Во Ирак најголем број заразени од почетокот на пандемијата

Во Ирак се потврдени 4.229 нови случаи на коронавирус, најголем број нови инфекции од почетокот на пандемијата, соопштија здравствените власти.

Ирачкото Министерство за здравство соопшти дека се потврдени вкупно 172.583 случаи на КОВИД-19, а Ирак е на третото место по бројот на заразени лица на Блискиот исток, по Саудиска Арабија и Иран, јавува Би-Би-Си.

Од корона починале уште 76 лица, а вкупниот број на смртни случаи е 5.785.

Ролан Гарос ќе се игра пред публика

Пет илјади гледачи дневно ќе можат да ги следат тениските натпревари на грен слем турнирот Ролан Гарос, кој оваа година се одржува од 27 септември до 11 октомври, објавија денеска организаторите.

Квалификациите започнуваат во понеделник.

„Носителите на нумерирани билети за теренот „ Филип-Шатриер “ќе ги задржат своите билети и ќе имаат пристап до целиот стадион од 12 хектари, вклучувајќи ги терените Сузан-Ленглен и Симон-Матје. На сопствениците на билетите за терените Сузан-Ленглен и Симон-Матје ќе им се вратат парите“, напишаа организаторите на Твитер профилот на турнирот.

Пред околу десетина дена, Ролан Гарос воведе опција според која турнирот може да го следат секој ден 11.500 гледачи кои ќе бидат распределени во три независни сектори на три главни полиња: Филип-Шатјер (5000 места), Сузан-Ленглен (5000) и Симон-Матје 1500). Но, вчера тие мораа да ја намалат таа бројка на 5.000.

Разочараните купувачи на билети ќе имаат можност „да купат приоритетни билети“ во 2021 година, додаваат организаторите.

Ролан Гарос вообичаено се одржува кон крајот на мај и почетокот на јуни, но е одложен за есен поради пандемија на коронавирус.

Франција денеска ги урива рекордите со над 13 000 новозаразени со корона

Франција денеска објави 13.215 нови случаи на инфекција со коронавирус во последните 24 часа. Тоа е нов дневен рекорд, пренесува Ројтерс.

Покрај тоа, 123 лица починале од ковид-19, со што бројот на починати од коронавирус достигна 31.249.

Како што расте бројот на новоинфицирани, повеќето региони и градови во Франција имаат засилени ограничувачки мерки. Ница објави дека ќе забрани јавни собири на повеќе од 10 лица и ќе го ограничи работењето на локалите. Слични мерки во понеделникот веќе беа воведени во Марсеј и Бордо.

И Париз, каде заразата се шири најбрзо, забрани јавни собири на повеќе од десет лица. Властите испратија препорака да не се одржуваат приватни собири на повеќе од десет лица.

Британка со најголеми гради:Не можам да го достигнам воланот(ФОТО)

Леја Паркер од Лондон вели дека е горда што ги има „најголемите гради во Велика Британија“ на 25-годишна возраст и што потрошила над 10.000 фунти на нив.

Иако ги сака своите 32NN гради, и ги прифаќа како дел од себе, Леја сепак се жали дека нејзиното секојдневие е тешко.

Таа вели дека не може да го достигне воланот, да трча и дека мора да спие со перница на стомакот.

Таа исто така вели дека некои мажи и праќаат негативни коментари дека „нејзината мајка треба да се срами од неа“, пренесува „Мирор“.

Но, Леја не дозволува коментарите да ја поколебаат, бидејќи е горда на своето тело и заработува големи пари од тоа.

„Имав пет оперативни постапки, првата ја платив сама“, вели Леја, висока околу 160 см.

Леја вели дека отсекогаш имала големи гради (30Е) и дека и пречеле кога била тинејџерка, но дека сега целосно ги прифатила.

„Мажите во мојата индустрија ги обожаваат, а големите гради станаа дел од мојот бренд“, вели таа.

Вели дека има болки во грбот и рамењата и дека оди во теретана за да остане силна, но и дека дефинитивно ќе оди на операција за намалување на градите кога ќе престане да се занимава со манекенство.

притисни ентер