Во Франција 10 милиони луѓе ја примиле првата доза на вакцината

Во Франција, повеќе од 10 милиони луѓе ја примиле првата доза на вакцина против ковид-19, постигнувајќи ја целта на владата за таа бројка една недела порано од планираното, изјави премиерот Жан Кастекс.

Франција се надева дека зајакнувањето на кампањата за вакцинација и едномесечното затворање во земјата, воведено минатиот викенд ќе помогнат во преземањето на контролата врз најновиот бран пандемија.

Ситуацијата во француските болници е „сериозна“, но има индикации за подобрување по воведувањето на затворањето, објави Министерството за здравство.

Во моментов, рекорден број на луѓе со ковид-19 се на интензивна нега, и тој број може да порасне уште повеќе во наредните денови. Министерството објавило дека вчера, 5.729 пациенти биле на одделенијата за интензивна нега низ целата земја, што е најголем број годинава.

Обновено: Пронајдена е исчезнатата жена од Скопје, сeмејството се заблагодарува

Пронајдена е исчезнатата жена од Скопје. Синот на Павлина им се заблагодарува на сите на помошта. 

Синот на Павлина им се заблагодарува на сите граѓани, а особено на полицајците од полициската станица Пролет, кои помогнале во пронаоѓањето на неговата мајка.

Јутјубер се расфрла со милиони по победата во боксерски меч (ВИДЕО)

Јутјуберот Џејк Пол објави нова фотографија на својот Инстаграм профил откако го доби третиот боксерски меч.

„1,5 милиони платени прегледи на натпреварите, собрани 75 милиони долари“, напиша тој во објавата покрај фотографијата на која позира со банкноти расфрлани низ тревникот.

24-годишната YouTube ѕвезда неодамна се фрли во боксерските води кревајќи голема прашина. Додека едни веруваат дека тој има место меѓу професионалните боксери, други веруваат дека за Пол тоа е само шоу, глуми и собира пари и дека неговата боксерска кариера ќе заврши штом влезе во ринг со професионален боксер.

Ќерката на Алек Болдвин и Ким Бесинџер се пофали со новата тетоважа на задникот (ФОТО)

Ирланд Болдвин ја покажа новата тетоважа на задникот, позирајќи во бикини.

25-годишната ќерка на Алек Болдвин и Ким Бесинџер се пофали на Инстаграм со новата тетоважа. „Ставив нова тетоважа затоа што сум импулсивна“, напиша таа покрај фотографијата во костим за капење, за која од вчера доби повеќе од 18.000 лајкови.

Тетоважите не и ’се туѓи на младата манекенка и актерка, со оглед на тоа што на рацете има разни дизајни. Уште во 2015 година, на нејзиниот зглоб и беше истетовиран зборот Écureuil (верверица на француски јазик), што е наводно прекарот што и го дал нејзиниот славен татко.

Ирланд исто така не се срами да го покаже своето тело, а во неколку наврати дури и Алек Болдвин реагирал на социјалните мрежи за тоа.

притисни ентер