Во Австралија најсмртоносен ден од почетокот на пандемијата

Во Австралија денеска се регистрирани вкупно 77 смртни случаи, што го надминува претходниот национален максимум од 57 смртни случаи регистрирани минатиот четврток, покажаа официјалните податоци.

Австралија денеска се соочи со најсмртоносниот ден од избувнувањето на пандемијата на коронавирус, бидејќи ширењето на сојот Омикрон продолжи да ги зголемува стапките на хоспитализација на рекордно ниво, и покрај падот на дневниот број нови инфекции.

Во Австралија денеска се регистрирани вкупно 77 смртни случаи, што го надминува претходниот национален максимум од 57 смртни случаи регистрирани минатиот четврток, покажаа официјалните податоци.

„Денеска е многу тежок ден за нашата земја", рече премиерот на Нов Јужен Велс, Доминик Перот на прес-конференција откако австралиската држава објави 36 смртни случаи, што е ново високо ниво од почетокот на пандемијата.

Само четворица од починатите од Ковид во таа држава примиле бустер доза од вакцината против коронавирус, поради што здравствените власти апелираат до граѓаните што поскоро да добијат дополнителна доза.

Од оние кои починале во Нов Јужен Велс, 33 примиле две дози од вакцината.

Во услови на зголемен број хоспитализации, државата Викторија денеска прогласи „кафеав код" во болниците, што ќе им даде овластување да ги откажат здравствените услуги кои не се итни.

Државата Квинсленд објави дека ниту еден од денешните 16 смртни случаи во таа држава не добил дополнителна доза од вакцината.

Во Австралија денеска беа пријавени околу 73.000 нови инфекции, што е помалку од 150.000 минатиот четврток.

Австралија досега има пријавено околу 1,6 милиони инфекции со коронавирус од почетокот на пандемијата, од кои околу 1,3 милиони се регистрирани во последните две недели.

Вкупниот број на починати достигна 2.776.

Општина Аеродром: Еднократна парична помош за првачиња

Општина Аеродром и оваа година доделува еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 3.500 денари, за што се издвоени 3.100.000 денари од буџетот.

Родителите на првачињата запишани во едно од училиштата на територијата на Општината можат да поднесат барање за еднократната парична помош до архивата на Општина Аеродром од денеска до 30.9.2022 година. Образецот може да се подигне на линкот: http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.

Во прилог на барањето е потребно да се достават следниве документи:

1. Потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2022/2023 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром;

2. Фотокопија од извод од матичната книга на родените (за првачето);

3. Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на еден од родителите, од која се видни податоците за живеалиштето во Општина Аеродром;

4. Фотокопија од активна трансакциска сметка на истиот родител (даночен обврзник) од кој е приложена копија од личната карта или патната исправа.

Општина Аеродром

Вицегувернерката Митреска: Се очекува стабилизирање на глобалните цени на храната и енергентите

Шокот што го предизвика војната во Украина врз цените на примарните производи на светските берзи придонесе за поголема нагорна корекција на стапката на инфлацијата и кај нас.

Aко очекувавме раст на цените на нафтата од 4% во октомври, сега очекувањата за оваа година се околу 50%, кај храната се очекуваше главно стагнација, а сега двоцифрен раст, посочува вицегувернерката на Народната банка,Ана Митреска , во интервју за „Утрински брифинг".

Вицегувернерката, сепак, истакнува дека по глобалниот раст, меѓународните институции очекуваат стабилизирање на цените на енергентите и на храната, односно на увезената инфлација, а најверојатно надолен притисок врз цените ќе предизвика и промената во однесувањето на потрошувачите. Согласно со овие очекувања, се предвидува стабилизирање на инфлацијата на околу 3% следната година.

Во однос на покачувањето на проекцијата за стапката на инфлација за годинава во априлските проекции на Народната банка, вицегувернерката истакна дека ова е глобален тренд, како и дека истите заеднички фактори влијаат врз циклусот на инфлација кај сите земји.

„Речиси и нема земја во којашто нема раст на инфлацијата. Десет проценти во просек е инфлацијата во регионот за март, околу 11% во април, а има земји коишто се значително над просекот. Има заеднички фактори коишто влијаат врз циклусот на инфлацијата во сите земји во светот, особено во Европа. Минатата година тоа беа ефектите од пандемијата, забавените синџири на снабдување, растот на трошоците за транспорт, нарушените синџири, поточно несовпаѓањето на понудата и побарувачката. На ова се надоврза растот на цените на енергентите, особено на струјата, кон крајот на минатата година, како резултат на агендата за зелена транзиција, а потоа овие проблеми се продлабочија уште повеќе со руско-украинскиот конфликт, што неминовно доведе до подигнување нa ценовното ниво кај сите овие производи. Ова се глобални заеднички фактори, коишто влијаат врз инфлацијата", вели вицегувернерката Митреска.

Вицегувернерката истакнува дека ако се анализира нашата просечна инфлација во април од 8,4%, половината е резултат на растот на цените на храната.

„Домашните цени на храната се врзани во голема мера со увозните цени и директно преку готовите производи, но и преку растот на цените на трошоците за суровини, енергенти. Домашните производни цени на храната, исто така, растат под влијание на глобалните фактори, растот на цените на суровините и на енергентите. Дваесетина проценти од растот се должи на енергентите и таму речиси во целост имаме увезена компонента. Базичната инфлација исто така забрза, меѓутоа ако ја погледнете нејзината структура, голем дел од тоа забрзување е резултат на увезени притисоци. Растат цените на суровините, растат цените на храната, на енергентите и се пренесуваат врз останатите цени. Општо земено, најголемиот дел од ова што се случува со инфлацијата кај нас се увезени движења. Ние во централната банка се разбира не ги темелиме овие заклучоци само врз следење на движењата. Има навистина ригорозна аналитика, којашто ги потврдува овие фактори и извори на раст на инфлацијата, констатирајќи дека притисокот од домашната побарувачка засега е мал", посочи вицегувернерката Митреска.

Бислимовски: Загубите на вода до 60 отсто, да се објасни за што се троши секој денар

Загубите на вода до 60 отсто, да се објасни за што се троши секој денар и колкави се инвестициите во комуналните претпријатија.

Последните податоци покажуваат дека немаме однос кон водата како природен ресурс и загубите на национално ниво достигнуваат до 60 отсто поради лошата инфраструктура и поради отсуство на инвестиции на јавните претпријатија. Секој пат кога се определува опсег на тарифа, советите на општините најчесто ја одбираат тарифата во чија структура степенот на инвестиции е на најниско ниво и подразбира базично одржување на мрежата, рече претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски кој заедно со колегите од регионот и ЕУ потпиша Меморандум за соработка во областа на водните услуги.

Ова, оцени Бислимовски, е проблем со кој се соочуваат сите во регионот.

-Неопходно е да се објасни секој денар за што се троши и колку инвестиции се реализираат во комуналните претпријатија, подвлече претседателот на РКЕ.

Меморандумот беше потпишан во Тирана од страна на регулаторните комисии за енергетика на Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора, како и Асоцијацијата на регулаторни тела на Европа за водни услуги (WAREG). Целта е заеднички изнаоѓање решенија за менаџирање на водните услуги.

Како што информира РКЕ, регулаторите се обврзаа и преку заедничка соработка да ја усогласат домашната регулатива со законите на ЕУ.

-Документот е резултат на досегашните заеднички билатерални програми за соработка во рамки на WAREG за зајакнување на институционалните капацитети на регионално ниво. Делиме исти предизвици, а клучен постулат во нашата работа е на сите потрошувачи да им се обезбеди правото на вода, која треба да е високо квалитетна и достапна по тарифа која ќе гарантира и инвестиции во мрежата со цел да се намалат загубите, нагласи Бислимоски, додавајќи дека оваа фаза од процесот на реформи во секторот води во земјите од регионот е неизбежна и од голема важност за доверливи, одржливи и економични системи за регулација на водните услуги.

притисни ентер