Во американскиот Сенат почна сослушувањето на кандидатите за министри во кабинетот на Бајден

Американскиот Сенат започнал со сослушување на кандидатите за министерски места во владата на новиот претседател Џо Бајден.

Џенет Јелен, поранешната шефица на Федералните резерви, потврдена за иден министер за финансии е меѓу првите што се појавила пред Комитетот на Сенатот, оној за финансии.

Ентони Блинкен, изборот на Бајден за државен секретар, ќе одговора на прашањата на комитетот за надворешни работи и Лојд Остин како потенцијален министер за одбрана пред воениот комитет.

Комитетот за разузнавање ќе го испита Аврил Хаинс, кој треба да ја преземе националната агенција за разузнавање, а Алехандро Мајоркас треба да стане нов министер за домашна безбедност.

Комитетите ги испитуваат кандидатите, но тие се потврдени од Сенатот со гласовите на сите пратеници, во согласност со американскиот Устав.

Скопјанец обвинет за кражба на паричник

 Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против 36-годишен скопјанец за сторено кривично дело „кражба".

Обвинетиот вчера, на автобуска станица на булеварот „Крсте Мисирков", одзел паричник од ташна на женско лице. Во паричникот имало пари, документи, картички и други предмети, во вкупна вредност од 8.870 денари.

-Бидејќи во конкретниот случај постои опасност од бегство на обвинетиот кој и претходно е осудуван за истородни кривични дела, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и посебен предлог за определување мерка притвор, со цел да се обезбеди непречено одвивање на кривичната постапка против обвинетото лице.​, наведува ЈО.

Пристигна договорот со Фајзер, првите количини на крајот на месецов

 Првите вакцини од Фајзер стигнуваат во првиот квартал односно до крајот на март, според договорот со компанијата. 

Преку сите постојни механизми, направено е се што е неопходно и договорени се вкупни количини до 2,5 милиони вакцини, изјави денеска премиерот Зоран Заев кој присуствуваше на почетокот на изградбта на далекуводот Штип – Овче Поле.

-Договорот од Фајзер стигна, во првиот квартал, тоа значи дека до крајот од март ќе ги добиеме првите 21.000 вакцини. Веќе имаме во вториот квартал поголеми количини. Не се работи за несериозност, заради тоа што единствена причини е недосттатокот на производство во делот на количини на вакцини за која било вакцина. Тоа е проблемот. Ние сме мала земја, сакам да го осигурам и му гарантирам на нашиот народ дека како Влада, како Министерство за здравство имаме направено повеќе од тоа што е доволно имајќи предвид дека ќе треба еден милион народ од прилика да се вакцинира за да ја постигнеме имунизацијата, за која би било потребно да има два милиона вакцини. Ние ако ги броите 800.000 Фајзер, 833.000 преку КОВАКС механизмот, 400.000 од Кина, 200.000 имаме нарачано од Русија, имаме дополнително од ЕУ согасно грантот од 70 милиони, донациите кои што дополнително ги најавија сите соседи стигаме до 2,5 милиони. Значи сме направиле исчекор повеќе за да ги фатиме сите механизми, сите алатки, да направиме договори, преддоговори, некаде дури и анекс да платиме се со конечна цел да преземе се што е неопходно. Јас верувам, како што реков пред некој ден, денови се во прашање, рече Заев на новинарско прашање во Штип.

Тој порача дека сите треба да се вакцинираат во државата, да се следат упатствата на МЗ, на Комисијата за заразни болести, на сите експерти затоа што вели, само на тој начин ќе ја совладаме пандемијата на Ковид – 19.

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 464 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 464 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 24 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 39 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 13 пациенти, во Велес се лекуваат 26 болни, а во Куманово 77 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 56 пациенти, во Прилеп 78, во ковид центарот во Гостивар 14, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 32 пациент, во Кочани 7 во Кичево 6, Кавадарци 52, во Гевгелија 9 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 787 и има околу 350 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Министерство за здравство

притисни ентер