Во Британија од коронавирус би имало меѓу 7.000 и 20.000 жртви

Бројот на смртни случаи од коронавирус во Велика Британија би можел да достигне помеѓу 7.000 и 20.000 и покрај преземените мерки за да се забави ширењето на вирусот, рече Нил Фергусон, професор на лондонскиот Империјал колеџ.

Фергусон за Би-Би-Си изјави дека експертите веруваат дека бројот на загинатите „може да биде некаде помеѓу 7.000 и 20 000 или нешто повеќе од тоа“.

„Експоненцијално зголемената крива се појави кај нас кога станува збор за бројот на заразени лица, што ја запревме во одреден момент“, рече британскиот епидемиолог.

"Во моментов не можеме да потврдиме колку луѓе се заразени со вирусот. Ова ќе го знаеме кога ќе бидат достапни тестовите со антитела. Затоа, објавуваме статистички проценки кои се предмет на неточности и непознати."

Фергусон рече дека има „некои индикации“ дека карантинот придонел за побавно ширење на вирусот. Тој исто така рече дека епидемијата може да достигне врв во следните седум до десет дена.

"Сега е круцијално за нас колку брзо се намалува бројот на заразни случаи. Тоа зависи од ефективноста на преземените мерки". рече тој.

Стивен Пауис, доктор и директор на британскиот NHS, минатата недела изјави дека крајниот исход, доколку бројот на загинати во Велика Британија се задржи под 20.000, „ќе биде многу добар“.

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека Велика Британија ќе го „победи“ коронавирусот доколку луѓето останат дома и ги следат владините упатства.

Министерот за здравство Мет Ханкок денеска за Би-Би-Си изјави дека Велика Британија ќе мора да воведе дополнителни ограничувања кога станува збор за вежбање на отворено, доколку жителите не ги исполнуваат правилата за карантин, воведени за да го спречат преносот на коронавирусот.

„Во моментов, огромното мнозинство луѓе се придржуваат кон нив, но правилата не треба да се кршат, бидејќи тоа би значело дека вирусот ќе се шири уште подалеку, во тој случај можеби ќе треба да преземеме дополнителни мерки“.

притисни ентер