Во Делчево поради позитивни случаи или контакт , онлајн настава следат 128 ученици

 Поради позитивни ковид случаи или контакт со позитивни на вирусот во делчевската деветолетка „Ванчо Прке” онлајн настава следат 128 ученици. 

Како што информираше советникот за образование при Општина Делчево, Ванчо Новоселски, најголем дел од учениците кои следат онлајн настава се од четврто до деветто одделение.

– Во ова училиште позитивни од прво до трето одделение има два ученика, од четврто до деветто одделение таа бројка изнесува седум ученици. Тука влегуваат и пет наставници, од кои двајца се во изолација, поради контакт со заразено лице, вели Новоселски.

Правилата, како што додаде, налагаат доколку има еден позитивен ученик, цела паралелка да оди во изолација, поради што во моментот има поголем дел ученици кои се во изолација.

-Од таа причина во деветолетката „Ванчо Прке” имаме осум паралелки со 128 ученици кои учат од дома, односно следат онлајн настава. Тоа се 43 ученици од прво до трето одделение и 85 ученици од четврто до до деветто одделение, додаде Новоселски и посочи дека бројката може да варира, бидејки дел од позитивните излегуваат од изолација.

Тој напомена дека ситуацијата во деветолетката „Св.Климент Охридски” и гимназијата „Методи Митевски – Брицо” е стабилна. Во ООУ „Св.Климент Охридски” поради контакт со позитивни во изолација се четворица ученици и еден наставник, додека во гимназијата три ученика и еден наставник се во изолација поради контакт со позитивно лице.

Сиљановска: Граѓаните и Македонија треба да бидат повторни горди!

Македонија повторна горда. Ова е слоганот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и колицијата  за претседател Гордана Сиљановска кој го презениташе предмалку. 

Таа смета дека не само државата, туку и на граѓаните треба да бидат повторно горди. Таа обвини дека во земјава се правело културоцид.

ВМРО-ДПМНЕ ја претстави предизборна коалиција наречена „За твоја Македонија“

Коалицијата „Обнова за Македонија“ стана „Твоја Македонија“, ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше соработката со 24 политички партии и организации со кои потпишаа договор за стратешко коалицирање за претстојните избори.

На досегашните традиционални коалициони партнери се приклучија Достоинство на Стојанче Ангелов, Демократски сојуз на Павле Трајанов, Обединети за Македонија на Љубе Бошковски, Македонски Концепт на Петар Богојески и новоформираната бошњачка партија на Сафет Бишевац. Дали сепак некој од нив ќе добие пратеничко место на изборните листи, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски не откри со најава дека ќе се знае утре на промоцијата на кандидатите, иако од партијата во неколку наврати посочија дека новите коалициони партнери нема да се најдат на листата со кандидати за пратеници. Мицкоски рече дека коалицијата се обврзува за реализација на партиската програма, каде приоритет ќе бидат економијата, борбата со корупцијата и враќање на довербата на граѓаните во институциите.

-Коалицијата „Твоја Македонија” се обврзува дека при реализацијата на програмата за претседателските и парламентарните избори во 2024-тата година, целосно и недвосмислено ќе се водиме од принципите на одговорност и транспарентност во политичкото дејствување. Свесни за девастирачкиот карактер на политиките на неодговорната владејачка клика, обзнануваме дека развојот на економијата, економскиот раст, домашните и странски инвестиции, како услов за отворање на нови работни места и подобар живот на граѓаните, се врвни приоритети на партиите- Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски смета дека во СДСМ се свесни дека на претстојните избори ќе претрпат пораз, а според информациите кои тој ги има веќе во штабот на Бикаќка се лицитирало со бројки за тоа колку со колку пратенички места ќе загубат на изборите.

„ Номрлано е дека Ковачевкси ќе се обиде да најде начин да го мобилизира своето членство. Јас не очекувам дека тој сега ќе излезе ќе развее бело знаме предадени сме завршена е работата иако во тие меѓупартиски состаноци јасно им е и на нив и си кажуваат лицитираат со бројки колкав ќе биде поразот дали ќе биде со 30 пратнеика разлика, помалку од 30 итн. “-Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека неговата коалиција ќе води позитивна кампања која за претседателските избори официјално почнува во четврток.

Пратеничките листи, партијата ги потврди синоќа на највисоките органи на партијата.. ќе ги предводат Мицкоски, Мисајовски, Ковачки, Николоски, Сајкоски и Дафина Стојановска, а на нив се речиси сите пратеници од актулената пратеничка група.

Тен Хаг го потврди враќањето на Лисандро Мартинез

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, потврди дека Лисандро Мартинез најверојатно ќе се врати во тимот за утрешното гостување кај Брентфорд.

Аргентинецот тренира со полна брзина најмалку десетина дена и ќе може да се врати од повредата на коленото, а добра вест за „црвените ѓаволи“ е што на располагање ќе бидат и други играчи кои имаа проблеми.

-Да, има шанси да се врати во тимот. Ни недостигаше на секој меч што го пропушти бидејќи внесува смиреност во тимот. Во исто време, тој има менталитет на победник и тоа го покажува многу јасно, но може да го пренесе и на другите, што многу придонесува за нивото на нашиот настап. Има и други фудбалери кои се вратија на теренот и веќе тренираат. Очекувам дека и Лук Шо ќе биде подготвен пред крајот на сезоната, такви се прогнозите, ја објасни ситуацијата тренерот.

притисни ентер