Во американскиот град Бостон само во три болници има над 100 заразени доктори

Пријавени се 101 лекари заразени со коронавирус во само три болници во Бостон.

Веста беше соопштена од Си-Ен-Ен, која обезбеди информации од медицинскиот центар во Бостон, женската болница во Бригам и општата болница Масачусетс, кои се најголемите болници во регионот.

Ова е дополнителен проблем за американските болници, кои се борат со зголемувањето на бројот на заразени лица во САД, со повеќе од 70.000 заразени . Заштитна опрема и болнички кревети недостасуваат скоро во сите држави, а околу 100.000 кревети недостасуваат само во државата Њујорк.

Њујорк и Калифорнија, најранливите држави, исто така, добија помош од армијата што испрати по еден болнички брод во секоја од овие држави. Едниот ќе пристигне во Лос Анџелес, а другиот во Њујорк.

притисни ентер