Во 9 општини во Пелагонија се зголемува бројот на проекти со обновливи извори на енергија

Во деветте општини од пелагонискиот регион се  зголемуваат проектите за обвновливи енергетски извори.

Локалните власти инсистираа бројот на фото волтаични системи да се зголеми особено на објекти со поголеми кровни површини.

Само минатата година за еко заштита потрошени се над 40 милиони денари. Од нив близу 3 милиони и 500 денари за два современи системи на покривот на Прилепскиот Градски пазар и Дневниот центарот за церебрална парализа,тврдат од Центарот за развој на пелагонискиот плански регион.

Производството на електрична енергија е техничка еко и економска придобивка. Колку што се зголемува интересот за поставување на овие системи толку повеќе се намалува цената на фото волтаичните панели. Инвестицијата велат од владата се враќа од 5 до 7 години.Може и побрзо ако поскоро се донесе закон кој ќе го регулира плаќањето на произведената електрична енергија од индивидуалните системи.

Покрај либерализацијата потребно е да се стимулира пристапот и иницијативата за поставување на поединечните фото волтаични системи, познавачите на приликите тврдат дека за брзо 30 отсто од потребите од електрична енергија во Пелагонија ќе бидат произведени од овие системи. Загадувањето на воздухот многу големо особено што пресметките покажуваат 56 килограми со 2 помалку во Прилеп само со два системи.

Ангеловска: Над 187.000 домашни платежни картички се активни, 11 милиони евра досега вбризгани во стопанството преку граѓаните

Преку 187.000 домашни платежни картички се веќе активни и граѓаните со нив веќе направиле над 660.000 трансакции и потрошиле 10,7 милиони евра за домашни производи и услуги, вели во својата Фејсбук објава министерката за финансии Нина Ангеловска.

– Заклучно 8 јули имаме 187.768 активни домашни платежни картички. За три недели околу 11 милиони евра се вбризгани во економијата преку зголемената потрошувачка од граѓаните со домашната платежна картичка и со тоа се поддржуваат македонските производи и услуги, се поддржуваат граѓаните и се поттикнува економската активност. Исто така, расте и безготовинското плаќање, а со тоа се влијае и на намалување на сивата економија, пишува Ангеловска.

Ангеловска посочува дека согласно податоците кои ги добиле од дел од банките, со картичките најмногу се пазари во супермакетите, односно преку 90 отсто од транскациите се таму.

Ангеловска наведува дека во тек е втората фаза на разгледување на приговорите од граѓаните кои не добиле картички, а сметаат дека треба да бидат корисници.

– Дел од граѓаните досега добија одговори, па и картички за уважените приговори, а дел од граѓаните допрва ќе добијат, вели Ангеловска во објавата.

МОСТ ќе ги следи изборите со близу 900 набљудувачи

Граѓанската асоцијација мост, ќе ги следи предвремените парламентарни избори со близу 900 набљудувачи на 696 гласачки места избрани според случаен и репрезентативен примерок.

Ќе бидат распоредени и исто толку набљудувачи со што ќе бидат покриени 20 проценти од вкупниот број на избирачки места на територијата на целата држава..

Чаир и Гази Баба со најмногу активни случаи на КОВИД 19

Чаир останува општина со најголем број активни случаи и во изминатите 24 часа, покажуваат податоците што денеска ги објави Министерството за здравство. 

Во оваа општина се регистрирани 323 активни случаи.

Двеста активни случаи има и во Гази Баба, а над 150 случаи се евидентирани и во Аеродром, Бутел, Центар и Карпош. Во Аеродром има 162 активни случаи, во Карпош 147, а по 146 активни случаи имаат Бутел и Центар.

Во Сарај се евидентирани 128 случаи, во Студеничани 116, во Кисела Вода 108, во Ѓорче Петров 107, во Шуто Оризари 86, во Арачиново 45, Илинден 31, Петровец 17, Чучер Сандево 16, Зелениково 13 и Сопиште 8.

Регистрирани се пет странски државјани како активни случаи, како и 67 лица за кои што не се знае од каде потекнуваат.

притисни ентер