Во градинките и училиштата има шарлах и овчи сипаници

Во градинките и училиштата има вируси, ама и сипаници, алармираат докторите, во чии ординации двевно има по 80 деца што доаѓаат на прегледи. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Израел потврди дека ја добил листата на заложници

Израелската влада потврди дека добила список на заложници кои треба да бидат ослободени во текот на денот.

Хамас претходно објави дека денеска им ги предал на посредниците имињата на тројцата израелски заложници кои групата ќе ги ослободи во Газа.

-Бригадите Ал-Касам одлучија денеска, недела, 19 јануари 2025 година, да ги ослободат следните израелски затвореници, објави вооруженото крило на Хамас, објавувајќи ги имињата на трите млади жени киднапирани на 7 октомври 2023 година.

Камион натоварен со јаглен направи хаос во село во БиХ- урнати бандери, огради, куќи (ВИДЕО)

Невообичаена сообраќајна несреќа се случи денеска во Масловаре кај Котор Варош во БиХ, кога камион натоварен со јаглен изгубил контрола и оштетил делови од дворови на неколку куќи.

Како што може да се види на снимките, урнати се огради во неколку дворови, во еден од нив настрешница, а срушена е и бандера, што им направи дополнителни проблеми на мештаните, објави Независне.

Според локалните жители, се чини дека камионот превезувал руда од локалниот рудник, кој бил затворен со години, но неодамна повторно започнал со работа.

Во оваа несреќа за среќа нема повредени, а полицијата извршила истрага за утврдување на околностите на несреќата.

Министерот Минчев со честитка по повод Богојавление – Водици

Во мое лично име и во име на Министерството за јавна администрација, дозволете ми да Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Овој празник нè потсетува на значењето на верата, единството и љубовта меѓу луѓето.

Нека Богојавление донесе мир, здравје и благосостојба во Вашите домови.

Нека овој ден биде поттик за заедништво и зацврстување на врските во нашите заедници.

Со најискрени желби за радост и благосостојба,

Горан Минчев

Министер за јавна администрација

притисни ентер