Во Германија е пронајдено тело на 14- годишно момче, за убиството е осомничен врсник

Утрово во селото Блуменау е пронајдено тело на 14-годишното момче кое вчера било прогласено за исчезнато.

Полицијата се сомнева на убиство, а главен осомничен е уште еден 14-годишник, пишуваат германските медиуми.

Портпаролот на локалната полиција објави дека момчето било пријавено за исчезнато од роднините, а оттогаш полицијата и пожарникарите ја пребаруваат блиската шума со кучиња и полициски хеликоптер.

„Се појави осомничен кој би можел да биде одговорен за смртта на 14-годишното момче. Се уште не знаеме точно, но ги следиме сите траги“, изјавил друг полициски извор за германските медиуми. Портпаролот на полицијата додаде дека осомничениот се уште не е уапсен.

14-годишниот осомничен сам се пријавил во полиција. „Тој изјави дека е можно да го убил исчезнатиот 14-годишник. Тој исто така има 14 години и двајцата се познаваат. За тоа во моментов не можеме да кажеме повеќе“, изјавил портпаролот.

Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во коалиција против Данела Арсовска

Уште еднаш на дело се покажа коалицијата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ при денешното гласање во Заедница на единиците на локална самоуправа на Република Македонија.

Со здружени гласови на градоначалниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, претставници во ЗЕЛС, беше разрешена од позицијата претседател на ЗЕЛС, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Ова е само последниот пример за соработката помеѓу две партии на штета на граѓаните за нивните лични и теснопартиски интереси.

На постојниот политички естаблишмент очигледно му пречат луѓе со визија, вредни и чесни, луѓе кои се независни и делуваат исклучително во интерес на граѓаните. На СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ очигледно му пречат луѓе кои знаат да кажат не на корупцијата и криминалот, луѓе кои јавниот го ставаат пред бизнис интересот на врхушката во партиите.

Истите луѓе кои се најзаслужни за ерозија на македонското општество во сите сфери од денес ја превземаат контролата врз единствената национална асоцијација и непрофитна организација, во која на доброволна основа членуваат сите 80 општини и Градот Скопје.

Град Скопје

Санкционирани 80 возачи за брзо возење на подрачјето на СВР Охрид

МВР информира дека вчера, во периодот од 10.00 до 15.00 часот, на подрачјето на СВР Охрид биле извршени засилени сообраќајни контроли, при што биле санкционирани 80 возачи за брзо возење.

– За време на контролите полициските службеници затекнале и санкционирале 80 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената, од кои 18 од Охрид, Струга – 48, Кичево – 5, Дебар – 9, известуваат од полицијата.

Засилените сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од МВР.

Јаневска: Доцни исплатата на стипендиите

Доцни исплатата на стипендиите,  а на студентите не им се исплатени ниту парите за субвенциониран студентски оброк, се повеќе млади ја напуштаат државата.

Учениците и студентите останаа без поддршка од државата.

Доцни исплатата на ученичките и студентските стипендии. Наместо државата да ги мотивира, но и да им помогне на младите во овие кризни времиња, кога голем дел од семејствата одвај врзуваат крај со крај, тие се оставени да преживуваат како знаат и умеат.

Учениците кои се стекнале со право на стипендија во оваа учебна година, не добиле ниту денар. Од друга страна, резултатите од конкурсот за студентски стипендии за студиската 2022-2023 година уште не се објавени, а кој знае кога ќе им се исплатат парите на оние кои што ќе се најдат на списоците.

Да се спомене уште една од лагите на министерството и Владата – ветија порамнување на износите на стипендиите на старите и новите корисници, но од тоа нема ништо.

Нема пари ниту за субвенциониран студентски оброк, иако беше ветено дека ќе се исплаќа месец за месец. Министерството за образование и наука не може да го исплати износот од 120 денари, а не пак, како што најави да го зголеми тој износ.

И се ова е малку па натаму додаваме. Учениците запишани во Математичката гимназија цела недела губат часови по математички и информатички предмети. Немало средства да им се исплатат платите на професорите.

Тренерите во Спортските академии исто така не држат настава. Не им се продолжени договорите, а и не им се исплатени плати за неколку месеци.

Дали вака државата се грижи за младите? И дали вака државата треба да се грижи за младите? Дали ова е план можеби за принудно иселување од државата на младите? Кој го крои тој план? Ако ги погледнеме податоците колку ученици ја напуштиле земјава во последните неколку месеци, станува јасно дека во иднина никој тука нема да остане и никој во оваа држава не гледа иднина.

Жално. Време е оваа расипничка власт да си оди. Време е за предвремени избори.

Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер