Во експлозијата во Бејрут се уништени 85 000 куќи и станови

Либанската војска денеска објави дека завршила со расчистувањето и проценката на штетите во населбите во Бејрут уништени во експлозијата на почетокот на август, наведувајќи дека има 85.744 оштетени „единици“, вклучително и домови, болници и училишта.

Трагичната експлозија се случи на 4 август во пристаништето во либанскиот главен град, при што загинаа 190 лица и беа повредени 6.500 лица, а 300.000 останаа без домови.

Војската исто така додаде дека сè уште трага по девет лица наведени како исчезнати, меѓу кои петмина Сиријци, тројца Либанци и еден Египќанец.

Што се однесува до штетата, наведуваат дека „биле означени 85.744 оштетени единици“, што вклучува индивидуални објекти (60.818 станови и 962 ресторани) и поголеми згради (19.115 институции и компании, 12 болници и 82 училишта).

Постојат и 1137 археолошки локалитети, односно згради кои се под заштита или се поврзани со локалната традиција.

Армијата проценува дека се искршени 550.000 квадратни метри стакло и се оштетени повеќе од 108.000 внатрешни врати.

Овој преглед на ситуацијата е „доволен и донаторите не мораат да вршат понатамошна истрага“, изјави воен претставник на прес-конференцијата во Бејрут.

По експлозијата, пристигна хуманитарна помош од целиот свет и многу странски лидери дојдоа во посета, особено францускиот претседател Емануел Макрон, кој го посети Либан на 6 и на 31 август.

Под покровителство на Франција и ООН, на 9 август се одржа меѓународна конференција за помош на Либан, на која учесниците ветија дека ќе доделат над 250 милиони евра директно на либанскиот народ, а не на државните институции кои ги обвинуваат за корупција.

На неговата втора посета, Макрон најави дека ќе организира уште една донаторска конференција во Париз на крајот на октомври.

76-годишна бабичка и нејзиниот 23-годишен сопруг снимаат порно видеа:Немаме цензура (ФОТО)

Има 53 години разлика помеѓу Алмеда и Гери Хардвик, но како што тврдат, тоа не е пречка за нивната љубов.

Алмеда (76) и Гери (23) се венчале во 2015 година откако се запознале на погребот на нејзиниот син Роберт, пишува The Sun.

Тие се среќни што го споделуваат својот приватен живот со следбениците на социјалните мрежи, а откако отвориле заеднички профил на „ТикТок“,започнале да снимаат порно и да продаваат еротска содржина на страницата за возрасни „ Only Fans“.

Оваа страница им овозможува на регистрираните членови да ги споделат нивните провокативни фотографии и снимки и да заработат пари на нив, а се чини дека Алмеда и Гери добро го искористиле тоа.

"Отворивме сметка и покажавме сè, без цензура. Само за една недела влеговме во топ 10 од најследените профили", напиша Гери на Твитер.

По венчавката, двојката се преселила во куќата на Алмеда и сега живеат со еден од нејзините внуци, кој е три години постар од Гери.

„Не барав момче, но Гери наиде самиот“, рече Алмеда. „Веднаш знаев дека тој е вистинскиот.

Две недели по нивниот прв состанок, Гери веднаш ја запросил по телефон и наскоро го истетовирал нејзиното име на неговите гради.

"Алмеда е млада по душа и возраста не ни е проблем. Ние дури и не размислуваме за тоа. Јас само знам дека Бог одговори на моите молитви денот кога таа влезе во мојот живот", заклучил Гери.

Португалија планира во првата фаза да вакцинира 10% од населението

Владата на Португалија денеска објави национален план за доброволно и бесплатно вакцинирање на граѓаните против коронавирус и објави дека во текот на првата фаза, која ќе започне следниот месец, ќе се вакцинираат скоро 10% од населението.

Предност ќе имаат оние над 50-годишна возраст со претходно постоечки болести, како што се васкуларни или респираторни заболувања, здравствените работници од првата линија и жителите и персоналот во домовите за стари лица.

Првата фаза на вакцинацијата треба да заврши меѓу јануари и февруари, изјави Франциско Рамос, координатор на владината работна група за вакцини. Тој додаде дека вакцините ќе се администрираат на 1.200 локации во здравствените домови низ целата земја.

Во втората фаза треба да се вакцинираат околу 2,7 милиони луѓе, пишува Ројтерс.

„Вакцинацијата е голем фактор на успех во борбата против пандемијата“, рече Рамос.

Министерката за здравство Марта Темидо рече дека Португалија купува 22 милиони дози вакцина против ковид-19 во вредност од 200 милиони евра. Властите потпишале договори со производителите на вакцини CureVac, Pfizer-BioNTech, Moderna, Johnson & Johnson, Sanofi и GSK.

Првиот човек на Барселона: би го продал Меси, ќе нема плата за фудбалерите

Привремениот претседател на Барселона, Карлес Тускетс изјави дека ќе го продадел Лионел Меси минатото лето ако можел и откри дека платите на играчите ќе бидат одложени во јануари.

Марка неодамна објави дека долговите на Барселона во јуни годинава изнесуваат дури 488 милиони евра.

Поради големите долгови, Барселона се согласи да ги намали платите на играчите и членовите на стручниот штаб на клубот, со што заштеди 122 милиони евра оваа сезона и 50 милиони евра во следните три години.

Тукетс изјави дека ќе го продадел Лионел Меси да можел, откако Аргентинецот изрази желба да го напушти клубот минатото лето.

"Гледајќи од економска страна, би го продал Меси. Кога ќе погледнете што би добиле и што би заштедиле. Ла Лига воведува ограничувања на платите", рече Тукетс.

Тој додаде дека клубот ќе доцни со исплати на платите во јануари.

"Играчите нема да добиваат плати во јануари. Тие имаат две исплати. Едната во јануари, а другата во јуни. Овој јануари нема да има исплати. Ова е одложено исто како и другите исплати," рече Тукетс.

притисни ентер