Во државите од регионот вакцинацијата против Ковид-19 е во тек

Во голем дел од државите низ регионот вакцинацијата е веќе започната...Властите во соседна Србија најавија дека ќе добијат и дози руската вакцина...

Трката да се имунизираат што повеќе луѓе ширум светот против коронавирус оди малку побавно отколку што се очекуваше. Експертите за имунизација се на став дека сложената логистика го отежнува процесот. Главна пречка е дека вакцината „Бионтек-Фајзер“ првата која што е широко одобрена - бара ладење на екстремно ниски температури и две дози во рок од три недели за целосен имунитет.

Дали е подобро повеќе луѓе да примат само една доза на вакцината или помалку луѓе да бидат целосно имунизирани е прашањето кое што отвори дебата помеѓу експертската јавност.

„Податоците од клиничките испитувања направени на вакцината Оксфорд откриле дека три недели по првата доза луѓето имаат 64% заштита од добивање на инфекција, што секако е одлична, но исто така откриле дека никој не бил хоспитализиран по три дози по првата доза на вакцината Оксфорд, така што тоа е заштита од сериозно боледување и хоспитализација и последователна смрт.

Ова е навистина важно биедјќи здравствениот систем во Британија во моментот е под силно оптоварување и може да биде преоптоварено наскоро, затоа треба да ги чуваме луѓето надвор од болниците, а сите досегашни податоци покажуваат дека една доза од вакцината Оксфорд ќе го направи токму тоа.“

Две милиони дози на Оксфордската вакцинaта неделно ќе бидат доставувани во Велика Британија, објавија британските медиуми. Првите две милиони дози треба да стигнат во британските болници веќе следната недела, откако Британија во средата ја одобри вакцината Оксфорд-АстраЗенека против корона вирус, со цел да се запре порастот на заразени лица. Пробните податоци сугерираат дека оксфордската вакцина иако е нешто помалку ефикасна од конкурентската на „Фајзер“, но многу полесно се чува и транспортира. Британија планира да вакцинира милион луѓе неделно од 4 јануари.

„Нашата јасна порака е дека можете да имате доверба за безбедноста и ефикасноста и во квалитетот на вакцината на АстраЗенека“

Светската здравствена организација вчера ја издаде првата итна дозвола за користење на вакцина против ковид-19. Станува збор за вакцината на Фајзер и Бионтек која веќе се користи во Велика Британија, САД, ЕУ и уште неколку други држави. Во Москва пак, 50.000 луѓе беа вакцинирани против коронавирусот до новогодишните празници, а околу 100.000 дневно се пријавуваат за вакцинација, објавуваат руските медиуми. И во Индија, вакцината на АстраЗенека доби зелено светло за масовна имунизација. Индија по САД, има најголем број потврдени случаи на заразени од Ковид-19 во светот.

Гризман се враќа на тренинзите во Атлетико Мадрид

Напаѓачот Антоан Гризман се врати на тренинзите со Атлетико Мадрид, објави „Marca“.

Триесет и двегодишниот Французин поради повреда ги пропушти мартовските натпревари на неговата репрезентација. За прв пат по 2017 година Гризман не играше за „триколорите“.

Оваа сезона Гризман одигра 38 натпревари на кои постигна 19 голови и имаше 7 асистенции.

Договорот на Французинот со Атлетико Мадрид е до крајот на јуни 2026 година.

Вулканот Ибу во централна Индонезија повторно исфрли пепел во висина од два километри

 Повторно е регистрирана ерупција на вулканот Ибу во провинцијата Северно Малуку во централна Индонезија, јавија индонезиските медиуми.

Вулканот исфрли пепел во висина околу два километри. Претходната ерупција беше на 26 март.

Локалните власти им забранија на жителите од регионот да се приближуваат до кратерот на растојание помало од два километри и ги повикаа луѓето да носат заштитни маски за да спречат респираторни заболувања.

Индонезискиот архипелаг, кој е најголем во светот, се состои од 18 илјади острови. Се наоѓа во таканаречениот огнен прстен на Пацификот, па во регионот е забележана силна сеизмичка активност. Во Индонезија има повеќе од 500 вулкани, од кои 130 се активни.

Американската централна банка потврди рекордна загуба

Американската централна банка потврди дека минатата година ја завршила со рекордна загуба од 114,3 милијарди долари, со повеќекратно повисок трошок на каматите на депозитите на комерцијалните банки.

Во 2022 година, Федералните резерви (ФЕД) работеа со нето добивка од 58,8 милијарди долари.

Деловниот извештај за минатата година го отсликува влијанието на зголемените основни каматни стапки, од нула на важечките 5,25 до 5,5 отсто, со цел да се спречи инфлацијата.

ФЕД почна агресивно да ги зголемува во пролетта 2022 година, што значи дека им исплатува камата на депозитите на банките, паричните фондови и другите финансиски компании.

Минатата година им биле исплатени 176,8 милијарди долари, во споредба со 60,4 милијарди долари во 2022 година, според ревидираните податоци.

Исплатата на каматите од обратните репо операции се зголемија од 41,9 милијарди долари на 104,3 милијарди долари.

Приходите на ФЕД од купените обврзници останаа повеќе или помалку на нивото од 2022 година и изнесуваа 163,8 милијарди американски долари.

притисни ентер