од Министерството за финансии, односно спротивно на член 9 од Законот за трансформација во редовен работен однос. Казната за лице кое го сторило ова дело е казна затвор од шест месеци до три години.

Второ, Клиниката дополнително се соочува со недостаток на медицински сестри, а раководството не се грижело за тоа.

Трето, раководство на ТОАРИЛУЦ на Клиниката направило финансиски обврски во износ од 840.000 денари и истите не биле во процедура согласно Законот за јавни набавки. Јавните набавки се правени без план за потребите на Клиниката. Оттука е дојдено до целосно исцрпување на договори и оставање на Клиниката без основни медицински средства и опрема.

Ова е само еден од многуте примери на уништување на здравството!

Одговорност ќе има за секој еден кој не го почитувал законот!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер