Во Индија е одобрено тестирањето на вакцина против Ковид-19

Вакцината против Ковид -19 на компанијата „ Bharat Biotech “ е првата во Индија што доби зелено светло од регулаторот на владата за тестирање во земјата со повеќе од 1,3 милијарди луѓе што бележи големо зголемување на нови заразени.

Индискиот регулатор за лекови го одобри барањето на компанијата да го тестира Коваксин, што е развиена во соработка со Националниот институт за вирологија, велат од компанијата.

Тестирањето на вакцините врз луѓето низ целата земја треба да започне во јули. Вакцината е развиена и произведена во фабриката „Бахрат Биотех“ во Хајдерабад.

Индија, која има помалку инфекции од Соединетите држави, Бразил и Русија, во понеделникот регистрира скоро 20 000 нови инфекции, покажуваат податоците на Министерството за здравство.

Во Индија повеќе од 16.000 луѓе починале откако првиот случај е забележан во јануари, што е малку во споредба со земјите со сличен број случаи.

Но, експертите стравуваат дека болниците во густо населената земја нема да можат да го издржат наглиот пораст на болните.

Вакцината сè уште не е одобрена за комерцијална употреба против коронавирус, но десетици вакцини ширум светот се тестираат врз луѓе.

Кинеската војска добила дозвола да ја користи вакцината „ковида-19“ што ја развиле нивната истражувачка единица и „CanSino Biologics“ , отккао по клиничките испитувања ја докажале безбедноста на вакцината и откриле одредена ефективност, велат од компанијата.

Дел од патот кон Пониква во прекин поради полициска вежба

Сообраќајот на регионалниот пат  Кочани кон Спортско рекреативниот центар Пониква на потегот од место викано „аеродром" до паркингот кај објектот на МВР ќе биде во прекин денеска во периодот од 08:00 до 16:00 часот .

Сообраќајот на регионалниот пат Кочани кон Спортско рекреативниот центар Пониква на потегот од место викано „аеродром" до паркингот кај објектот на МВР ќе биде во прекин денеска во периодот од 08:00 до 16:00 часот поради одржување на вежбовни активности од припадниците на МВР на Република Северна Македонија, информираат од СВР Штип.

СВР Штип апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Меланија Трамп го имаше последното обраќање во Белата куќа

Првата дама на САД, Меланија Трамп, утре ќе ја напушти Белата куќа.

По тој повод таа и се обрати на нацијата и истакна неколку проекти кои во последните четири години ги спроведе фамилијата Трамп, кога станува збор за обновата и одржувањето на Белата куќа.

„Во 2020 година нашата земја претрпе разорни и неочекувани загуби на живот заради пандемијата на ковид-19. Како што се ближи крајот на ова поглавје, важно е да се препознаат бројни луѓе без кои мојата улога на прва дама не би била можна“, нагласи Меланија и се заблагодари на сите вработени во Белата куќа кои помогнале на проектите кои ги работела.

Јавниот превоз денеска во Скопје по неделен возен ред

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) информира дека јавниот превоз денеска ќе функционира по неделен возен ред.

Посочуваат дека исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 55Б, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Дежурни ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар кои ќе работат од 7 до 19 часот, а од 7 до 13 часот отворена ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.

Изменетиот посочен режим, информира ЈСП, е поради верскиот празник Богојалвение (Водици).

притисни ентер