Во Дебар 45-ти ден нема новозаразени со КОВИД-19

Епидемилошката состојба во Дебар кој беше првото жариште на КОВИД-19 во државава е стабилна.

Веќе 45-ти ден нема ново заразени, а како што потврдуваат од Општата болница во Дебар, нема ниту пациенти кои се јавуваат со сомнителни симптоми на вирусот.

Бројот на заразени останува 51 од кои две лица се од Центар Жупа. Излекувани се 47, а починати се четворица.

Според полициската статистика, во самоизолација се три лица кои редовно се контролираат од страна на полициските службеници.

-Во текот на изминатото деноќие, полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, во Дебар извршиле и 12 контроли врз угостителски и други објекти. Во исто време издале осум прекршочни налози на физички лица за сторен прекршок спротивен на уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето, изјави Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Како што информираат од Општинскиот оперативен штаб, и натаму се распределува хуманитарна помош за семејства кои се во потешка социо-економска состојба. Распределбата се врши врз основа на список подготвен од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, Црвениот крст и хуманитарните здруженија кои делуваат во градот.

Француски епидемиолог : Ништо од вакцина до 2022 година

Францускиот епидемиолог Арно Фонтан не очекува целосно ефикасната вакцина против коронавирус да биде достапна пред 2022 година.

"Развојот на вакцината, како по правило, трае неколку години. Би бил изненаден ако имавме ефикасна вакцина во 2021 година", изјави Фонтан за БФМТВ.

Советникот на француската влада ги повика граѓаните да ја задржат дистанцата и да ја сфатат пандемијата многу сериозно.

Фонтан рече дека граѓаните ќе треба да живеат со коронавирусот подолго време и оти затоа е потребно да се придржуваат кон мерките.

„Ајде да ги следиме правилата за дистанца ова лето - барем тоа“, истакна тој, додавајќи дека најголемата опасност доаѓа од големите собири.

„Само Вистина" со д-р Никола Пановски

Во вечерашната „Само Вистина“ гостуваше д-р Никола Пановски.

Се исполнија псимистичките прогнози, состојбата е резултат на непочитување на мерките, особено што голем дел од населението не се придржува до мерките, рече д-р Пановски.

Укинувањето на забраната во кафулиња и ресторани да седат само двајца на една маса не е толку проблематично но доколку се седи на отворено, проблем е затворениот простор, рече д-р Пановски.

Кога ќе дојде есен се плашам од враќањето во затворен простор, потребно е што повеќе да ги проветруваме просториите и особено да внимаваме со климатизерите, да ја заборавиме функцијата за вртење на воздухот внатре, порача д-р Пановски.

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само Вистина".

СЗО : Во Конго се шири ебола , има 50 заболени

Ебола се шири во Демократска Република Конго со скоро 50 познати случаи низ регионот по должината на границата со Република Конго и Централноафриканската Република, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Бидејќи властите прогласија епидемија на 1 јуни, потврдени се 48 случаи во Конго, а уште тројца се сомнителни , додека вкупно починале 20 лица, изјави експертот на СЗО, Мајк Рајан.

„Ова е многу активно жариште и јас би рекол дека имаме голема причина за загриженост“, изјави Рајан пред новинарите.

Тоа е голема географска област која вклучува дел од реката Конго и по неа луѓето патуваат на големи растојанија и заедниците се многу поврзани.

„Предупредувам дека сега дека бројките се мали, а во ерата на ковид-19 многу е важно да не ги губиме предвид другите болести што се појавуваат“, рече Рајан.

Тој потсети на одделните појави на епидемии во провинциите Северен Киву и Итури во источен Конго, каде бил прогласен крајот на епидемијата на ебола во јуни. Во овие области биле потврдени 3463 случаи, а за две години починале 2277 лица.

притисни ентер