Во Битола корисници во домот за стари лица „Сју рајдер“ се тестираaт на Ковид-19, откако еден 86 годишен пациент е позитивен на вирусот

Во старскиот дом во Битола има вкупно 154 корисници и 34 вработени, од кои 8 се во домашна изолација

Од министеството за здравство за Канал 5 велат дека –пациентот бил  примен на 18.март  во старскиот дом, а една недела подоцна е примен во инфективното одделение на клиничката болница поради зголемена температура. На ден 04.април  во доцните  вечерни часови,добиена е потврда за позитивен тест за kovid 19. Земени се брисеви од пациентите од околните соби на катот  каде што било сместено ова лице, а персоналот кој бил на работа тој ден  е испратен на домашна изолација и се донесени други вработени по систем на ротација.

Дадени се препораки за темелно чистење  на објектот.

притисни ентер