Во Италија вчера 683 починаа од корона вирусот, вкупната бројка се искачи на 7.503

Бројот на починати од коронавирусот во Италија во последните 24 часа се зголеми за 683 и сега изнесува 7.503 лица, соопшти агенцијата за цивилна заштита.

 Италија денеска бележи пад на бројот на жртвите во однос на вчера, кога починаа 743 лица. Во соопштението на агенцијата се додава дека во Италија има вкупно 74.386 заразени со ковид-19. Директорот на агенцијата, Анџело Борели синоќа не присуствуваше на прес-конференцијата, бидејќи имал температура и во тек е негово тестирање на новиот вирус.

притисни ентер