Во болница во Детроит болните од коронавирус умираат по ходници , сестрите штрајкуваат (ВИДЕО)

Персоналот на болницата Синај-Грејс во Детроит за Си-Ен-Ен раскажа шокантна приказна за состојбата во која што работат со пациентите со коронавирус.

Болницата е толку преполна со пациенти што персоналот нема друг избор освен да става по четворица во една просторија, иако е вообичаено да нема повеќе од двајца. Поради недостаток на простор, пациентите лежат во ходниците, мешајќи се со луѓето кои штотуку дошле да побараат помош од некоја друга причина.

Сестрите раскажале дека виделе две лица како умираат на креветите во ходник и имало многу за кои едноставно никој не се грижи. Еден пациент починал затоа што едноставно никој немал време да дојде до него за да види дека нема пулс. Респираторот не бил вклучен, но никој не можел да го види, изјавиле за Си-Ен-Ен.

Поради неподносливата состојба, седум медицински сестри одбиваа да ја продолжат работата од саботата навечер се додека не се испрати „засилувања“ како медицински сестри од други болници.

Медицинската сестра што проговорила за овие проблеми веднаш била отпуштена од работа, а сега другите сестри во знак на солидарност не сакаат да продолжат со работа.

Мичиген е трета по големина американска држава по бројот на случаи на заболени со коронавирус. Пред помалку од еден месец, имало 300 од нив, а сега има повеќе од 20.000. Проблем за болницата Синај-Грејс е фактот што се наоѓа во близина на неколку старечки домови каде има се повеќе заразени и доаѓаат на помош.

„Немаме друг избор. Ние ги оставаме пациентите каде и да ги добиеме. Операционите сали, ходниците и сите простори што можеме да ги користиме. Не знаеме колку повеќе може да направиме. Луѓето се немоќни “, изјави директорот на болницата Брајан Тејлор.

Четворица анонимни вработени во Си-Ен-Ен изјавија дека може да ги слушнат звуците на респираторите во ходниците, но едноставно не можеле да ги добијат сите пациенти.

„Пациентите кои се во многу сериозна состојба и имаат видливи симптоми на коронавирус, дури и не се обидуваат да бидат реаниматирани, бидејќи тие се во лоша состојба и ризикот од инфекција е огромен“, велат тие.

„Болницата изгледа како воена зона. Пациентите се насекаде, опремата исто така. Има хаос, лекари и медицински сестри работат, машини се расипуваат. Застрашувачки е“, изјавил работник во брзата помош.


Премиера на претставата „Хенгинг Араунд“ во МНТ

Во Македонскиот народен театар  вечер од 20 часот премиерно ќе биде изведена  претставата „Хенгинг Араунд“ по текст на Љупчо Јованов, во режија и адаптација на Бојан Трифуновски.

МНТ соопшти дека дејството во претставата се случува во светот на бајките, а местото и времето се ирелевантни. Главните ликови во приказната 0 (Хенгинг) и 1 (Араунд) се изгубени во светот на бајките и не се знае како влегле во овој свет, но главна цел им е да се вратат во реалноста, во нивните топли огништа.

-Можеби се Дисмас и Гестас, но пред да ги распнат, можеби некако им избегале на Римјаните и продолжиле да го живеат својот динамичен живот, овојпат празен и лишен од средба со Спасителот. Можеби патем решиле да се смират, да создадат семејство со единствена цел, да умрат во длабока старост почитувани од пријателите и сакани и жалени од најблиските. Дали нивниот карактер, судбина, ги натерала повторно да си ја пробаат среќата и да започнат нова авантура, да влезат во нова приказна..., наведува Македонскиот народен театар.

Во претставата играат Сашко Коцев, Александар Михајловски, Стефан Спасов, Гораст Цветковски, Борче Начев, Ана Стојановска, Софиа Насевска-Трифуновска и Нела Павловска.

Велигденски концерт на „Танец“

Ансамблот „Танец“ вечер во Националната опера и балет ќе го одржи велигденскиот концерт „Велигден е, Ѓурѓовден е“.

Изведени ќе бидат видеоприказните „Ѓурѓе ле, Ѓурѓе, млад Ѓурѓе, да кој ти рече да дојдеш? Мене ми рече Велигден“, „Брале се, брале сватови“, „Велигден, море Велигден, в година пак да ни дојдиш“ и „Да исчистиме гревовите, да испадиме духовите“ и кореографските постановки „Ѓурѓовденка“, „Мариовска тресеница“ и „Свадба“.

„Танец“ премиерно ќе ја изведе и најнова кореографска постановка „У ливаду“ од 2023 година.

Во рамки на програмата ќе бидат емитувани тематски видеоинтермеца, за чија изработка се користени материјали од архивите на МРТ, Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје, Музеј на Македонија и Кинотека на РМ.

МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи

Министерството за образование и наука со допис ги известило училиштата дека двете среди (24 април и 8 мај) кога нема да работат поради одржување на изборите, треба да ги одработат во две саботи (18 мај и 1 јуни). 

МОН во дописот со вчерашен датум им укажало дека треба да се исполни одредбата од законот според која учебната година трае 180 наставни денови.

Покрај тоа, основните училиштата на Град Скопје се задолжени на 15 јуни (сабота) да го надоместат 30 ноември 2023 (четврток) кога не работеа поради одржувањето на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје. За оваа нивна обврска МОН во дописот се повикува на нацрт-записник од 199 седница на Владата одржана на 14 ноември минатата година кога 30 ноември бил определен за неработен ден за учениците од основните училишта во Град Скопје.

Министерството за образование и наука вчера за медиумите соопшти дека наставата од учебната 2023/2024 ќе се реализира во целост, како што предвидуваат плановите за организација на работата на основните и средните училишта и дека учебната година нема да биде продолжена, односно ќе заврши согласно утврдените календари – на 10 јуни за средношколците и на 17 јуни за основците, но не информираше дека неработните денови ќе бидат одработени во саботи.

-Иако гласањето во рамки на првиот и вториот изборен круг е закажано во работни денови, учениците нема да изгубат од наставата и да пропуштат дел од наставниот материјал, посочи МОН без да прецизира дека деновите ќе бидат надоместени како што за тоа ги известило училиштата.

Известувањето пратено до училиштата го објави и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) на нивната фејсбук-страница, со прашање: „Од кога неработните денови преку ноќ стануваат работни?“

- Министерот за образование веднаш да го повлече Известувањето до училиштата, со кое се задолжуваат да ги одработат „неработните" денови, прогласени од Владата, заради одржување на претстојните избори. Впрочем, и други учебни години завршувале и биле верифицирани од страна на министерот со помалку од 180 работни денови, како на пример учебната 2021/22 година, пишува во реакцијата на СОНК.

Со одлука на Владата од седницата пред три дена, заради непречено спроведување на првиот и вториот круг на Претседателските избори и на Парламентарните избори 2024, деновите 24 април и 8 мај ќе бидат неработни за сите граѓани на целата територија на државава, и тие нема да се одработуваат.

МОН вчера информираше дека во вторниците 23 април и 7 мај, т.е. деновите пред одржувањето на изборите во државава, наставата во училиштата ќе се реализира вообичаено согласно распоредот, а училиштата во кои утредента ќе се организира гласање ќе работат од 7 до 11 часот, со скратени наставни часови за сите одделенија односно класови.

Инаку, учениците оваа година првпат ќе имаат пролетен распуст кој ќе почне на 29 април и ќе трае заклучно со 6 мај.

притисни ентер