Во Битола доделени наградите за локален волонтерски ангажман

По повод, 5 Декември - Меѓународниот ден на волонтерите, Советот за волонтерство на општина Битола, ја додели наградата за волонтерски ангажман во локалната заедница. 

Целта на доделувањето на оваа наградата е да се поттикне и промовира волонтерството во Битола, да се зголеми видливоста на волонтерите и позитивните волонтерски практики и да инспирира понатамошно унапредување и развој на волонтерството на локално ниво. Наградата е од големо значење за признавање на граѓанскиот ангажман во подобрување на животот во локалната заедница. Добитници на наградата оваа година се: Ферзије Асановска, Валентина Соколовска, Марија Бошковска, наградени како волонтери за 2022 година, потоа Здружението за заштита од повеќе аспекти-ВИКТОРИ од Битола, наградено како организатор за волонтерска работа за 2022 година и Наташа Дарков – волонтерски координатор за 2022 година.

Наградите ги додели градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој им се заблагодари за нивното досегашно дејствување, посакувајќи уште многу успешни волонтерски активности во следниот период, за кои општината, секогаш е подготвена да ја обезбеди неопходната поддршка.

Во прилог, детално образложение за секој од добитниците на наградата.

Ферзије Асановска - Волонтер за 2022 година

Ферзије е долгогодишен член на Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ и е вршител на една од најкомплицираните задачи на терен, односно таа е ромски образовен медијатор. Ферзије успева теренски да запише првачиња Роми, повратниците од странство повторно ги враќа во училиште, а отпишаните ученици ги мотивира и ги враќа без разлика на нивната надмината возраст да го продолжат своето образование. Во „Сумнал“ - здружението за развој на ромската заедница придонесува во Ромскиот здравствен образовен центар, со што ги мотивира младите Роми да го продолжат своето образование.

Таа е вклучена на други различни теми и проекти кои се однесуваат за инклузија на Ромите. Дел е и од акциската група „Ромактед“ којашто заедно со општината планираат и реализираат планови во врска со подобрувањето на состојбата на Ромското население во сите области. Ферзије е одговорна и посветена кон извршувањето на своите задачи и останува во градот да си ја гради својата кариера и да волонтира. Таа е личност која сака да учи, да се надоградува и сака своето знаење да го сподели со другите.

Здружението за заштита од повеќе аспекти-ВИКТОРИ од Битола - Организатор за волонтерска работа за 2022 година

Членовите на здружението „Виктори“, максимално се вложуваат во волонтерски акции и претставуваат пример за сите млади. Ретки се личностите кои на толкава возраст го даваат максималното од себе. Актовности кои се реализирале во изминатиов период:

· Две еколошки акции во Нов пазар.

· Донација на книги во Општина Новаци, с. Бистрица и во болницата ,,Д-р Трифун Пановски"

· О.У. со ресурсен центар ,,Кочо Рацин" - Битола донација за децата од тој центар (хигиенски работи, пакетчиња, школски прибор и занимливости).

· Еколошка акција во с. Дихово на ,,Капејнци", по повод Светскиот ден на водите.

· Организација на хуманитарен настан ,,Сите заедно во борба со канцерот", прв настан од поголем размер во државата во кој се вложивме волонтерски, без парични надоместоци на кој имаше присутни од цела држава. Сите финансиски средства кои беа собрани од поддржувачите на настанот беа пренаменети за перики кои се наменети за децата болни од канцер.

· Доделени прехранбени продукти во Заразното одделение на болницата ,,Д-р Трифун Пановски" Битола.

· Дадени прехранбени продукти на семејство во Баир.

· Донација во ,,Дневниот центар" под надлежност на МТСП.

Валентина Соколовска - Волонтер за 2022 година

Валентина, благосостојбата на животните ја става на прво место и пред самата себе. Таа е долгогодишен активист, волонтер и заштитник на бездомните животни на територијата на Битола. Валентина е добро позната во групите и здруженијата за заштита на бездомни животни, нејзиното несебично залагање не може да остане незабележано. Како волонтер, таа од сопствен џеб одделува средства за да покрие трошоци за стерилизации, кастрации, повреди, вакцини и лечење на бездомни животни. Од септемвери досега, Валентина покрена инцијатива за итна стерилизација на критични женски кучиња кои раѓаа по неколку пати годината. Благодарение на ангажманот на Валентина беа стерилизирани 17 кучиња! Валентина одговара на секој повик кога е потребна помош за некое животно и сето тоа го прави волонтерски, со љубов и без никаков финансиски интерес.

Марија Бошковска - Волонтер за 2022 година

Марија голем дел од нејзининото слободно време го посветува за поголемо внимание и грижа за бездомните животни кои не по нивна вина се наоѓаат на секој чекор низ нашиот град. Оваа битолчанка од преголема љубов на тајна локација има згрижено 78 бездомни кучиња. И покрај нејзините професионални обврски како вработена во „Флекс Кредит“, таа и за време на нејзината работа пронаоѓа начин да подари љубов која многу од нив и никогаш не ја почуствувале. За време на едно работно патување надвор од градот заедно со колешка собрале бездомно куче кое веднаш било згрижено од Марија, а сега тоа куче има нов живот во Англија. Со вдомувањето на бездомни кучиња Марија сфатила дека може да се добие и даде бесплатна љубов која за неа претставува духовно растење и исполнување. Оваа битолчанка е позната поради тоа што насекаде низ градот води грижа за кучињата скитници, овозможувајќи за нив вода и храна.

Наташа Дарков – Волонтерски координатор за 2022 година

Наташа е отворена личност, комуникативна, секогаш пријателски настроена и подготвена да помогне таму каде што треба. Волонтирањето е нејзиното второ име и како волонтер таа несебично и посветено има учествувано на многубројни настани, фестивали и манифестации во нашиот град. Но покрај што е волонтер, Наташа е волонтерски координатор, односно се залага сета таа љубов, знаење и искуство да го пренесе на младите волонтери. Наташа како волонтер била дел од многу активности вклучувајќи:

· Дел од активностите на фестивалот на кратки филмови “Balkan Beyond Boarders”

· Четири години со ред учествува на трката „Трчај бе“

· Дел од активностита на фестивалот „Браќа Манаки“

· Дел од активностита на фестивалот за Монодрама

· Центар за култура – Битола, Северна Македонија · Онлајн од Мај 2015 наваму

Наташа како волонтерски координатор ги мотивира младите да волонтираат и да придонесат нешто убаво за нашето општество, за нашите сограѓани, за нашиот град.

Секојдневна рутина на 80-годишна баба за порцелански тен (видео)

Една повозрасна дама од Кореја стана популарна на Интернет по својата блескава и свежа кожа, откако нејзината внука сподели видео со трикови за нега на кожата.

Брчките, старечките дамки и губењето на колагенот се природен дел од стареењето на кожата, но многу луѓе тешко го прифаќаат овој процес, обидувајќи се да најдат начини за да го задржат свежиот изглед на кожата што е можно подолго. 80-годишната Тошико Ето стана позната откако нејзината 36-годишна внука Јури Ли од Лос Анџелес објави видео на кое бабата се појавува со блескава кожа.

Нејзината внука тврди дека баба ѝ сето тоа го постигнала без ботокс и филери, а нејзините придружници беа љубопитни да слушнат како оваа баба го одржува својот младолик и свеж изглед.

Ли за локалните медиуми открила дека нејзината баба се грижи за својата кожа уште од својата 20-та година, што е потсетник за тоа дека нашата кожа ни возвраќа во позрелите години доколку сме ја негувале уште од раната младост, кога сè уште изгледала беспрекорно.

Бабата ја има својата секојдневна рутина за нега

Во изминатите 60 години, Ето следи дневна рутина за нега на кожата, користејќи некои производи на кои останала доследна со децении. Еден од нејзините вообичаени производи е лосионот за навлажнување, што таа го прска на лицето. Дерматолозите велат дека овој лосион содржи активна состојка дикалиум глициризинат, кој го изедначува тонот на кожата и помага во одржувањето на хијалуронската киселина, пренесува Business Insider.

Друг производ кој е незаменлив во секојдневната рутина за нега на кожата на oваа баба е серумот со витамин Ц, специјална есенција за избелување. Дерматолозите истакнуваат дека формата на витаминот Ц во овој производ помага да се поправат оштетувањата од УВ зраците, го поттикнуваат создавањето на колаген и помалку ја иритираат кожата. Витаминот Ц помага и при хиперпигментација и го изедначува тенот на кожата. Покрај тоа, г-ѓа Ето нанесува уште еден серум кој содржи транексамична киселина која го подобрува тенот. Оваа баба користи и хидратантна крема против брчки, како и подлога која содржи церамиди кои помагаат во обновување на кожната бариера. По миењето користи ноќна крема.

Не се изложува на сонце

Ли открила дека нејзината баба не излегува често надвор и дека ја штити кожата од сонцето. Од друга страна, за Business Insider, дерматологот д-р Тина Алстер изјави дека генетиката и заштитата од сонце се двата најважни фактори кои придонеле за младешкиот изглед на кожата на г-ѓа Ето.

Алстер изјавила дека секојдневната рутина за нега на кожата на оваа баба веројатно минимално придонела за нејзината кожа без брчки. Таа додала дека, на пример, ако витаминот Ц е со соодветна јачина и формулација, тој е најдобриот производ во нејзината програма.

Додатоци и протеини

Исто така, Ето 20 години секојдневно пиела протеински прав од соја и витамин Ц во прав измешани со екстракт од суви сливи. Освен тоа, таа додала дека и маслото од авокадо е исклучително заслужно за нејзиниот беспрекорен тен.

Истражувањата покажаа дека доволниот внес на протеини позитивно влијае на здравјето на кожата. Витаминот Ц помага да се заштити кожата од сонцето и е поврзан со намалување на брчките.

@yurileeeee She has literaly the most beautiful skin i’ve ever seen!! #grandma #grandmatiktok #beautifulskin #flawlessskin #skincarevideo #glassskin #skincarroutine ♬ Cartoon Eye Blinking Sound - Anna

Моќта на ферментираната храна

За корисниците на Тикток, оваа баба открила дека можеби храната што ја внесува е позаслужна за нејзината кожа отколку гелот против брчки. Таа изјавила дека има обилен појадок и дека оброците најчесто ги приготвува дома. На нејзината трпеза доминира зеленчукот и ферментираната храна, вклучувајќи ја и традиционалната јапонска кујна која вклучува ферментирана соја.

Ферментираната храна, според експертите, е поврзана со здравјето на цревата, кое пак е поврзани со здравјето на кожата. Иако сите овие фактори се важни за убава кожа, генетиката и заштитата од сонце играат најголема улога, тврдат експертите.

Извор: srecna.republika.rs

Полицајци добиле повик на гробишта- таму затекнале жена, која ги „замрзнала“ (ВИДЕО)

Гратчето Лулес, во аргентинската провинција Тукуман, го „потресе“ необичен настан кој е снимен пред неколку дена.

Полициската патрола добила дојава дека „непознато лице ноќе се шета во близина на гробиштата“, па решиле да проверат за што се работи. Видеото од интервенцијата се појави на мрежите и започна дебата за постоењето на паранормалниот свет.

Кога пристигнале на гробиштата, полицајците затекнале непозната жена со долга црна коса како бесцелно одела, облечена во „излитена“ облека.

„Таа не сакаше да комуницира со нашите полицајци. Испушташе чудни звуци и во еден момент клекна пред нив“, соопштија властите.

Жената продолжила да си зборува, а потоа почнала да вреска. Таа потоа тргнала во правец на локалниот каменолом, пишува Мендоза пост.

Медиумите објавија дека полицијата на крајот успеала да воспостави комуникација со жената која наводно рекла дека „го бара синот“.

Локалните власти остануваат цврсто затворени за информаци додека не заврши истрагата. Во исто време, локалните гробишта во Лулес се најдоа во центарот на вниманието на корисниците на социјалните мрежи.

Како што можете да замислите мислењата се поделени.

Додека некои веруваат дека се работи за дух, или некаков вид привидение, други се прашуваат од кога духовите имаат сенка и заклучуваат дека на жената ѝ е потребна медицинска или психијатриска помош.

Тамара починала додека 12 часа чекала доктор да ја прегледа во Итната помош во Британија

Тамара Дејвис (31) починала откако 12 часа била оставена во инвалидска количка во болницата во Сасекс во Велика Британија каде таа и нејзиното семејство биле сведоци на сцени „налик на војна“.

Семејството жената која починала откако поминала 12 часа на болничка количка рече дека одделението изгледало како „сцена од воена зона“. Тврдат дека 30 пациенти со видливи повреди лежеле на носилки и во ходниците.

„Таму беше апсолутен масакр. Беше како медицинска воена зона. Имаше 30 луѓе на колички кои чекаа соодветен третман и повеќе луѓе на подот и седиштата. Беше тотален хаос“, рече мајката на Тамара.

Вечерта на 10 декември 2022 година, Тамара Дејвис била однесена со автомобил во болницата во округот Сасекс откако се пожалила на тешкотии со дишењето.

На рочиштето на истражниот суд во Брајтон Сити беше кажано дека нејзиниот партнер, Рафаел Ифил, направил пет очајнички повици на 999 за да се обиде да добие брза помош. Кога тие не одговориле, тој го натерал својот брат да ја вози Тамара до болницата во округот Сасекс.

"Раф не можеше да добие брза помош. Помина два часа обидувајќи се да добие. Пет пати се јави и не ги доби", додала мајката.

Веднаш била испратена во област каде ѝ дале кислород пред да ја однесат до ходникот каде што чекала повеќе од 10 часа. Нејзината уништена помлада сестра Мија (25), која веднаш дошла во болница за да биде со неа, рече дека персоналот едноставно заборавил на нејзината сестра.

„Требаше да се грижат за неа, но едноставно заборавија на неа и таа остана свиткана во количка во ходникот. Се чувствувавме беспомошни. Беше лудо. Тие ѝ дадоа антибиотици, но потоа не успеаја да ѝ дадат уште една доза, иако тоа го напишаа во нејзините белешки. Подоцна беше пречкртано, но нема објаснување зошто и нема иницијали до пречкртаниот запис. Се чинеше дека имало моменти кога сестра ми ја третирале како товар. Ниту една медицинска сестра, лекар или вратар не ја погледна“, рече Мија.

Состојбата на Тамара продолжила да се влошува и на крајот била примена на интензивна нега каде што била ставена на респиратор, но починала три дена подоцна на 13 декември поради сепса и нејзините органи постепено откажуваа.

Со скршено срце изјави дека Тамара „колабрирала“ во болница и починала по „одвратното“ лекување во болницата Сасекс. Велат дека нејзината смрт можела да биде спречена доколку добиела соодветна нега во Итната помош и дека не успеале да ја лекуваат во болница.

„Никогаш не сум почувствувала како ми се крши срцето како кога ми рекоа дека сестра ми нема да се опорави. Тоа беше како последователна мисла. Таа беше оставена, речиси заборавена. Третманот со сестра ми беше ужасен. Никој не дојде да провери. Никој не застана да праша дали имаме сè што ни е потребно или дали ѝ е удобно. Срцето ми се крши кога знам дека нејзината смрт можеше да се спречи ако ја добиеше грижата и вниманието што ѝ требаше.“

Смртта ќе биде предмет на целосна истрага откако Џоан Ендрјус, судски вештак за Западен Сасекс, Брајтон и Хов, рече дека има причина да се сомнева дека нејзината смрт е „неприродна“.

По краткото сослушување, семејството рече дека сака објаснување зошто лекарите „не“ и пружиле соодветна грижа.

"Сакам одговори. Апсолутно е одвратно што не успеаја да се грижат за неа како што треба. Поразително е да се знае дека ако ја завршеа својата работа, таа ќе беше тука", рекла мајката.

„Разговаравме директно со семејството на Тамара за да изразиме сочувство“, рече д-р Енди Хипс, главен оперативен директор во Универзитетските болници Сасекс NHS Foundation Trust.

„Не можам јавно да зборувам за грижата за Тамара, но генерално кажано, нема сомнеж дека нашиот персонал понекогаш мора да работи под голем притисок, во тешки околности, но тие секогаш ќе дадат сѐ од себе за да обезбедат грижа, сочувство и достоинство на своите пациенти. “ додаде докторот.

Истрагата ќе продолжи и прелиминарниот датум со последните информации е 28 јуни.

притисни ентер