Во Германија 16.774 нови случаи на заразени со коронавирус

Во Германија, потврдени се нови 16.774 случаи на коронавирус, со што нивниот број достигна 481.013, покажуваат денешните податоци на Институтот за заразни болести Роберт Кох (РКИ).

Според Институтот, бројот на жртви на коронавирус во Германија се зголемил за 89, на 10.272.

На светско ниво, според Ројтерс денеска наутро, повеќе од 44,2 милиони луѓе биле заразени со коронавирус, а повеќе од 1,16 милиони починале.

Да потсетиме, во Германија вчера беше одлучено дека земјата оди во нова блокада.

Ангела Меркел вчера и се обрати на јавноста откако се согласи на карантин на состанокот со премиерите на сојузните држави, што ќе стапи на сила од понеделник, 2 ноември.

Новите мерки, кои ќе траат четири недели и ќе стапат на сила на 2-ри ноември, се фокусираат првенствено на намалување на личните контакти на граѓаните и вклучуваат затворање на рестораните и ограничувања на собирите во приватниот и јавниот живот и забрана за патување на туристите.

Османи оствари средба со Дејвид Гир

Министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари редовна работна средба со Шефот на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија Амбасадорот, Дејвид Гир.

Предмет на разговорот беа актуелностите околу усогласувањето на Преговарачката рамка за почеток на ЕУ пристапните преговори на Македонија помеѓу земјите членки на ЕУ во Брисел, претстоечкиот одлучувачки Совет на ЕУ кој ќе се одржи на 8 декември и напорите да се надминат пречките од билатерален карактер со Бугарија.

„Особено го цениме активниот ангажман и принципиелниот став на Европската комисија за постигнување на консензус помеѓу земјите членки на ЕУ за предлог Преговарачката рамка за Македонија и закажувањето на Првата меѓувладина конференција во текот на Германското претседателство со Советот на ЕУ до крајот на 2020 година. Пристапниот преговарачки процес за членство во ЕУ нема алтернатива ниту План Б и дека без разлика на исходот на Советот во декември, Македонија ќе остане посветена на спроведување на реформите со ЕУ предзнак и на унапредување на добрососедските односи со сите соседи, вклучително и со Бугарија согласно Договорот за пријателство", истакна Османи.

Соговорниците разговараа и за актуелните внатрешно-политички случувања во државата, состојбата со Пандемијата предизвикана од Ковид-19, состојбите во Регионот, но и за имплементација на постигнатите придобивки од успешното ко-претседателство на Македонија и Бугарија со Берлинскиот процес.

Скопје и Тетово се најдоа на листата на најзагадени градови

Македонските градови убедливо котираат на светските листи по загаденост. 

Скопје синоќа пред полноќ беше петти најзагаден град на планетата со просечна концентрација од 177 микрограми на метар кубен ПМ10 честички. Тетово, пак, шампион според индексот на загаденост за средината на 2020 година со вредност 97,44 – далеку пред градовите од земји кои важат за екстремно загадени.

Екологистите алармираат дека ова е системски проблем кој бара внимание преку целата година а не само кога ќе се спуштат температурите. За Антонио Јовановски од невладината „Биди зелен“ фокусот треба да се удри врз индустријата. Бара законот за индустриски емисии кој веќе две години седи во фиока што побрзо да се најде пред пратениците.

„Законот за индустриски емисии да не се одложува бидејќи овој закон е подготвен уште во 2018 година, но се уште не е ставен во собраниска процедура поради тоа што тој закон во суштина ги покачува стандардите за квалитет на воздухот, односно сите оние стандарди за животна средина а самите индустрии не се спремни да инвестираат за да може да го подобрат своето работење.“вели Антонио Јовановски, НВО „Биди зелен“.

Јовановски додава дека инспекторите треба да ги има во многу поголем број, да работат синхронизирано и да се соодветно квалификувани за да нема селективно казнување на загадувачите.

„Главни извори на загадувањето, на крајот од денот, се сиромаштијата и корупцијата. Инспекторите кои што одат да ги проверат индустриските капацитети треба да не се подмитливи, треба да функционираат од интегритет а тие прашања се поврзани со партизација на јавна администрација.“вели Антонио Јовановски, НВО „Биди зелен“.

Скопскиот градоначалник Шилегов најави дека наскоро ќе се потпише договор за заедничка соработка меѓу локалните инспектори и помош од другите инспекторати кои не се директно поврзани со заштита на животната средина.

Продолжи судењето за „Меѓународен сојуз“, се изведуваат материјални докази

Пораки и Whatsapp комуникација помеѓу Боки 13 и екс пратеничката Фросина Ташевска Ременски од 2017 година се најде помеѓу доказите за случајот Меѓународен Сојуз. 

Во една од пораките Ременски му пишува:

-Боки душо, за вечер планирај да се видиме околу 21 часот. Јас досега се видов со неколку “фаци”.

Неколку дена подоцна пак откако Боки 13 и пишува дека и договарал средба со извесни младински организации на студенти со хендикеп и пишува:

Биди строга. Остави впечаток максимален. Јас те претставив како страв и трепет, добро е.

Екс пратеничката Ременски која во случајот е обвинета за помагање, пред почетокот на рочиштето рече оти има сознанија дека обвинителството ќе повлече дека од доказите против неа кои се однесуваат на прибавената документација од претресот во нејзиниот дом за кој тврди дека е незаконски. Таа најави и кривични пријави против лица во МВР и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Судењето започна во напната атмосфера и расправија помеѓу Боки 13 и судијката Софче Гаврилова Ефремова откако таа кажа дека претседателот на судот му го одбил барањето за нејзино изземање, по што тој повторно побара изземање на целиот Судечки совет.

-Се сомневам дека се работи за политички предмет, дека овој Судечки совет е контролиран од политичките власти, од премиерот Зоран Заев и сите останати високи функционери.-Боки 13 Обвинет во Меѓународен Сојуз.

Во случајот кој е во доказна постапка обвинети се и Јасна Мандиќ - Ерцеговиќ, заменик-претседателка на невладината организација, и асистенката на Боки, Христина Блажевска, како и неговиот татко Миле Јовановски за помагање во перење пари.

притисни ентер