Во Италија најмал број новозаболени денеска од 10. март

Италијанското национално седиште за цивилна заштита во Рим одржа прес-конференција на која објави нови информации за починатите и болните во таа земја.

Според последните информации, во последните 24 часа починале 604 луѓе. Вкупно 17,127 луѓе починале во земјата од почетокот на епидемијата.

Вкупно 135.586 луѓе се разболеле во земјата од почетокот на пандемијата.

Во последните 24 часа имало 3039 нови пациенти, што е најмал број од 10. март, било кажано на прес-конференцијата.

Закрепнале 24.392 лица и активни болни се 94.067 случаи

Италија вчера забележа 636 смртни случаи.

Ова претставува значителен пад од 27 март, кога бројот на жртвите за еден ден се искачи на 969 .

Според официјалните бројки, Италија е земја со најголем број на жртви на светот.

притисни ентер