Во Италија нови 56 жртви на коронавирус, вкупно 34.233 починати

Во Италија денеска се регистрирани уште 56 смртни случаи како резултат на коронавирус, што е мало намалување во однос на вчера, кога тој број изнесуваше 53.

Така, вкупниот број жртви достигна 34.233.

Според официјалните податоци, бројот на заразени лица се зголемил за само 163, додека вчера имало 379 нови заразени лица.

Вкупниот број случаи се искачи на 236.305, а Италија е на седмото место во светот по бројот на заразени, пренесува Ројтерс.

Северниот регион Ломбардија, каде за прв пат беше откриена пандемијата во Италија, сè уште е најтешко погодениот италијански регион, а денес има пријавено 272 нови случаи на коронавирус.

Бројот на активни случаи денеска се намали на 28.997, од 30.637 претходниот ден. Бројот на пациенти на интензивна нега продолжува да опаѓа, така што денес се пријавени 227 пациенти, додека претходниот ден имало 236.

Досега се излечиле вкупно 173.085 лица, а вчера тој број изнесувал 171.338.

Скопското село Кучково од април месец е без вода, жителите со апел до властите

Сред лето на +40 степени кога низ државата има страшни пожари ние во Кучково немаме капка вода, пишуваат во апелот жителите од скопското село Кучково .

Ова е сериозен проблем со кој се соочуваме, секој ден се жалиме во општина ама не ни одговараат, а последниот пат не избркаа од општина.

Тука живееме и има над 200 куќи.

Затоа ве замолуваме кога ќе имате време да дојдете во Кучково и да снимите прилог. Немаме друго решение бидејќи само уште вашата помош ни остана.

Тоа ни е последна надеж.

Ве замолуваме да направиме притисок до општина Ѓорче Петров за решавање на овој горлив проблем.

Жители на с. Кучково

Велосипедистите во Германија добија мост со подно греење, невиден луксуз во сообраќајот

Велосипедистите во југозападна Германија добија невиден луксуз: мост со подно греење само за велосипедисти.

Еден од првите велосипедски мостови во светот е отворен во градот Тубинген. Ова им овозможува на велосипедистите да возат побезбедно во зимски услови, рече градоначалникот Борис Палмер за време на неодамнешното отворање на мостот, кога тој самиот го премина мостот со велосипед.

Иако патиштата и мостовите со подно греење не се непознати, а за нивното воведување во области со сообраќаен метеж и сурови зими се`повеќе се размислува, мостот со подно греење е реткост за велосипедистите.

Покрај тоа, експертите од Германскиот велосипедски клуб (АДФЦ) наведуваат дека не знаат дека велосипедски мост со подно греење некогаш порано бил изграден.

Градовите низ Европа и на други места брзо ја подобруваат својата велосипедска инфраструктура, особено со воведување заштитени велосипедски патеки, со оглед на зголемувањето на бројот на велосипедисти за време на пандемијата.

„Загреаните мостови за велосипедисти имаат смисла“, рече портпаролката на АДФЦ.

„Солта не може 100 проценти да го отстрани мразот од патот, а истото важи и за мостовите“, додаде таа.

Судот во Франција ја казни државата со десет милиони евра

Највисокото правно тело во Франција денеска ја казни државата со 10 милиони евра, бидејќи не успеала да го подобри квалитетот на воздухот во одредени области на земјата.

Казната доаѓа четири години откако државниот совет, кој служи како правен советник на извршниот и врховниот суд, и наредил на владата да го намали нивото на азотен оксид и честички во повеќе од 10 зони, со цел да се усогласат со европските стандарди.

Во својата одлука, судот наведе дека владата на претседателот Емануел Макрон направила премалку за да го подобри квалитетот на воздухот во одредени зони, дека нивото на штетни гасови во 2020 година е превисоко во Париз и вториот по големина град, Лион.

притисни ентер