ВМРО-ДПМНЕ: Заев води кампања сред пандемија на смртносен вирус, СДСМ во паника од пораз креира лажни вести, местенки и поткуп!

ВМРО-ДПМНЕ со факти на денот.

Факти кои го одбележаа денот:

1. Мерките на СДСМ не даваат резултати, стопанството и економијата на дното, а Заев троши државни пари на избори и поткуп.

2.Параполициските структури на СДСМ го следат раководството на ВМРО-ДПМНЕ и нивните семејства мотивирани од политички причини, страв и паника од пораз.

3.Македонија со најцрна статистика во справување со корона кризата во регионот,СДСМ и Филипче доживееја фијаско во справување со пандемијата.

4.СДСМ и Зоран Заев исплашени од поразот кој им следува, вршат поткуп на граѓани во Струмица и прекршуваат мерки за заштита.

5.Заев и владата на СДСМ се скараа со сите соседи, по Грција, Бугарија и Србија денес нов пораз и од Албанија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Британските туристи дивеат во Шпанија, нема корона заштита и полиција (ВИДЕО)

Иако ги поканија Британците да дојдат кај нив на одмор затоа што се безбедна дестинација, откако се рашири снимката од одморалиштето Магалуф на социјалните мрежи, многу Шпанци се покајаа.

Социјалното растојание и карантинот би можеле да бидат залудни ако туристите продолжат да се забавуваат како на снимките објавени на социјалните мрежи.

Снимките на пијани британски туристи кои скокаат по автомобили и танцуваа се појавија на Твитер. Еден добар дел од шпанското население сè уште се придржува кон правилата на социјална дистанца, а фактот што Британците го прават токму спротивното, ги налути.

„Во Пунта Балена има тотален хаос. Стотици кучкини синови од Велика Британија“, може да се прочита на социјалните медиуми.

"Без маски, скокаат по автомобили и пијат на улиците. Ова е катастрофа. Каде е полицијата, срамота", се лутат Шпанците.

„Делови од Шпанија се ставени во карантин, постарите жители се затворени во своите домови, сите ние носиме маски надвор, а во Магалуф Британците прават што сакаат. Срамно“, се коментира на Твитер.

Во полиција биле пријавени најмалку 60 нелегални забави, а имало судири меѓу локалното население и туристите. Паричните казни за организирање на вакви забави сега изнесуваат 600.000 евра.

Но, Британците не се единствените. Германскиот министер за здравство Јенс Шпан го осуди однесувањето на неговите граѓани на Мајорка.

Ердоган и Трамп договориле соработка во Либија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп се согласија во телефонски разговор да соработуваат во Либија.

Тие веруваат дека тоа ќе обезбеди трајна стабилност во земјата, објави денеска турското претседателство.

Турција ја поддржува меѓународно признатата влада на националниот договор во Либија, кој се бори против источната либиска национална армија, која ја поддржуваат Обединетите Арапски Емирати, Египет и Русија, јави Ројтерс.

Анкара претходно објави дека Соединетите држави мора да играат поактивна улога во Либија.

Трамп и Ердоган разговарале и за билатералните односи и постигнувањето трговска размена во вредност од планираните 100 милијарди долари, објави турското претседателство.

Меркел и Санчез на финални договори за 750 милијарди евра помош за ЕУ

Ангела Меркел сака брзо решение за корона пакетот на ЕУ, но верува дека одредени позиции на земјите-членки се сè уште далеку, што беше најавено пред средбата меѓу германската канцеларка и шпанскиот премиер Педро Санчез во Берлин.

„Постојат различни перцепции на земјите членки за конечното решение, но германската делегација патува за Брисел со солидна подготвеност за компромис“, рече Меркел пред состанокот со шпанскиот премиер Санчез.

Таа рече дека поради тоа, сè уште не може со сигурност да каже дали ќе се постигне компромис на оваа средба.

Оваа средба треба, меѓу другото, да ги подготви темелите за самитот на ЕУ оваа недела, на кој што треба да се најде компромисно решение на предлогот на Европската комисија за фонд за помош во надминување на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус.

Шпанскиот премиер апелира до претседателите на земјите членки на ЕУ да постигнат договор за пакетот за помош оваа недела.

„Ако го одложиме договорот, ќе ја одложиме и реконструкцијата. И ако ја одложиме реконструкцијата, кризата ќе се продлабочи уште повеќе“, рече Санчез, додавајќи дека мора да се постигне договор „уште во јули“.

„Шпанија ќе стори сé за да постигне договор оваа недела на самитот во Брисел“, рече Санчез во Берлин.

Тој е свесен дека позициите сè уште се оддалечени, но дека е важно да се постигне договор и за долгорочниот буџет на Европската унија и за пакетот за корона, затоа што, како што рече, „овие две работи се поврзани“.

Канцеларката Меркел, која претседава со Советот на Европската унија од почетокот на месецот, вчера се сретна во Берлин со италијанскиот премиер Џузепе Конте, кој исто така инсистира на договор за помош што е можно поскоро.

Планот предвидува вкупно 750 милијарди евра помош, од кои 500 милијарди би биле исплатени во форма на пакети за неповратна помош и 250 во форма на заеми. На ова решение најмногу се спротивставува т.н. скромен квартет составен од Австрија, Данска, Холандија и Шведска.

Минатата недела, Меркел разговараше и со холандскиот премиер Марк Руте, кој денес повторно изрази скептицизам за брз договор за пакетот помош за корона кризата. Холандија е застапник на построги услови под кои би се исплаќала директна финансиска помош.

притисни ентер