Абдеслам во Франција веќе е осуден на доживотен затвор без можност за намалување на казната за нападите во Париз на 13 ноември 2015 година.
Обвинети се деветмина напаѓачи, од кои двајца се во бегство.
Електромеханичарот Салах Абдеслам пред судот го кажа своето име, а Швеѓанецот со сириско потекло Осама Крајем одби да стане и да каже ниту еден збор. На десеттиот напаѓач, Усами Атар, му се суди во отсуство иако се верува дека загинал во Сирија.
Првиот ден од судењето е посветен на формирање на поротата. Во Белгија, тероризмот се суди со помош на порота од 12 членови, на кои им помага тричлена судска комисија. Поротниците имаат по двајца заменици, така што тие се вкупно 36.
Во самоубиствените напади во Брисел, извршени од џихадистичката ќелија одговорна за нападите во Париз на 13 ноември 2015 година (130 загинати), загинаа 32 лица, а стотици беа ранети. Истиот е извршен на 22 март 2016 година на аеродромот и во метрото.
Ова беа најстрашните напади извршени во Белгија во историјата, а шест и пол години подоцна судењето ќе биде најголемото во историјата на таа земја. Исламска држава ја презеде одговорноста за нападите.
Салах Абдеслам, единствениот преживеан од нападите во Париз, беше уапсен во Моленбек, општина во регионот на Брисел. Инспекторите брзо заклучија дека истата група е одговорна за двата напади.
Шест од десетте обвинети веќе се осудени на затворски казни, од кои повеќето долги, за нападите во Париз. Судењето во Париз заврши во јуни. По формирањето на поротата, рочиштата почнуваат во понеделник.