Во Кавадарци ќе се врши попис на домашните миленици

Општината Кавадарци со која управува еден од најуспешните градоначалници во Макеоднија, господинот Митко Јанчев и здружението на граѓани за заштита на животните „Шепи 2021“ започнуваат заеднички активности за намалување на бездомните животни.

Меѓу неколкуте активности кои ќе се реализираат е и пописот на кучиња и мачки кои имаат сопственици, а општината ќе дели и ваучери за стерилизација на женски кучиња и мачки.

Сојузот на средношколци бара училиштата да ги вратат парите наплатени за сведителства

Полуматурантите и матурантите се единствените ученици кои ги добија свидетелствата по крајот на учебната година, а за останатите иако веќе добиле закажан термин за доделување, се уште не се знае кога би ги добиле истите.

Реакција за доцнењето стигна од Левица од каде обвинуваат дека министерството не е во состојба да изменаџира навремена испорака на свидетелствата и функционален календар за работа на училиштата.

-Веќе е јасно дека свидетелства нема и ќе нема во догледно време. Изгледа битката за тендер се бие преку грбот на учениците! Во меѓувреме, Бирото за образование ги известило училиштата дека свидетелствата за учениците во основните и средните училишта ќе бидат готови до 31 август годинава, при што не се знае точно на кој датум. До денес нема ниту главни книги и дипломи за учениците од завршните класови.- ЛЕВИЦА.

Став побаравме одБирото за развој на образованието, но до почетокот на вестите одговор не добивме. Од таму претходно само накратко информираа дека учениците своите свидетелства ќе ги добијат до крајот на август бидејќи тогаш очекуваат поповолна епидемиолошка слика.

Во меѓувреме од Сојузот на средношколци обвинуваат дека одредени училишта од Скопје, Тетово и Прилеп прават бизнис од јавното образование и ги наплаќаат свидетелствата на учениците иако според Законот истите треба да се доделат бесплатно.

Ние знаеме кои сте, вие самите знаете кои сте. Вратете ги парите кај учениците зошто само така можете да го решите овој проблем. Срамно е да се наплаќаат свителества кога било, но особено во училишна година со целосно неквалитетна онлајн настава со професори кои беа слабо обучени или воопшто не беа.

За овој пробем претходно од МОН соопштија дека училиштата биле информирани преку писмен допис дека не смеат да наплаќаат такси уште пред крајот на учебната година.

За термин за пасош се чека и месеци и половина, МВР вели на ден има и по 3.000 барања за нови

Доколку денеска за ѕвоните на телефонскиот број 072 92 92 92, мали се шансите да добиете оператор за да закажете термин за издавање на пасош.

Доколку денеска за ѕвоните на телефонскиот број 072 92 92 92, мали се шансите да добиете оператор за да закажете термин за издавање на пасош, а доколку ви се посреќи, првиот слободен по брза постапка е 6 јули, додека во редовна постапка, првиот термин е 5 август. Од МВР велат дека проблемот постои само во Скопје, додека во останатите градови закажуањето се одвива тековно. Велат обрасци и за пасоши и за лични карти има, но застојот е поради преголемиот интерес на граѓаните овој период.. Дневно, велат, за закажување се јавуваат и по 3000 луѓе.

-Оваа година интересот е енормно зголемен по олабавувањето мерките од пандемијата поради тоа што граѓаните претходниот период не ги обновувале документите, границите беа затворени поради ковид кризата па се случува сите оператори од надлежниот економски оператор да бидат зафатени во текот на денот,- Сузана Праниќ, МВР.

Дека интересот на граѓаните е зголемен беше забележливо и во една од управните служби за издавање на патни исправи и лични карти, каде се чекаше ред за подигнување на документите , но и за фотографирање.

-Со цел побрза услуга на граѓаните од МВР велат дека е продолжено работното времена централите за телефонско закажување од понеделник до сабота од 8 до 20 часот.

Минативе месеци, проблем се појави и со недостаток на возачки дозволи и регситарски таблички , но од МВР уверуваат дека состојбата следниот период ќе се нормализира..

-На 17 јули пред неколку денови склучена е ракмовната спогодба со економскиот оператор Квантум од Скопје со потпишаната рамковна спогодба веќе се решава застојот на табличките во наредниот период ќе следат тековни испораки на сите видови обрасци на регитарски таблички.- Сузана Праниќ, МВР

Првата пратка на таблички, од мвр ја најавуваат кон крајот на оваа недела

Утре без вода дел од Карпош

Прекин на водоснабдувањето утре од 9 часот ќе имаат корисниците од булевар „Партизански Одреди", на потегот од булевар „8 Септември" до улица „Франклин Рузвелт", непарни броеви, и корисниците од булевар „Партизански Одреди" број 48.

ЈП „Водовод и канализација" – Скопје информира дека корисниците ќе бидат без вода поради водоводен приклучок ф-100 мм на булеварот „Партизански Одреди" број 63.

притисни ентер