Во Букурешт почнува дводневен состанок на министрите за надворешни работи на НАТО

Во главниот град на Романија денеска почнува дводневен состанок на министрите за надворешни работи на членките на НАТО, чиј фокус ќе биде на зајакнување на поддршката за Украина во нејзината борба против руската инвазија.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг најави дека учесниците на состанокот во Букурешт ќе посветат најголемо внимание на „илегалната војна на Русија во Украина, која продолжува да ги загрозува евроатлантскиот мир и безбедност“.

Министрите на 30-те членки на НАТО ќе разговараат и за прашањето за приклучување на Шведска и Финска во Алијансата и активностите на Кина, за која Столтенберг рече дека „го зголемува своето присуство од Арктикот до Западен Балкан и се стреми да ја контролира важната инфраструктура на НАТО сојузниците“.

Една од темите на состанокот ќе биде зајакнувањето на помошта за Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија, „земји партнери кои на различни начини се соочуваат со руски притисок“, рече Столтенберг.

За време на дводневниот состанок ќе се одржат три состаноци на Северноатлантскиот совет, клучното тело на НАТО за донесување одлуки.

Заедно со министрите на членките на НАТО, на сите три средби ќе учествуваат и шефовите на дипломатиите на Шведска и Финска, земји чиј пристап во Алијансата се очекува наскоро. Сите членки на НАТО го потпишаа протоколот за прием на Шведска и Финска, а само Унгарија и Турција не го ратификуваа.

Денеска ќе се одржи работна вечера на која на министрите за надворешни работи на 30-те членки на НАТО, Шведска и Финска, ќе им се придружи и министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба.

Утре ќе се одржат два состаноци на Северноатлантскиот совет на НАТО. На шефовите на дипломатиите на членките на Алијансата, Шведска и Финска, на вториот состанок ќе им се придружат и министрите за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија.

Столтенберг непосредно пред почетокот на дводневниот состанок ќе одржи говор на форум организиран од романскиот огранок на Институтот Аспен и германскиот Маршалов фонд, со поддршка на НАТО, а потоа ќе има билатерална средба со шефот на американската дипломатија, Ентони Блинкен.

На прес-конференцијата по повод состанокот во Букурешт, Столтенберг во петокот во Брисел рече дека Алијансата ќе продолжи да дава силна поддршка на Украина за нејзината одбрана од руската агресија, бидејќи во случај на победа на Русија, целиот свет со години ќе плаќа висока цена.

– Рускиот претседател (Владимир) Путин не напредува во Украина, па затоа одговара со поголема бруталност. Брановите на намерни ракетни напади врз цивилната инфраструктура ги оставија Украинците во тешка состојба пред зимата. Ужасните напади врз цивили и важна цивилна инфраструктура, вклучувајќи и училишта и болници, се воени злосторства и оние кои стојат зад нив ќе мора да одговараат, рече Столтенберг.

Тој изрази очекување дека министрите во Букурешт ќе се согласат да ја зголемат испораката на несмртоносна помош за Украина, која вклучува гориво, медицински материјали и зимска опрема.

Борел: Земјите-членки на ЕУ треба да ги испратат своите противракетни системи во Украина

Повеќе од две години по почетокот на руската инвазија, Украина се соочува со недостиг на муниција, републиканците во американскиот Конгрес ја блокираат клучната воена помош, а ЕУ не успева да достави доволно муниција навреме.

Земјите-членки на Европската Унија треба да ги испратат своите противракетни системи за да се зајакне воздушната одбрана на Украина додека Русија ги напаѓа нејзините градови, изјави денеска шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, предупредувајќи дека Европа не може да се потпре само на Вашингтон за помошта за Киев.

Повеќе од две години по почетокот на руската инвазија, Украина се соочува со недостиг на муниција, републиканците во американскиот Конгрес ја блокираат клучната воена помош, а ЕУ не успева да достави доволно муниција навреме.

- Имаме Патриоти, имаме противракетни системи. Мораме да ги извадиме од нашите касарни, каде што се за секој случај, и да ги испратиме во Украина, каде беснее војна, изјави Борел за новинарите на состанокот на министрите за надворешни работи од земјите -членки на Г7, кој се одржува на италијанскиот остров Капри.

- Во спротивно, електроенергетскиот систем на Украина ќе биде уништен. А ниту една земја не може да се бори без струја во домовите, во фабриките, за интернетот, за сè, додаде тој.

Противвоздушната одбрана на Украина е клучно прашање за министрите собрани во Италија, откако Германија вчера апелираше до Европската Унија и НАТО да направат повеќе за да му помогнат на Киев.

– Сигурен сум дека ќе го направиме тоа, но мораме да го направиме брзо, рече Борел, додавајќи дека жали што „внатрешната политика“ во Соединетите Американски Држави го одложува многу потребниот пакет помош за Украина во вредност од 60,84 милијарди долари. .

- Не можеме да зависиме само од САД. Мораме да ја преземеме сопствената одговорност и да престанеме да велиме: „Доволен е САД“, потенцираше високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

Вработените во културните институции од утре на протест поради неисплаќање на мартовската плата

Вработените во културните институции од утре почнуваат со протести кои нема да запрат се до исплаќањето на платата за месец март усогласена со колективните договори.

Како што најави на денешната прес-конференција претседателката на Синдикатот на културните работници Вера Атанасовска, тужбите за задоцнета исплата на плата во моментот се процесуираат.

Протестите ќе се одржуваат пред Министерството за култура секој ден од 13 часот.

-Платата за месец март во културата не е исплатена. Сите законски рокови се пробиени и три илјади вработени во културата се уште немаат земено плата. Добив повик од кабинетот на министерката за култура каде ми соопштија дека денеска во 13 часот треба да имаме состанок во Министерството за финансии. За што ќе биде точно состанокот не сум информирана, меѓутоа веднаш после тоа од институциите за култура добив повици во коишто кажуваат дека вработени од Министерството за култура им се јавувале во институциите и кажувале платата да се исплати без усогласувањето согласно колективните договори, посочи Атанасовска на прес-конференцијата пред Министерството за култура.

Според Атанасовска, за неколку дена три илјади вработени во културата заедно со нивните семејства ќе останат и без здравствено осигурување.

-И денес на 18 април плата за месец март се уште нема. Сите добро знаеме дека секогаш кога се спроведуваат колективни договори и кога се даваат финансиски ветувања истите треба да бидат усогласени со Министерството за финансии. Како министерката за култура на 1 април од истото ова место ветуваше покачување на платите за март ако претходно тоа исто покачување не го договорила со министерот за финансии за сега кој да биде виновникот за неисплаќањето на платите во културата, додаде Атанасовска.

Според Атанасовска, ова не само што ја загрозува егзистенцијата на оние кои се посветени на уметноста и културата, туку го поткопува и интегритетот на нашите културни институции.

-Без разлика на причината, ефектот останува ист – деморализирана културна работна сила и намалена национална култура во колапс и пред протест и штрајк, појасни Атановска.

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов на прес-конференцијата денеска посочи дека платите треба денеска да се исплатат согласно колективниот договор. Во спротивно, како што рече, од утре почнуваат протестите.

Тој напомена дека од денеска ќе зависи дали тие протести ќе бидат само пред Министерството за култура или и пред Министерството за финансии.

-Пред две недели бевме тука и слушнавме дека министерката за култура дава целосна поддршка и го зборува тоа што го зборува и синдикатот – платите во културата растат за 12 проценти. За жал, две недели подоцна тоа се уште се нема случено и ние сме загрижени дека мерењето на политичката сила на грбот на овие работници е неприфатливо и не смее да се случи во едно демократско општество. Се разбира дека ССМ во изминатиот период покажа дека нема да молчиме и покрај сите притисоци што ги добиваме и ние во ССМ, меѓутоа и синдикатите, рече Трендафилов.

Тој ја повика министерката за култура денеска да направи максимални напори платите до крајот на работното време да легнат на сметките на вработените во култура.

-Доколку не, се гледаме утре на протест, се гледаме и други ден и така се’ до исполнување на нашите барања. Не бараме преку леб погача, бараме плата, а платата веќе сме си ја изработиле а ја работиме и новата плата за месецот кој треба да го добиеме во месец мај. Недозволиво е ова да ни се случува особено 15 дена пред избори. Недозволиво е 15 дена пред избори да барате наш глас, а притоа да не не’ плаќате како што треба – зборуваме за плати, не зборуваме за мито и корупција. Немаат изговор, платата најдоцна до крајот на денот доколку не легне во текот на утрешниот ден започнуваат протестите, додаде Трендафилов.

СДСМ: Програма за европска иднина

СДСМ и Коалицијата за европска иднина имаат јасна визија и конкретен план, како да обезбедиме европска иднина за нашите граѓани и уште поголеми плати и пензии, повеќе инвестиции, повеќе и подобри работни места! 

Да обезбедиме правда и грижа за сите, да создадеме европски квалитет на живот, безбедност, мир и стабилност, да станеме членка на Европската Унија, за да оставиме држава за младите, нашето најголемо богатство!

Имаме Програма за европска иднина! Јасна, прецизна, конкретна, реална, програма за сите!

Нема откажување од иднината!

Прочитајте ја програмата за европска иднина достапна на интернет страницата на СДСМ на следниот линк: https://sdsm.org.mk/parlamentarni-izbori-2024

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

притисни ентер