Во Центар санкционирани 72 возачи, деветмина без возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи изрече 72 мерки во акциски контроли во областа на сообраќајот  спроведени вчера на територијата на Општина  Центар.

МВР соопшти дека 72 возачи се казнети, меѓу кои девет за возење без возачка дозвола, шест за нерегистрирани возила, осум санкции за користење мобилен телефон.

Изречени се и четири мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз и девет санкции за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Генијална тактика или случајност за доцнење на вакцините во Македонија?

Додека Македонија ја чека првата пратка на  Астра Зенека вакцини,  Австрија ја откажа последната пратка на оваа вакцина, поради смрт  на една 49 год.жена која починала а една 35 год. развила емболија по примање на оваа вакцина.

Агенцијата Ројтерс објави текст кој е малку загрижувачки. Имено агенцијата се обидела да ги контактира Астра Зенека за некаков коментар, ама до објавување на нивниот текст не добиле никаков одговор.Во текстот се вели:

„БАСГ добил два извештаи кои се поврзани со вакцина од истата серија на АстраЗенека, а пациентите ја примиле на клиника во градот Цветл во провинцијата Долна Австрија“

Според извештајот, 49-годишната жена починала како резултат на сериозно нарушување на коагулацијата на крвта, а 35-годишна имала белодробна емболија, но се опоравува.

Белодробна емболија е акутно нарушување предизвикано од ненадејна акумулација на згрутчена крв во пулмоналната артерија со последователна опструкција на протокот на крв во белодробното ткиво.

„Во моментов, нема докази за причинско-последична врска на гореспоменатите состојби со вакцината и вакцинацијата“, објави БАСГ.

Швајцарскиот весник Niederoesterreichische Nachrichten, телевизијата ОРФ и новинската агенција АПА објавија дека и двете жени биле медицински сестри, вработени на клиниката во градот Цветл.

Во соопштението на БАСГ се вели дека згрутчувањето на крвта не е меѓу познатите несакани ефекти на вакцината и се додава дека веднаш е покрената истрага за целосно исклучување на каква било потенцијална врска помеѓу вакцината и овие здравствени проблеми, односно фаталниот исход.

„Како претпазливост, повеќе не ги користиме преостанатите залихи од оваа серија вакцини на АстраЗенека“, се вели во соопштението.

Новинската агенција АПА го цитира портпаролот на АстраЗенека дека компанијата е во контакт со австриските власти и ја поддржува истрагата.

Агенцијата потсетува дека вакцината била одобрена и од Европската агенција за лекови и Светската здравствена организација врз основа на глобално клиничко испитување во кое учествувале 23.000 испитаници.

„Сите досегашни проценки покажаа дека вакцината на АстраЗенека против ковид-19 е безбедна и ефикасна“, објави АПА.

Регулаторите на Европската унија ја одобрија вакцината на 30 јануари, со објаснување дека е ефикасна и безбедна за употреба. Несаканите ефекти забележани за време на студијата главно траеле кратко и не биле забележани проблеми со коагулација на крвта.

линк до оригиналната вест

Со авион на „Eр Србија“ пристигна првата пратка од руските вакцини „Спутник V“

Со авион на „Ер Србија“ пред малку на скопскиот аеродром пристигна првата пратка од руските вакцини „Спутник“...

Вакцините, вкупно 3.000, се во соодветно пакување, а ќе се чуваат на – 18 до -20 степени, за што потребната инфраструктура е подготвена. Вакцините ќе бидат ставени во посебни фрижидери, по што ќе се организира и процесот на вакцинација во пунктовите во Здравствениот дом – Скопје. Како што изјави министерот Филипче, вакцинацијата веројатно ќе почне во среда.

Според Филипче, од кинеската вакцина се очекуваат 200.000 дози од кои одредена количина може да дојде за кратко време, но се уште не е точно потврдено кога.

Рускиот амбасадор рече дека вакцината ќе придонесе за спасување човечки животи и за враќање на македонската економија на траекторијата на раст.

Барселона избира нов претседател по апсењето на Бартомеу

Барселона денеска избира нов претседател, четири месеци по оставката на Јозеп Марија Бартомеу и неполна недела по апсењето на поранешниот претседател заради аферата Барсагејт.

Жан Лапорта, Виктор Фонт и Тони Фреикса се кандидати за 42-от претседател на Барселона. За победникот одлучуваат 110.290 полноправни членови на клубот, од кои 20,7% веќе ги испратиле своите гласови по пошта, што е дозволено за прв пат поради пандемијата.

Останатите денеска излегуваат на шест избирачки места во Барселона и другите каталонски градови, кои се отворени од 9 до 21 часот. Гласањето надвор од Барселона исто така е дозволено за прв пат поради пандемијата. Досега гласањето можело да се одвива само лично во главниот град на Каталонија.

притисни ентер