Во државата Њујорк нови 779 починати , состојбата се стабилизира

Државата Њујорк забележа нов рекорден број смртни случаи од коронавирус во последните 24 часа откако 779 лица починаа, но прогресијата на пандемијата се стабилизира, рече денес гувернерот Ендрју Куомо.

„Мерките за воздржаност и прекин на активностите што не се потребни, дадоа резултати“, рече гувернерот. Кривата на раст на новите хоспитализации паѓа, објасни тој на прес-конференцијата.

Околу 586 лица се хоспитализирани во последните 24 часа, сличен број на претходните три дена, но значително помал од оние што се регистрирани во државата помеѓу 25 март и 3 април, со повеќе од 1.000 хоспитализации на ден, освен на 27 март.

„Не излеговме од неволјата“, предупреди Ендрју Куомо, потсетувајќи дека во државата Њујорк 6268 луѓе починале од „Ковид-19“ и дека 779 смртни случаи во изминатите 24 часа го надминуваат рекордот на 731 смртни случаи во вторникот.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, денес призна дека официјалните податоци се значително пониски од вистинскиот број на смртни случаи од коронавирус во Њујорк, бидејќи многу смртни случаи дома не биле пресметани во тие податоци.

„Застојот во хоспитализациите е директно поврзан со нашите постапки и нашето однесување“, истакна гувернерот. „Ако ги прекршиме, ќе видите промена во правецот на кривата. Никој не рече дека го достигнавме врвот“, објасни тој.

Лидерот на Националната гарда на САД објави денеска дека бројот на војниците кои помагаат во борбата против коронавирус ќе се зголеми за повеќе од 10 000 во следната недела или две.

Генералот Џозеф Ленгил им рече на новинарите во Пентагон дека повеќе од илјада трупи на Националната гарда биле вклучени во напорите секој ден и им било одобрено да можат да распоредат до 44.000 војници. Во моментов скоро 29.000 војници помагаат низ САД.

притисни ентер